Карловиќ-Естреља Бургос 10.5+ прв сет 2.10 Копачка
Ова за мене е MUST BET. Се игра во Кито-Еквадор, на 2000+ метри надморска височина, условите се болно брзи, како на трева да се игра. Естреља е двократен победник овде, многу му одговараат условите. Е сеа ќе го отвори некој Карловиќ на земја и ќе рече бегај бе овој мизерија е не го пипај, е сето тоа е ок ама како што кажав условите се многу брзи и сервисот игра голема улога. Тешко да види брејк топка Естреља, тешко барем додека е Иво свеж, освен ако нешто не се глупира со дупли грешки. Естреља има еднорачен бекенд, што дополнително ја отежнува работата на ритерн, кик сервисот ќе му отскокнува над глава. Иво е летва на ритерн, и он не би требало да присмрди до брејк шанса.
Вчера ја гледав Белучи - Типсаревич, навистина се ептен брзи условите, првпат гледам на земја да се игра толку брзо. И јас се мислев за истиот тип на оваја, малку ме плаши Карловиќ да не се распадне на земја како што некогаш знае, ама сепак вреди да се одигра.
Од мене за денес, ЦСКА - Ѕвезда H1(-16,5) 1.90
Цска после одличниот старт на сезоната, падна во формата во последно ама тоа се должеше пред се на повредите на Де Коло и Теодосиќ. Никако не можеа да врзат двајцата заедно утакмица, а и Теодосиќ кога играше, играше повреден. Паузираше Тео повторно речиси еден месец, се врати викендот во лигата. Ѕвезда после тој перфектен скор што го имаја од 7 победи во Евролигата и непоразени во Аба, почна полека да попушта. Се повреди Дангубич, а претходните две утакмици Јович и Кузмич играа со болки и играа ептен лошо. Ѕвезда и ги загуби двата натпревари, со Ефес и со Партизан. Денес се без Дангубич и Јович кој останал во Белград да се опорави. Самите знаат дека и со фул состав нема што да бараат денес во Москва и затоа ќе одмара Јович, а којзнае колку е спремен и Кузмич. На Ѕвезда им следат доста поважни дуели, дома со Галатасарај и Бамберг, а во меѓувреме се игра и купот во Србија (3 утакмици, со оглед дека би играле финале). Генерално земено, ЦСКА со Де Коло и Тео, после 2 порази во последните 3 утакмици денес сигурно ќе одиграат максимално за нова победа. Ѕвезда без Јович е сосема друг тим, ќе имаат доста проблеми при организирање на нападите и очекувам доста убедливо да изгубат.