Kaков Погба, каков Ибрахимовиќ, какви бакрачи. Валенсија е убедливо најконстантниот и најдобриот играч на Манчестер Јунајтед сезонава. Тоа се тие ,,херои од сенка'' играчи, исто како Азпиликуета во Челзи.
Неговото проклетство е во тоа што не снима рап песни и албуми, нема фенси фризура, не е егоистичен и постојано во медиуми, нема милионски договори со Адидас или Најк, не снима по 10 реклами месечно за оној или овој бренд. Поради тоа и не го добива заслуженото внимание и признание од фановите и фудбалската јавност воопшто.
Затоа од мене има огромен респект. Ваквите играчи се богатството во играва.