Peaky Blinders

  • Креатор на темата Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување Време на започнување
T

Torchyrus

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt2442560/
2880402E-CA5A-C448-281C1A777DAF3B3C.jpg

Вечерва случајно ја најдов серијава и само што изгледав две епизоди и посебно ми се допаднаа. Ме зачуди тоа дека нема отворено тема, мислам дека заслужува. Исто така и на фејсбук е многу слаба со лајкови.
Оценката на Imdb од околу 25 000 e солидна 8.8 и јас би и дал одприлика исто толку. Досега има две сезони по 6 епизоди, а годинава се очекува уште една.
Во главна улога како Thomas Shelby се појавува Cillian Murphy добро познат од The Dark Knight, Batman Begins, Transcendence, In Time итн... тука исто така се и Sam Neill, Paul Anderson, а веќе во втора сезона се појавува и Tom Hardy кој го интересира повеќе може да си прочита.
На кратко за дејствието во серијата според тоа колку успав да сфатам во првите две епизоди.
Се одвива во 1919 година во Бирмингем таму царува фамилијата Shelby со коцкарскиот бизнис т.с поточно тие се кладилничари и сите во градот гледаат со почит кон нив, исто така што е и очекувано од една таква фамилија прават матни зделки, а во една од нив од одреден склад треба да се украдат некои мотори кои треба да се продадат и да се заработи на нив. Луѓето пратени од главата на фамилијата Томас Шелби ( не и најстариот член ) се опиваат и по грешка крадат вредно оружје кое е во сопственост на државата и треба да се прати во Либија. За тоа е информиран и директно засегнат Черчил кој го назначува инспекторот Честер да оди во Бирмингем да открие кој го украл оружјето и да го врати назад каде што припаѓа без за тоа да биде информирана јавноста. Инспекторот има одередени осомничени за грабежот меѓу кои е и фамилијата Шелби. Мислам дека доволно напишав и открив за да ве заинтересира да ја гледате, а тие што веќе ја гледаат или сте ја изгледале може тука да се продискутира нешто па се надевам дека нема да биде темава за џабе.

п.с Се надевам дека е океј напишано со оглед на тоа прв пат отварам ваква тема за серија :)
 
Супер серија, барем по мој вкус. Инаку да дополнам фамилијата Шелби се „цигани“ (gypsies) колку што разбрав по неколку епизоди. Главна особина им е тоа што зашиваат жилети во кечќетите што ги носат.

Интересно изгледа и приказната се одвива мошне брзо, би ја препорачал на секој.
 
Ја изглеав цела (2те сезони) баш и пишаву драга кајгана. Серииште е ова. Ја препорачувам на сите фанови на Boardwalk Empire!
 
чекам 3 сезона лудница од серија
 
Конечно после многу препораки ја почнав. Одлична! Целата приказна е врв. Музичкиот избор е генијален (Ник Кејв и Том Вејтс)
Murphy владее во прва сезона.
 
Ги изгледав двете сезони, одлична е, штета што е малце потценета и не добива големо внимание серијава.
Алал да им е за песните од Artic Monkeys во втора сезона, ептен ги погодиле :D
 
Само што ги изгледав првите 2 сезони, феноменална серија !
Ниту на момент не ми беше досадна, те држи и те вози јако цело време без падови. Дефинитивно мора да се дигне поголема галама, пошто е серииште.

Иначе Cillian Murphy и дава барем 2 оценки повише на серијата, му ебам тоа плавите очи, лудница е дечкото.

Плус музиката е врв:cuc:
 
pocelooooooooooo jeeee

Peaky Blinders S03E01 [x264]
 
Бреј никој не ја искоментирал трета сезона, врхунац според мене, крајот лудило.

Како ќе успее Томи да ги извади и како ќе функционираат понатака сташно ме занима.

Смешно ми беше за Артур на крајот, чоекот си се понадева ќе идел у Америка, нов живот ќе има и на крај збесна :pos::pos::pos:
 
Бреј никој не ја искоментирал трета сезона, врхунац според мене, крајот лудило.

Како ќе успее Томи да ги извади и како ќе функционираат понатака сташно ме занима.

Смешно ми беше за Артур на крајот, чоекот си се понадева ќе идел у Америка, нов живот ќе има и на крај збесна :pos::pos::pos:

1 и 2 сезона растури, почна 3 и на 1 епизода ми стана досадна и ја откажав
 
1 и 2 сезона растури, почна 3 и на 1 епизода ми стана досадна и ја откажав

Слободно продолжи натаму третава сезона е исто интересна.

Иначе стварно некако многу малце постови за вака добра серија.
Многу добро е доловена таа депре Британска атмосфера на почеток на 20 век. Саундтраков на серија е феноменален.
За приказната и акцијата нема што да се збори. Секој што сака крими, гангстерска серија, ако на пример од реалтивно поновите серии му се свиѓала Boardwalk Empire, нека почиња со серијава.
 
Одлична серија иако со закаснување ја гледам ама подобро подоцна одколку никогаш. Сакав да прашам дали на едно купче може некаде да се најде цела музика што иде во серијава како торент или слично?
 
Одлична серија иако со закаснување ја гледам ама подобро подоцна одколку никогаш. Сакав да прашам дали на едно купче може некаде да се најде цела музика што иде во серијава како торент или слично?
http://www.bbc.co.uk/music/playlists/zzzzqp
целиот саундтрак, кој by the way ја крева серијата на едно ниво погоре. (y)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom