The Handmaiden. Од сите филмови излезени 2016 што ги имам изгледано, дефинивно најдобар. Не е возможно да си фан на филмот а да не ти се допадне ова дело. Филм со прекрасна естетика, комплексна структура, кинематографија, визуелна детализација и сценографија. Ги содржи сите елементи што се потребни за еден филм да биде запамтен. Филм за еден преварант и неговиот план но во исто време и многу повеќе од тоа.
Nocturnal Animals. Го гледав со корејски титл, но не зажалив. Квалитетот на снимката е добар. Комплесни дијалози нема, па се трпи да се гледа без англиски титл. Многу јак storytelling, приказна во приказна со плус флешбек во минатото. Самата кинематографија содржи еден куп симболика и хинтови што кога е добро изведено ми е едно од најомилените работи кај еден филм. Прејак кастинг! Џејк класика, нема што многу да се дискутира. Ејми кога е под палка на добра режија го дава максимумот. Но, Мајкл Шанон, газееење. Потценет актер на денешницава?
Тhe Magnificent Seven. Јака акција. Нема длабочина, си има мани, но дефинитивно го има вестерн шармот. Дензел полека влага како класика. Кога станува збор за мани, тука е негативецот. Актерот што го глуми негативецот е ѕвер, но ликот не му е доволно разработен. Тука е проблемот. Како и да е, кога станува збор за акција жанрот од 2016, овој филм се издвојува.
Hell or High Water. Незнам зошто би имало хејт за филмов, чиста осмица е. Ме внесе во атмосферата што сака да ја достави од почеток до крај. Крис Пајн го немам видено од оваа перспектива, стварно е ѕвер. Џеф Бриџис тука има најак перформанс во последно време. Прејака елаборација на ликови.