Не гледав против Шпанија, само резултатот видов и се разочарав, ама од кажување после тоа сфатив дека супер сме изиграле.
Денеска прво полувреме бевме очај, многу лош перформанс. Не преземавме ништо, не комбиниравме воопшто во нивната половина, изгледавме како колектив кој првпат игра заедно на теренот. Србите не беа ништо посебно, ние едноставно бевме преслаби. Голот што го примивме што да кажам, без разлика што беше офсајд, едноставно аматерска реакција
Овој дечково Барди го забележав и во квалификациите, ми се допаѓа тоа што има изграден шут, како некој искусен фудбалер. Мислам се примеќа многу кога некое дете ќе шутне, во истиот нема ниту сила, ниту прецизност или максимум едното од двете, додека кај Барди воопшто не се осеќа тоа. Пеналот го изведе маестрално, дури и слободните удари му беа одлични. Оној во второто полувреме кој го одбрани голманот под пречката беше маестрален удар од техничка гледна точка, само што заврши директно каде што стоеше голманот. Сепак забележете како, со кој дел од копачката удира по топката, доби страшно движење прво нагоре, за потоа веднаш да се спушти на потребната висина. Со таков удар не може да се пофалат ниту многу поквалитетни и платени фудбалери.
Играта генерално во второто беше добра, иако ми стои дека можеме и подобро. Се ми стои дека денеска Србија беше многу слаба, ништо не покажаа, освен повремени шанси пред се од прекин. Вториот гол ни беше

, капа долу за дечкото што го даде. Изработен шут, технички поткован и прецизен. Браво дефинитивно. Голот што го примивме за 2-2, па и стативата за 3-2 што ја имаа е само потсетник зошто во спортот едноставно не не бива, бидејќи психолошкиот аспект ни е катастрофа, стравот и збунетоста преовладуваат секогаш.
Лично јас сум задоволен, ова е голем успех за нашиот фудбал. Како прво првенството е "кратко" и настапуваат само 12 репрезентации, чест е за нас да бидеме дел од ова. Постигнавме два гола, освоивме бод на европско првенство, тоа се работи кои ќе се запишат. Имаа фудбалерите должност да покажат дека не се случајно овде дојдени и мислам дека мора да забележиме дека оваа репрезентација, овој состав, има квалитет кој отскокнува доста во споредба со било кој фудбалски македонски колектив барем во претодните 8-9 години кога го допревме дното во фудбалот, особено од 2009, 2010 навака.