- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 37.281
Осумдесет и деветтите награди на Американската филмска академија (секаде во продолжение: Академијата или AMPAS (Academy of Motion Picture Arts and Sciences)) официјално започнаа на 12 ноември 2016, со доделувањето на годинешните Governors Awards, т.е. Оскарите за специјални заслуги за филмската уметност, за животно дело и хуманитарните Оскари. Оваа година овие награди беа доделени на Jackie Chan, Anne V. Coates, Lynn Stalmaster и Frederick Wiseman. Веднаш по нив, Академијата почна да ги презентира и филмовите кои се eligible за Оскар годинава во некои од категориите, а свеченостите продолжуваат до крајот на февруари, кога ќе кулминираат со главната свеченост - доделувањето на Оскарите за најдобрите филмови од 2016 година. Церемонијата на свеченото доделување традиционално се одржува во Dolby Theatre во Hollywood, Los Angeles, овојпат на 26 февруари 2017. Пред тоа, на 24 јануари 2017, Академијата ќе ги соопшти номинираните во 24-те категории, а на 11 февруари 2017 ќе ги додели Оскарите за научните и технички достигнувања во областа на филмот.
Ова е мојот мал јубилеј - петта година по ред ја имам честа и задоволството да ја отворам темата за Оскарите. И петта година по ред, системот според кој ги одредувам фаворитите и кој 4 пати го погоди освојувачот на Оскар за најдобар филм (што е 100% учинок) не се менува. Ако не ми верувате, еве ви линкови до темите од претходните години, па видете сами:
2012
2013
2014
2015
За тие кои не знаат како функционира мојот систем: ги земам во предвид предвидувањата на 5 сајта кои се ориентирани кон филмот, и преку систем на бодување на филмовите од нивните предвидувања, добивам ранг листа на филмовите кои веројатно најдобро ќе поминат на доделувањето на Оскарите, и ја презентирам тука. Годинава тоа се истите 5 сајта од лани: Indiewire, Variety, Awards Circuit, Awards Watch и Animation Alley. Иако голем дел од овие филмови сѐ уште немале ни премиера по кино салите во Америка (поточно, во Лос Анџелес), овие предвидувања се прават на основ на нивните проекции и прием од публиката на филмските фестивали и секако, по скринерите доставени до членовите на Академијата и новинарите (иако сѐ уште е рано за кулминацијата на сезоната на скринерите, кои обично се најбројни пред Нова година)
Стандардно, до објавувањето на номинациите вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите, можете да ги пишувате тука. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум. И секако, по доделувањето на Оскарите, третите по ред Kajgana Film Awards!
Еве ги годинешните фаворити во некои од главните категории:
_________________________________________________________________
ФИЛМ (ранг листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг)
СИГУРНИ НОМИНАЦИИ:
1. La La Land - Damien Chazelle (8.6)
2. Manchester by the Sea - Kenneth Lonergan (8.6)
3. Moonlight - Barry Jenkins (8.7)
НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДАТ НОМИНИРАНИ И:
4. Fences - Denzel Washington (N/A)
5. Silence - Martin Scorsese (N/A)
6. Jackie - Pablo Larraín (7.6)
7. Loving - Jeff Nichols (7.2)
8. Lion - Garth Davis (7.5)
НАЈГОЛЕМИ ФАВОРИТИ ЗА ТЕОРЕТСКИ ПОСЛЕДНИТЕ 2 НОМИНАЦИИ:
9. Sully - Clint Eastwood (7.8)
10. Hell or High Water - David Mackenzie (7.9)
11. Arrival - Denis Villeneuve (8.4)
МОЖНИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“:
12. Hidden Figures - Theodore Melfi (N/A)
13. 20th Century Women - Mike Mills (6.7)
СЕ СПОМНУВААТ УШТЕ И:
14. Hacksaw Ridge - Mel Gibson (8.6)
15. Patriot’s Day - Peter Berg (7.4)
16. Live By Night - Ben Affleck (N/A)
17. The Jungle Book - Jon Favreau (7.6)
18. Rules Don’t Apply - Warren Beatty (6.4)
19. Allied - Robert Zemeckis (7.2)
20. Passengers - Morten Tyldum (N/A)
До крајот на листата за оваа година има уште 22 (+) филма, но нивните шанси се речиси еднакви на 0 - ако можам, ќе ја продолжам листата подоцна.
Исто така, ќе направам слични листи и за останатите позначајни категории.
И пак, copy-pasted од лани: ве молам немојте повторно со муабетот „рано е за темава“ - наместо одговор, видете ги мислењата од минатите години, сто пати имаме дискутирано на таа тема.
Let the Oscar season begin!

Последно уредено: