ЕП (U-21) 2017 - Група Б

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Алексовски не знае каде се наоѓа. Иако фати еден зицер, имам чувство ко да се плаши на моменти и овој гол оди на негова душа. И со Шпанија исто се усра, курац... без сигурен голман се е џабе.

Реално одбраната ни е срање. Штопериве играат катастрофално двете утакмици. Бековите и тие у голем дел од мечот се лоши.

Двајца играчи кои се на ниво двата меча е дуото у средниот ред Боби и Барди.

Мислам дека ако некој од нашиве „упали“ кај скаутите, тоа се овие двајца, сигурно ќе загризаат екипи за нив после првенствово. Елмаз исто ама тој е уште многу млад, исто и Ѓоргев. Овие двајца се веќе готови играчи и спремни се за префрлање у сениори.

Марковски и Радевски се убер фејл на првенствово. Двајцата не можат да се носат со противничките бекови. Паѓаат, не можат да ги издриблаат, не можат да се заградат.

Сер Боби одлично ги погоди измените, а и општо втора утакмица по ред добра му беше тактиката, штета што нашиве у мечов влегоа ко попарени...
 
Да, башка рачунај дека победа на ЕП ќе носеше многу поени за рејтингот на репрезентацијата (оти овие се бодуваат мислам дупло од квалификациските), така да по овие квалификации и со победа да извадевме на првенствово, идната ждрепка минимум во трет барабан ќе бевме, евентуално втор (ако следнава добро пројде, а имам верба во нив).
Само не знам колку играчи има од тимов што ќе може да играат следниот квалификациски циклус. Немаме некоја страшна група, дури и послаба е од претходнава, но појма неам колку години имаат овие што играат сега. :D
 
Само не знам колку играчи има од тимов што ќе може да играат следниот квалификациски циклус. Немаме некоја страшна група, дури и послаба е од претходнава, но појма неам колку години имаат овие што играат сега. :D
Идната генерација ова ни е тимот:
Голман Илиќ (или може некој друг ако се ископа, ова ни е најслаба позиција)
Одбрана: LB: Симовски/Аломеровиќ, CB Амановиќ, CB Чешмеџиев, RB Попзлатанов
Среден ред: DM Јевтоски/Здравковски, DM Тотре, LW Ѓорѓев, AM Елмас, RW Петковски/Костадинов
Напад: CF Ремзифаик Селмани или Дориан Бабунски (ако конечно почне да игра).

Овие болдираните се моментално во Полска али во главно само на клупа
 
Добро е што живнаа во второ и го поправија впечатокот, иначе ќе следеше поплава од плукање по нетов :D Скроз изгубени во прво полувреме, никаква игра, 2 паса не можеа да сврзат. Во второ Елмас многу работи смени, и Ѓорѓев далеку покорисен од Аврамовски, мада не знам зошто се гушеше Аврамовски како шпиц, наместо и он да игра крило. Кондициски нашиве беа доста слаби, тука пак ќе го искритикувам Боби, ги прегоре со Шпанија, и денес на почеток слично, без потреба пробува некој висок пресинг, знаеш дека не можеме такво ниво да издржиме, која е потребата да се брка по голман и задњи нивни играчи во секоја ситуација, да не збориме што лесно испаѓаа во такви ситуации, со Шпанија така и го примивме првиот гол. Требаше да го темпираат пресингот и темпото подобро. И пак, уште една критика за Боби Милевски. Искрено, ако он не донесе на европсково, он и го усра, бар јас таков впечаток имам. Како да се уплаши после пласманот да направи некоја промена, иако очигледно беше потребна, па го изостави Тошевски, а и денес, и во саботата ќе ни дојдеше одлично. Ѓорѓев требаше да биде стартер на крило и денес и со Шпанија, не знам што изиграваше со Аврамовски како лажна деветка.. Секоја чест за Демири, преодна оценка за 2те утакмици, добар во одбрана, знае што прави со топка, многу мерак ми направи утакмициве. Бабунски денес потфрли, па ради тоа и пропадна средината, ниту Николов ниту Барди не се креативци, добро што го внесе Елмас во второ. И за крај, многу се плука по штоперите, мада мој впечаток е дека на моменти премногу простор остануваше во средината, па јас ќе кажам дека и средниот ред малце потфрли дефанзивно, и ради тоа штоперите делуваа слаби, мада Зајков делуваше на моменти лошо и испаничено, исто и Мурати. Игор Алексовски па на гол, скроз изгубен у простор, никаков осет и позиционирање, стварно има добри рефлекси, знае да одбрани чуда, ама секој центаршут и висока топка е тресење. Штета, ја имавме победата во раце, иако пласманот понатаму уште од старт беше скоро недостижен.
 
Немаме крила, цело време форсираат од средина каде што е најгусто.
 
Не гледав против Шпанија, само резултатот видов и се разочарав, ама од кажување после тоа сфатив дека супер сме изиграле.

Денеска прво полувреме бевме очај, многу лош перформанс. Не преземавме ништо, не комбиниравме воопшто во нивната половина, изгледавме како колектив кој првпат игра заедно на теренот. Србите не беа ништо посебно, ние едноставно бевме преслаби. Голот што го примивме што да кажам, без разлика што беше офсајд, едноставно аматерска реакција :facepalm:

Овој дечково Барди го забележав и во квалификациите, ми се допаѓа тоа што има изграден шут, како некој искусен фудбалер. Мислам се примеќа многу кога некое дете ќе шутне, во истиот нема ниту сила, ниту прецизност или максимум едното од двете, додека кај Барди воопшто не се осеќа тоа. Пеналот го изведе маестрално, дури и слободните удари му беа одлични. Оној во второто полувреме кој го одбрани голманот под пречката беше маестрален удар од техничка гледна точка, само што заврши директно каде што стоеше голманот. Сепак забележете како, со кој дел од копачката удира по топката, доби страшно движење прво нагоре, за потоа веднаш да се спушти на потребната висина. Со таков удар не може да се пофалат ниту многу поквалитетни и платени фудбалери.

Играта генерално во второто беше добра, иако ми стои дека можеме и подобро. Се ми стои дека денеска Србија беше многу слаба, ништо не покажаа, освен повремени шанси пред се од прекин. Вториот гол ни беше :cuc:, капа долу за дечкото што го даде. Изработен шут, технички поткован и прецизен. Браво дефинитивно. Голот што го примивме за 2-2, па и стативата за 3-2 што ја имаа е само потсетник зошто во спортот едноставно не не бива, бидејќи психолошкиот аспект ни е катастрофа, стравот и збунетоста преовладуваат секогаш.

Лично јас сум задоволен, ова е голем успех за нашиот фудбал. Како прво првенството е "кратко" и настапуваат само 12 репрезентации, чест е за нас да бидеме дел од ова. Постигнавме два гола, освоивме бод на европско првенство, тоа се работи кои ќе се запишат. Имаа фудбалерите должност да покажат дека не се случајно овде дојдени и мислам дека мора да забележиме дека оваа репрезентација, овој состав, има квалитет кој отскокнува доста во споредба со било кој фудбалски македонски колектив барем во претодните 8-9 години кога го допревме дното во фудбалот, особено од 2009, 2010 навака.
 

Ова е сериозна тема и нема потреба од вакви несоодветни постови.
3 казнени поени за несоодветен речник и се надевам дека во иднина ќе се придржуваш до правилата на форумот.
Поздрав Стефан!
 
Алексовски од секогаш знаел да направи кикс на гол, нема многу врска тоа со неговата минутажа во Вардар, иако се сложувам дека Седлоски мораше да го игра на повеќе натпревари сезонава. Она што го вади Алексовски е страшниот рефлекс кој го има, инаку очекувајте од него и во иднина потези како за првиот гол вчера и истрчувањето пред вториот гол.
Бабунски прв пат после три - четири години покажа игра каква што се очекуваше од него на почеток на кариера, тоа е најпозитивната работа од вчерашниот натпревар, Николов и Барди беа добри исто така, и Демири заслужува позитивна оценка, се друго минус.
Сер Боби покажа вчера дека тактичкиот дел му е слаба страна, он може направи атмосфера и им даде самодоверба на децата која е очигледна, али тактиката му беше слаба страна уште од Вардар. Вчера ги погоди замените на полувреме, али тотално им ја утна позицијата што ги стави на крила место во средина, ем ќе ја згуснеа средината и многу ќе помогнеа во дефанзива, ем ќе му беа голема помош на Давид во креација на играта. Вака на крила не се ни приметија. Посебно тоа важи за Елмас, пред една недела тотално се смени играта против сениорска репрезентација на Шпанија кога го ставија на тој дел од теренот и Спировски доби многу поголема слобода во играта, место да му ја даде истата улога, он го заглави на крило.
Се надевам не се паднати психички после незаслужено високиов пораз, можеме да ја добиеме Србија во вторник.
Да се самоцитирам од минатиот пат затоа што сето ова ми се потврди и денес. Кажав за Алексовски дека може да се очекуваат киксови и неверојатни одбрани истовремено од него, чудна комбинација од киксер голман со страшен рефлекс е, не знам што да мислам за него, веројатно со искуството ќе си дојде и сигурноста на голот, рефлексот не се губи. Кажав и за позициите на Елмас и Ѓорѓев, денес на Елмас му ја погоди и одма се виде разлика на терен али повторно му ја утна на Ѓорѓев и го заглави на крило. Сега ради голот го издвојувате како еден од подобри играчи на утакмицава, а уствари детето беше најслаб на терен во второ полувреме до голот. Играта му се состоеше само од погрешни пасови, изгубени дуели и лоши центаршутеви, и само што дојде во средина и го даде голот. Тоа му е природна позиција на детето, таму е најкорисен и Боби треба да го примети тоа. Се надевам дека со Португалија, кога веќе најавува промена на формацијата ќе ги игра Елмас како плејмејкер и Ѓорѓев како офанзивен везен. Се согласувам со тоа дека Маркоски и Радески се најслаб дел од тимот на првенствово, али ако веќе пробува други играчи на крила, нека го пушти Петковски со Португалија.
Исто и за одбраната се согласувам дека ни е многу слаба на турниров, меѓутоа не гледам индивидуална кривица кај ниеден играч, туку во колективната одбрана, многу лошо играме како тим позади, што мислам дека се должи во послабото покривање на задните везни и крилата во дефанзива, што пак е работа на Боби да ја исправи.
 
Единствена грешка на Милевски е шо не го зема Тошевски... Дечкото е измислен и за Мурати и за Бејтулаи.
Денес па бетер, барем Бејтулаи да си ираше офанзивно ќе напраеше нешто. Али ради пеналот со Шпанија го смени.
 
nz zosto go hejtate radeski deckoto igra CF a se vrakjase do bek da pomoga koga e svrten kon topkata dobro ja primasee i igrase povratna coekot ne izgubi topki trcase bese aktiven vo igrata za da dava goloj treba nekoj da mu pusti prava topka za mene deckive si se heroi igrat vo najteskata grupa dosega ne pretstavija vo najdobro mozno svetlo[DOUBLEPOST=1497990463][/DOUBLEPOST]sea zaprimetiv na rezultati nekoj od srbive dobil crven posle svirezot za nesportsko odnesuvanje ?????
 
nz zosto go hejtate radeski deckoto igra CF a se vrakjase do bek da pomoga koga e svrten kon topkata dobro ja primasee i igrase povratna coekot ne izgubi topki trcase bese aktiven vo igrata za da dava goloj treba nekoj da mu pusti prava topka za mene deckive si se heroi igrat vo najteskata grupa dosega ne pretstavija vo najdobro mozno svetlo[DOUBLEPOST=1497990463][/DOUBLEPOST]sea zaprimetiv na rezultati nekoj od srbive dobil crven posle svirezot za nesportsko odnesuvanje ?????
Некоја небитна фаца ПАНКОВ...
Какво утакмичиште Шпанија - Португалија, ко Еуро за сениори да гледаш. Головите на Саул и Брума :drk::drk::drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom