FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-12.05.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.467
Поени од реакции
9.400
Мене пет денa филмoт ми стoи нa 8%, се извинувaм не е дo мене, друг тoрент не нaјдoв. И сегa црвениoт дo кoгa ми трaе? :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.639
Моја препорака е Детачмент да го гледате без превод од 2 причини:
1. Глумата е неверојатна на повеќето актери, особено на главниот, Адриен Броди.
2. Тешко да најдете убаво синхронизиран превод. О.К. е ама на рандом места секунда лево, секунда десно...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.955
Поени од реакции
34.319
Мене пет денa филмoт ми стoи нa 8%, се извинувaм не е дo мене, друг тoрент не нaјдoв. И сегa црвениoт дo кoгa ми трaе? :)
Не е тоа „црвен“ - црвен, никого не исклучуваме овде. Само нема да ве тагнувам се додека не изгледате барем еден од пропуштените и да напишете рецензија. Или не мора пропуштените, еве овој кој е сега на репертоар. ;)

Не заборавајте: once a member of Film Club, always a member of Film Club! (y)
Конечно и јас дочекав изгледан филм, пак депресии ќе има, без cheerful филмови сме овде.
7 му имам дадено, ако имам време ќе се обидам пак да го изгледам.
The Intouchables?

Плус, почекајте уште месец, јас ви спремам black comedy, има да се згазите од смеа! :P[DOUBLEPOST=1458562171][/DOUBLEPOST]P.S. А, да, заборавив - и важи правилото: ако го немаш гледано претходниот филм и напишано мислење во темава, нема предложување, па така, тие кои „добиле црвен“, кога ќе дојдат на ред за предложување филм, ако не им е тргнат „црвениот“, т.е. ако не го гледале претходниот филм, ќе бидат прескокнати. ;)
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
@Anon бев сигурен дека ќе биде друг филм.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
А скоро сакав да го репризирам, многу добар филм! (y) Ако најдам време ќе го изгледам деновиве пред да тргнам на апсолвентска.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.701
Поени од реакции
27.639
Абе ајде сите сте го гледале -_-
Јас не можам да им се изнарепризирам (C) на 3-4 сцени од филмов.
По 50 пати ги иам гледано.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.783
Поени од реакции
14.098
Еве јас го немам гледано фимот и уште сега го симнувам за да го гледам пошто после кнап ќе бидам со време. Ми делува интересно, плус Адриен Броди ми е кул лик и причина плус да го гледам уште вечерва :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.452
Поени од реакции
42.740
Ни јас го немам. Го симнувам сеа, ќе видиме може уште вечер да го гледам ако не ми се спие.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја сеа го пуштам, за едно 15 минути.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И сеа шо праиме, го изглеав уште вечерва филмов и ќе неам шо да глеам наредниве 10 дена :icon_mrgr:
Одличен филм, одлична критика на денешното општество и на тоа како ние се однесуваме во него, бар ја така глеам на филмов.
Пасивноста и однесувањето според очекувањето на општеството/другите, заедно со затвореноста и стравот (можеби) да се отвориме некому и гласно да ги кажеме проблемите кои не мачат се супер претставени преку однесувањето на Хенри, од човек кој се труди да и помогне на Ерика и ја да речеме ја изведува на прав пат, до човек кој ради непријатностите кои можат да му се случат нему заради тоа што таа живее со него, се откажува од нејзе и ја препушта на некого друг. Човек кој на почетокот се однесува заштитнички према Меридет и се стреми кон тоа да го направи исправниот потег, се откажува од тоа да и помогне само затоа што некој друг стекнал некој погрешен впечаток. Сепак на крајот самоубиството на Меридет го „освести“.

Пак ќе кажам, одличен филм. Оценка 9,5/10



П.С. има еден друг сличен ваков филм кој е критика на незаинтересираноста на професорите да ги водат децата на „правиот пат“, ама не знам дали е дозволено да се предложуваат и зборат и други филмови на темава.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене па ич не ми беше добар. Мразам вакви налупани филмови. Неповрзано ништо.
Пун курац искомплексирани ликови, кој од кој. Досаден филм.
Професор чиј татко ги напуштил доека бил мал, мајка која се отрула со апчиња, израснал со дедо кој бил избеган од реалноста откако починала мајка му. Не знае кај тера у животот. Се грижеше за млада проститутка и помагаше на некој начин да си го среди животот и после случката со дебелата, откако сфати дека може да си навлече проблеми поради тоа што живее со малолетничка за која никој нема поима која е одлучи да ја даде на центар за грижа на малолетници. Дебелата истотака искомплексирана личност до максимум, отфрлена од општеството побара помош, т.е не ни знаеше како да побара помош, се заљуби у професорот и се отру на крај. Може и ќе и помогнеше овој да не улеташе таа помаранџестата.

Налупани ликови, што мајка бараа Луси Лу, Џејмс Кан и тој од Брејкинг Бед ама ич не ми беше јасно, која им беше нивната улога. Едниот психолог кој што имаше една сцена, другата професорка и овој мажот на таа директорката изгубена у свемир.

Боље емисија на Дискавери да глеав.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.955
Поени од реакции
34.319
Малку оф-топик: Дечки, ако не сте виделе, веќе две години правиме листа од најгледаните филмови на кајганџиите (ТОП 250), па стигнавме до момент кога треба да ја завршиме. Погледнете ја темата ако сакате да учествувате, има само уште неколку дена можност за гласање. http://forum.kajgana.com/threads/Кајгана-ТОП-250-Гласање-ПОСЛЕДЕН-круг.80952/[DOUBLEPOST=1458659959][/DOUBLEPOST]
Мене па ич не ми беше добар. Мразам вакви налупани филмови. Неповрзано ништо.
Пун курац искомплексирани ликови, кој од кој. Досаден филм.
Професор чиј татко ги напуштил доека бил мал, мајка која се отрула со апчиња, израснал со дедо кој бил избеган од реалноста откако починала мајка му. Не знае кај тера у животот. Се грижеше за млада проститутка и помагаше на некој начин да си го среди животот и после случката со дебелата, откако сфати дека може да си навлече проблеми поради тоа што живее со малолетничка за која никој нема поима која е одлучи да ја даде на центар за грижа на малолетници. Дебелата истотака искомплексирана личност до максимум, отфрлена од општеството побара помош, т.е не ни знаеше како да побара помош, се заљуби у професорот и се отру на крај. Може и ќе и помогнеше овој да не улеташе таа помаранџестата.

Налупани ликови, што мајка бараа Луси Лу, Џејмс Кан и тој од Брејкинг Бед ама ич не ми беше јасно, која им беше нивната улога. Едниот психолог кој што имаше една сцена, другата професорка и овој мажот на таа директорката изгубена у свемир.

Боље емисија на Дискавери да глеав.
Оценка?

@Anon , @Anon , @Anon ... :bravobe:

Чиста десетка! И не, не прекинувајте со читање тука, зашто имам многу што да кажам за да ја образложам оценката.

Прво - @Anon, i see what you did here. :P Второ - толку згуснат, набиен филм во кој секој детал makes a difference одамна немам гледано. Некаде околу 30-40 минута морав да го паузирам за да земам лист и пенкало и да фаќам забелешки за некои кадри и сцени кои ми оставиле впечаток. Трето - не се согласувам дека може да се спореди со Submarino и The Treatment и нивното ниво на депресија. Ова според мене не беше депресивно, повеќе би рекол - меланхолично. Многу ме потсети (по атмосферата, не по приказната) на My Blueberry Nights.

Е сега полека да почнам со отплеткување на клопчето - што ми се допадна. Филмов почнува со цитат на Ками, и по завршувањето на филмот, ја сфаќаш поврзаноста: егзистенцијализмот како премиса со која филмов управува. Следуваат кадри со исповеди на вистински наставници за професијата, задачите, одговорностите и негативностите кои таа ги носи со себе. Понатаму во текот на цел филм и ликот на Броди, Хенри на моменти зборува кон публиката како да е и он вистински професор. На тој начин, со вметнувањето на елементи од документарец режисрот сака да ја направи целата приказна пореална и да го натера гледачот да сочувствува повеќе. Некои слични техники веќе имаме видено во хорор филмовите како Paranormal Activity и Blair Witch Project (иако тука на друг начин, и во други екстреми), или дури и во Мајки на Манчевски. Ми се допадна оваа игра, морам да признаам. Освен тие „документарни“ сцени, постојат уште две димензии на приказната кои режисерот ни ги претставува паралелно: првата - actual path односно токму она што се случува во училиштето и во животите на луѓето во околу него, понекогаш искомбинирани со кратки анимации кои совршено ги опишуваат чувствата на ликовите во моментите кога тие се на екранот, а втората - од главата на Хенри (Броди), односно она кое тој го доживеал, претставено со заматени, крваво-црвенкасти сцени и кадри, камера која се тресе, и создава атмосфера на сон. По малку ми личеа на Теренс-Малик-овски манири. Имаме фикција, документарец, анимации, различни техники на снимање... сѐ во едно. И сѐ тоа функционираше беспрекорно!

Раскажувањето е приказна за себе! Имаш лик, два или неколку во една сцена, нешто се случува. За да опише како некој од тие ликови се чувствува, режисерот користи кратки анимации. Пример: во сцената кога излегуваат на вечера со црвенокосата колешка: таа зборува за тоа колку и е убав животот, каква поддршка има од блиските, постојано е насмеана, а Хенри - тотална спротивност на неа. Кога ја слуша, сфаќа дека немаат ништо заедничко и со секој следен нејзин збор, става по една нова тула во ѕидот кој набрзина го изгради меѓу нив двајца. И режисерот навистина гради ѕид. Набрзина. Анимиран. И тоа насликан на училишна табла! Ма прекрасно! :cuc: Уште една таква сцена на која се сеќавам - кога умира дедо му на Хенри, во болницата стои покрај неговиот кревет и сфаќа дека единствениот лик од неговото семејство кој му останал, човек кој бил кула во неговиот живот, веќе го нема. Тогаш, на училишната табла се појавува светилник среде мирно море кој наеднаш се срушува. Пак - :cuc:

Песната на средина, да, морам да ја спомнам песната! :love:

Сега приказната. Не беше ова само еден малку-поинаков филм за образовниот процес во Америка и за еден даскал кој се обидува да подзакрпи со латици таму каде истиот тој процес е распаран. Не беше. Ова беше филм за тоа како секој сегмент од американското општество е скинат. За тоа колку fucked-up се повеќето Американци, колку мизерни се нивните животи, калку се сите отуени од себеси и од своите најблиски. Децата растат сами, фрлени во еден свет на лаги, интриги, меланхолија, немаат некоја цврста градба за која можат да се фатат и за која можат да се обидат да се борат (како што тоа беше дедото на Хенри за Хенри, или Хенри за Ерика (подоцна)...). Децата стануваат проститутки и се убиваат заради лошиот третман од целокупното опкружување вклучувајќи ги и нивните fucked up семејства. Американскиот сон е само една голема фарса, параван кој можеби носи насмевки, но зад истите тие насмевки се крие сѐ она што го опишав погоре: отуѓеност, болка, здодевност, тага... Никој не може да го оправи тој процес на гниење, зашто веќе сѐ е труло. Ни образованието. Учителите се само безгласни букви, „faceless личности во празни училници“, зашто на крајот сѐ она што го кажале, за сѐ она што ги учеле децата станува неважно. Затоа и последната сцена од филмот во која Хенри е сам во празната училница во која се е испревртено зборува многу. Мошне интересен кадар имаше кон крајот на филмот, по самоубиството на Мередит: Хенри е сам во училницата, влегува црвенокосата негова колешка, нешто разговараат, а фокусот на камерата е врз црвенокосата, иако таа е во позадина. Линкот на Хенри, кој е напред во кадарот, е заматен. Тој навистина станува faceless man во празна училница, исто како на сликата која Мередит му ја даде кога побара помош од него. Faceless man зашто неговите зборови кон Мередит беа залудни. И рече дека ќе биде подобро... Но можеби таа погрешно го сфати? Претходно имаше една реплика: „Suicide is a permanent solution to a temporary problem“. Можеби баш во неговите зборови погрешно протолкува дека навистина ќе биде подобро... по смртта???

Имаше еден момент кој навистина ме насмеа, а не беше за смеење. :D Колегата на Хенри кого сите го игнорираа: жена му гледа ТВ постојано и не му спрема вечера и не разговара со него, исто како и син му со слушалките на глава; учениците на тестовите му пишуваат „YOU SUCK“, а и колегите професори го игнорираат. Се чувствува како невидлив. Стои потпрен на оградата во училиштето, со неговата мизерна фаца наместена. Доаѓа Хенри и го прашува дали е добро. Овој жив среќен дека некој го видел, го прашува „ме гледаш?“ зашто дури и толку му е доволно да знае дека постои. Да се сомневаш дека постоиш и те гледаат - мизерност ultimate level! :ROFLMAO:

И за крај - Ерика. Девојчето кое Хенри го избави од улицата. Личноста со која уште еднаш си потврди и себеси а и нам дека не е човек кој се врзува, па мораше да ја смести во установа. Преубав дел од приказната. На крајот остана да лебди прашањето по повикот од болницата: дали Ерика е ХИВ позитивна или не. Јас мислам, верувам и сакам да мислам и верувам дека тестот е негативен. Зошто инаку Хенри би имал толката насмевка кога повторно ја виде, во сиропиталиштето, кога отиде да и ја соопшти веста? Се наежив на сите тие насмевки и прегратката од Ерика - единствен зрак светлина во приказната кој ти дава верба дека не е сѐ така изгубено. И Хенри, и Ерика конечно дозволија Attachment (ова намерно, како алузија на насловот, иако знам дека малку глупаво звучи :P). Хенри одлучи да не ја повтори грешката која ја направи со Мередит и единственото нешто кое му го донесе таквата одлука е насмевка на лицето. Прекрасно!

Навистина @Anon , прекрасно! Имам уште многу, многу, многу да зборувам за филмов и сите чувства кои ги побуди кај мене. Ете на пример, не ја споменав одличната глума на Броди, пред сѐ, но и на останатите (одлична актерска екипа). Но сето тоа е помалку важно сега. Важно е што јас ова го впишувам во листата на ремек дела кои сум ги изгледал. Премногу потценет филм! Премногу!

@Anon , don't be a faceless man in an empty classroom. (y) Фала ти уште еднаш!
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
5

едит: Или стај му 6ка, чим на оние полскине 6 сум им ставил, нека има и овој 6.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom