Му раскинала женската бе.
Алоо по судови одеше за старателство (секако не е здрело да имаш деца како тинејџер) ама ова го сметате како да е најлесна работа во животот на тие години.
Добро, си го гледал ти Марсијал лани? Си го ладеше по теренот а немаше никаква конкуренција? Не бре другар, нему му треба доверба и слобода ипак уште е тинејџер. Мурињо е мртов коњ во туторство на поединци и затоа го клоцаат од клуб во клуб. Му требаа цели пет месеци да сфати дека треба да го заштити а не да го мотивира со критики. Поканата на родителите беше закаснета реакција со месеци. За Рашфорд па не сакам ни да зборам, ако тој би се опуштил и се лади на теренот за Јунајтед, тогаш нека стават катанец на клубот. Сигурно Перишиќ повеќе ќе се труди од него.
И џабе ги споредуваш сите потенцијални таленти со Роналдо бидејќи не се исти, сите се со различен мајндсет, им треба различен пристап и најбитно работаат во различни услови со различна атмосфера и различна подршка и различна стабилност на клубот. Накратко, се е различно.
Еве ја ти кажувам дека Перишиќ е доведен за лево крило и да ме цитираш слободно ако сум грешка, бидејќи е ист профил на играч како Лингард, тоа е едно. И второ, колку натпревари изиграл десно па да си убеден на кого ќе е конкуренција? Можеби ќе изигра еден или два, ќе види Мурџо дека не го бива и ќе го врати назад на сметка од другите. Друго, колку натпревари си гледал на Интер? - еден, два, три? Јас мислам ниту еден па затоа си ги земаш здраво за готово мислењата на Кобе и врз основа на тоа си креираш заклучок за неговиот карактер. Не бил класичен балканец, а што е?! Монголец? Како и секој борбен професионалец, кариерата му се скратува ако е пожртвуван како што викате. Не мора да јаде само хамбургери за да има кратка кариера.
Цената го одредува статусот и отсекогаш било така. Нека се дрзне Мурџо да каже дека е за ротација играч платен 55м, има да го обесат пред ОТ.
Џејмс. Не на почетокот, туку ако тој сака да напрај трансфер и да игра за Јунајтед ќе има континуиран придонес бидејќи станува збор за класа играч со преквалитетен шут и креативност. Тоа му треба на Јунајтед. А дали сака или не треба да процени стручниот штаб на клубот, ако нејќе да игра не мора да го купат. Толку е просто. А за коњи, како што рече Рајан Гигс, нека го вратат Велбек ако таков тип на играч е потребен, голем аир видовме од него, нели?