Јана Бурческа на Евровизија 2017

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
http://www.skopjeinfo.mk/konechno-celiot-makedonski-nastap-jana-burcheska-so-dance-alone-na-golemata-evroviziska-scena-video
Бледо, неубедливо, слабо на сцена. Млаки движења и прошетки по сцена, музиката е прилично невпечатлива.
Не знам како сега ги бираат ама подобар беше концептот со фестивал за избор на песна за евровизија. Ова е гола вода ама што би рекле, веќе видено, евровизија=туризам.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Јас мислам дека е многу подобро песните да ги бираат преку фестивал, каде ќе примаат да учествуваат и непознати пејачи, а и различни жанрови на музика, затоа што до сега се имаат пријавувано само нашите ,,естрадни личности" со песни жалопојќи.

И има една работа што ме буни. Зошто секоја година (читај последниве 8 - 10 години) кога настапуваме на Евровизија или гласот е посилен/погласен од музиката или музиката од него, и целиот настап звучи како гласот со музиката да се тепаат, а кај другите земји не е така?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Сценскиот настап изгледа бледо. Веројатно ова е само за пробата, би требало на официјалниот настап да има некои други ефекти, а Јана нека се разигра малку поживо. Инаку Јана изгледа одлично, сепак и тоа е многу битно за целиот впечаток.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.054
Поени од реакции
8.365
Црвениот килим официјален почеток на Евровизија и претставувањето на сите земји учеснички
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Јас мислам дека е многу подобро песните да ги бираат преку фестивал, каде ќе примаат да учествуваат и непознати пејачи, а и различни жанрови на музика, затоа што до сега се имаат пријавувано само нашите ,,естрадни личности" со песни жалопојќи.
и не само заради квалитет и можности за поширок избор. Додека се одржуваа фестивалите, се вадеа голем број песни, изведувачи, се збогатуваше македонската сцена. Последната деценија (отприлика, не знам точно кога згаснаа), нема фестивали, скоро и да нема македонска музичка сцена. Истото важи и за народната музика.
 
Последно уредено:

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Црвениот килим официјален почеток на Евровизија и претставувањето на сите земји учеснички
На кое време излезе нашава? Не е лошо да напише некој што гледал.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.054
Поени од реакции
8.365
На кое време излезе нашава? Не е лошо да напише некој што гледал.
Не го ни гледав видов цело доста е големо. Најверојатно излегуваат по редослед како настапуваат.
Видов само дека ги пуштаат знамињата со балончиња. Еве пократко измонтирано видео.

Приметувам дека годинава се поактивни и повеќе професионално ја сфатиле работата. Снимаат доста за јутјуб каналот. Другите изминати Евровизии немало а можеби и јас немам видено видеа од црвениот килим нити пак се снимаа пробите професионално како за тв пренос.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.250
Поени од реакции
37.937
Другите изминати Евровизии немало а можеби и јас немам видено видеа од црвениот килим нити пак се снимаа пробите професионално како за тв пренос.
Не морало тогаш да гледаш, да си го отворел официјалниот ESC youtube канал, ќе си видел дека и од лани, и од години наназад ги има истите видеа. Плус - како може да не ги снимаат професионално пробите? Ти мислиш дека уредникот на ТВ преносот туку така, рандом си бира за време на самиот пренос која камера да ја пушти во кадар? Тоа е многупати однапред пробувано, договарано... Ништо не е рандом. Дури и, пред неколку години на youtube каналот поставуваа снимки од целата втора проба, од почеток до крај, а не само инсерт од триесетина секунди како годинава

Единствена новина што јас ја видов овојпат беа комплетните директни преноси во живо и од првата, и од втората проба. Ги имаше и на youtube и на facebook. Но сепак, тоа не беше нешто од организаторот, туку од страна на неколку ESC фан сајтови како wiwiblogs и oikotimes.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
1.131
Поени од реакции
489
Според сите кладилници немаме шанси да влеземе во финале. И тоа од ден на ден се помал е коефициентот. Не знам дали има кладилница на која можам да се кладам дека не влегуваме во финале, чиста пара без ризик...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Црвениот килим официјален почеток на Евровизија и претставувањето на сите земји учеснички
По видеово Јана можеби треба да почне со рап да се занимава:D
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.957
Поени од реакции
1.172
Според сите кладилници немаме шанси да влеземе во финале. И тоа од ден на ден се помал е коефициентот. Не знам дали има кладилница на која можам да се кладам дека не влегуваме во финале, чиста пара без ризик...
Bet365 stranska kladilnica mora registracija
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
Хмм е шо се смени одеднаш толку многу, нели добро котиравме? Или заради пробите можда..

За странски кладилници знам дека секако може онлајн, зборам за нашиве локални кладилници (ко што ставаш тикет за спорт на пример)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom