Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
За тие што се по вежбањето и бодибилдингот... Тоше Зафиров ќе ја има промоцијата на неговата прва книга "патот кон врвот". Во неа ќе се збори за неговите почетоци, успеси, бодибилдингот во Македонија, првиот и единствен професионален договор со the strongest shop и др. Промоцијата ќе се одржи на саемот на книга. За повеќе инфо и за некои извадоци од книгата посетете го линкот.

http://thestrongest.mk/patot-kon-vrvot-promocija-na-prvata-kniga-na-tose-zafirov/
 
Можно е да се најде новиот правопис на саемот? Не знам каде да го барам.
 
Можно е да се најде новиот правопис на саемот? Не знам каде да го барам.
Добив информација дека ќе го има, со меки корици. Ќе го добиете за само неверојатни 800 денари.

Стварно се нетокму, од 1500 на 800 намалија и пак е превисока цената, така што јас би си го копирал за 300.
 
За сите љубители на окултизмот и езотеријата, и оваа година на штандот на АЛЕФ ќе може да најдете голем асортиман на книги, меѓу кои за прв пат воопшто на македонски јазик и двете капитални дела на Алистер Кроули - Liber ABA Магика - книга 4 и Месечево Дете.
Штандот на АЛЕФ ќе може да го најдете тука:
17621792_10154458215162963_8585701532244724239_o.jpg
 
Знае ли некој (Мојата борба) од А.Хитлер каде ќе може да се најде ?
 
Годинава Саемот се враќа во две саемски хали, некои издавачи ќе имаат по два штанда. А Или Или за прв пат нема да бидат набутани во некое ќоше, туку имаат штанд во средината.
FB_IMG_1490997275093.jpg
FB_IMG_1490997282826.jpg
 
Да не знае некој дали ќе можат на саемов да се најдат книги од издавачка куќа К.С.Ц.“, Скопје?
Улиште од Камило Села, сакам да ја земам, во Охрид ја видов кај тој батката со тезгите, ама тогаш други книги зедов.
 
Секако дека може. Лани мислам со Макавеј беа на штанд.
 
За книгата Метаморфоза на Кафка освен што ја има во Академска книга на англиски, дали ја има во некоја друга издавачка куќа на македонски и дали вреди да се чита на македонски воопшто?
 
За книгата Метаморфоза на Кафка освен што ја има во Академска книга на англиски, дали ја има во некоја друга издавачка куќа на македонски и дали вреди да се чита на македонски воопшто?
Ја има, јас ја имам купено, со останати раскази од Кафка.
Преводот си беше океј.
Клик
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom