Дури сега забележав дека не сум пишал ништо во темава за серијава. За неполн месец, по препорака на
@Anon стигнав до сезона 4, и ептен се навлеков на Галагер, ко дрога се. И не само јас, туку и сопругата, па сега морам да ја чекам да се врати дома за да можам да пуштам епизода, зашто ако гледам сам можам да бидам убиен.
Има многу јаки и позитивни моменти низ цела серија, но до сега мислам дека број 1 ми беше кога Френк облече маж скитник за да ја глуми тетка му. Типот беше - баба со ерекција, и овој да се оправда, демек со голем клиторис била родена.
Уште ме фаќа смеа ко ќе ми текне на тој момент.
Ликовите: Френк ми е врв! Ич не го сакам и не го сожалувам, но најмногу ме засмева со глупостите што ги прави. Фиона е бонбонче, само понекогаш ми делува исфорсирано глумата, во смисла - нормален човек во такви ситуации не би имал баш такви реакции, но кога ќе видиш дека цело семејство Галагер се ненормални, и не можеш баш да очекуваш нормални човечки реакции од нив. Лип ми е тежок кретен и douchebag и мислам дека постојано носи само погрешни одлуки. Како успеале да го напишат така ликов, не ми е јасно, ама тежок кретен е, стварно. Успеа да се заплетка со единствените две курви со тапија во серијава, секогаш ја одбираше погрешната, ученик со таков просек а тешка пропалица, дури и што ми беше врв - реши да се откаже од единственото нешто што му одеше во животот, учењето. Иан ми е ОК, многу го сакам ликот, и понекогаш дури и го сожалувам, ама и тој има моменти кога носи погрешни одлуки: ај што се онадеше со двајца женети старци, па и се вљуби во деликвент кој патем ми е најодвратниот карактер во серијава. Деби ми е закон, ама мислам дека непотребно премногу простор и отстапуваат, на сметка на Карл кој ми е омилен лик, зашто баш е такво, немирно детиште кое не размислува што прави и кое нема врска од животот, а сепак во него има многу благородни чувства кои кога ќе испливаат на површина, секогаш добивам „awwwwww“ моменти
. Лиам е уште мал и не е нешто посебно инволвиран во случувањата, барем до јас кај што сум стигнат. Помеѓу Менди и Керол цело време бев за Менди зашто ми делуваше сто пати понормално од курвава број 1, и на крај кога реши да ја прегази, ми уништи сѐ. Соседиве двајцата не сум нешто особено расположен да ги гледам, ама ОК се. А, да, ќе го заборавев, и Стив/Џими, уште од старт ми беше тежок сељак. Уствари не ви ја кажав целата приказна - кога
@Anon ми ја предложи серијава, сум го симнал погрешниот пилот, од британската верзија и прво го изгледав него. Таму Стив го глуми Џејмс Мекавој и ми делуваше ко далеку поголемо фраериште и понормално од овој лигушов од американскава верзија, па затоа ич не го сакав. Еве, сега, на крајот од трета сезона се качи на бродот со татко и на Естефанија и искрено посакувам да го фрлиле на ајкулите и воопшто да не се врати.
И што друго да кажам? Серииште, зашто ми ги разубавува деновите, па успева да ме расположи и насмее дури и кога сум тажен и не ми е денот. По малку е репетитивна со некои случувања, ама не ми смета воопшто, зашто комплетната слика која ја остава е мрднато добра. Како и Галагерови. Мрднати, но ОК!
Се читаме!