Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
-Си го репризирав the usual suspects ова ми е втор пат како го гледам освежување на меморијата треба да репризирам повеќе филмови дефинитивно.
-Каква прецизност еј начинот на кој е раскажана целава приказна импресиониран како прв пат да го гледам многу пати ја имам гледано сцената ''the greatest trick the devil ever pulled'' патем жал ми е за луѓето ама навистина еве немора да бидат буквално манијаци по филмови но барем некоја општо познавање да поседуват и овој филм да биде дел од таа едукација жими се да умрам со фактот дека сум испуштил ваков филм ќе се убијам уше еднаш у загробен живот баш поради ова (милам не е кикс ако погледнете поблиску)

Like that, he's gone
Rat on your pop, and Keyser Soze will get you
ај да не ги редам многу се <3

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
WOW, останав без зборови на Manchester by the Sea. Запрепастувачки добар и моќен филм, а истовремено толку тивок и едноставен. Ежење до даске! Мислев дека претеруваат малку со толку значајни места доделени во номинациите за Оскар, зашто филмов пред тоа беше прикажан и на Санденс 2016, a потоа и на Берлинале 2016, и освен deal-от со Амазон за откупување на правата за дистрибуција, ништо позначајно немаше по медиумите на почетокот на 2016. Кон крајот, наеднаш стана еден од трите фаворити за Оскар, и дури сега конечно разбрав зошто. Не знам само кај им биле очите на тие на Санденс (до душа таму беше само гала премиера, вон конкуренција) и Берлин лани.

Кејси Афлек поштено си го заслужи Оскарот за главна машка улога. Малиов Лукас не ми беше нешто посебно, но и онака конкуренцијата за споредна годинава е слаба. Ама за мене врв беше глумата на Мишел Вилијамс - сѐ на сѐ дали 3 минути ја имаше на екран, ама сепак толку впечатлива, толку моќна... Заслужена номинација за Оскар и за неа, штета што најверојатно ќе го изгуби.

Кај мене беше измеѓу 9-10. Се одлучив за 9 заради некои мали ситници кои ми засметаа низ филмов, но кај мене разликата меѓу тие две оценки е премала, па и не можам баш да направам споредба со други.

Во секој случај, и да го земе Оскарот за најдобар филм на La La Land, мислам дека ќе биде подеднакво заслужено, иако мислам дека La La Land е веќе зацементиран како фаворит.

До сега од тие што ги гледав:
1. La La Land
2. Manchester by the Sea
...
3. Hell or High Water
4. Hacksaw Ridge
...
5. Moonlight

Според мене, барем засега, по пет изгледани, годинава (2016) е подобра од минатата (2015). Доволно е што ги нема Spotlight и The Big Short. :P
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Hacksaw Ridge и Hunt for the Wilderpeople најдобри филмови годинава. Arrival добар ама не на ниво на Interstellar.

Вчера гледав едно лабаво драмиче Frank and Lola и ми се допадна. Препорачувам.
 
W

wicked_1

Гостин
Nocturnal Animals солиден, иако очекував нешто скроз спротивно.

Естетски и визуелно ствара огромен импакт кај гледачот од сам почеток, се препознава префинетоста на режисерот со потемните бои, нестандардните костими и таа gritty атмосфера.
Том Форд тука дефинитивно стаил свој потпис.

Она што недостасува е содржинска конзистентност и нешто подобро напишано сценарио.
Мислам дека концептот беше едноставен а сепак не кулминираше до момент кој ќе се сврзе со гледачот и ќе пренесе емоција.

Style over substance.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Значи ова Кејси Афлеков ми е страшно антипатичен лик.
Каков мрфљут е му ебам тоа мртвакот.
У секој ебан филм е ваков. Овој и у реален живот е ваков, гарант.
„Животот нема поента, не ве ебам 2%“
Фацата му рика „Не ми се живее, секогаш ќе бидам во сенка на брат ми“.
„Ништо не е битно, ќе умрам познат како „брат му на Бен““.
И Манчестер филмов е преценeт.
Не ми побуди емоции, цело време фураа со тоа бродот и ништо не се деси, мајкава на детево онака, џабе... и Мишел Вилијамс исто некако небитна... музиката просек...
Ла ла ленд зима оскар, поз.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515

Види сега, филмот е квалитетен значи пред да го исхејташ треба да кажеш дека е квалитетен. Зар ништо не научи незрел еден.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911

Ќе се вратиме на старата дебата ама ајде, Манчестер не е добар ама Викторија е. :confused:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Манчестер не е добар ама Викторија е. :confused:
Викторија е повеќе од филм.
Викторија нема достоен предизвикувач, сеуште.
Викторија може да се спореди само со Brothers: A Tale of Two Sons. А тоа не е филм.
Види сега, филмот е квалитетен значи пред да го исхејташ треба да кажеш дека е квалитетен. Зар ништо не научи незрел еден.
Да, мислев да пишам дека е океј/квалитетен но ете, изумив.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Викторија е повеќе од филм.
Викторија нема достоен предизвикувач, сеуште.
Ок, прашање на вкус е. Не дека е лош ама мене не ми се допадна. За Манчестер имаше многу хајп и според мене го оправда.

Сакав и нешто друго да кажам, ама малку виното ми ги помати мислите :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.593
Значи ова Кејси Афлеков ми е страшно антипатичен лик.
Каков мрфљут е му ебам тоа мртвакот.
У секој ебан филм е ваков. Овој и у реален живот е ваков, гарант.
„Животот нема поента, не ве ебам 2%“
Фацата му рика „Не ми се живее, секогаш ќе бидам во сенка на брат ми“.
„Ништо не е битно, ќе умрам познат како „брат му на Бен““.
И Манчестер филмов е преценeт.
Не ми побуди емоции, цело време фураа со тоа бродот и ништо не се деси, мајкава на детево онака, џабе... и Мишел Вилијамс исто некако небитна... музиката просек...
Ла ла ленд зима оскар, поз.
Буууууууу
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Види сега, филмот е квалитетен значи пред да го исхејташ треба да кажеш дека е квалитетен. Зар ништо не научи незрел еден.
Не си првиот што сакал да ми го привлече вниманието со саркастични коментари, не се секираj. Постарите колеги lab rats можат да ти кажат.
Него кажи ми хормоналниот дисбаланс како напредува те глеам во андроген пмс си подолго време... Ме загрижуваат (читаj: интересираат) моменталните нивоа на естрогени хормони што ги поседуваш и колку често плачеш. Пишувам труд на пмс-аши as you are периодов, па твоите искуства со пред-менструaлен синдром добро би ми дошле. Исто, би ти препорачала проверка на кариотип во случаj да имаш трисомиjа на 21ви хромозом, чисто процедурално... интелектот на тоа ти алаудира
Се наjдобро како и да е!
 
Ах, многу зборови без никакво знаечење, никаде одговор на тоа за кое рипаше така зрела.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кејси Афлек поштено си го заслужи Оскарот за главна машка улога. Малиов Лукас не ми беше нешто посебно, но и онака конкуренцијата за споредна годинава е слаба. Ама за мене врв беше глумата на Мишел Вилијамс - сѐ на сѐ дали 3 минути ја имаше на екран, ама сепак толку впечатлива, толку моќна... Заслужена номинација за Оскар и за неа, штета што најверојатно ќе го изгуби.
Колку само ќе смениш мислење коа ќе ги видиш Дензел Вашингтон и Виола Дејвис во Fences. :D
Оваа Мишел Вилијамс и Никол Кидман во Лион потполно исти настапи имаа, 3 сцени од кои 2 обични и 1 кај што плачат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom