Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.281
The Girl on the Train па и не беше така лош како што го направивте. Признавам: многу дупки во сценариото, многу предвидливост (играше на слична карта ко многу очајни трилери, па знаев уште по пола саат кој е виновникот), многу холивудски хепи-енд што многу ме изнервира и без кој би можел и повисока оценка да добие... Потоа, ептен ме потсеќаше на Gone Girl - ко истата приказна, само преџвакана и со измешани улоги да ја гледав (ако ништо друго тогаш барем атмосферата беше идентична, ко продолжение на истиот филм да е). Но имаше убави моменти, па затоа мислам дека се претерува со екстремно лошите оценки. Пример: Емили Блант сосемс пристојно си одглуми, мислам дека ќе заработи многу гласови од Академијата за улогава, иако се сомневам дека може да биде номинирана за Оскар. Потоа: имаше убави сцени и кадри, кинематографијата позитивно ме изненади. И некои други ситници, да не дробам сега. Генерално, просек или малку под просек. 6/10 од мене.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Зошто не кажавте дека Some like it hot e толку добар? :D
Стварно прејако филмче, цел филм го гледав со блажена насмевка, Тони Кертис и Џон Лемон беа одлични, Мерлинка - срце.

Го изгледав по препорака на Филм + и не се разочарав.

П.С. Сега сфаќам зошто народецов бил шекнат по Мерлинка. :love:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Го гледаше некој La La Land?

Уште сум во Кавадарци, се надевам за некој ден во Скопје за да го изгледам. Џеки и тој мора во кино, никако нема да чекам снимка на интернет.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Го гледаше некој La La Land?

Уште сум во Кавадарци, се надевам за некој ден во Скопје за да го изгледам. Џеки и тој мора во кино, никако нема да чекам снимка на интернет.
@grande-juve :cautious:
 
G

grande-juve

Гостин
го известив и јас :D
Зошто не кажавте дека Some like it hot e толку добар? :D
Стварно прејако филмче, цел филм го гледав со блажена насмевка, Тони Кертис и Џон Лемон беа одлични, Мерлинка - срце.

Го изгледав по препорака на Филм + и не се разочарав.

П.С. Сега сфаќам зошто народецов бил шекнат по Мерлинка. :love:
nobody's perfect :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.281
The Birth of a Nation - убав. Единствена замерка ми беше што имаше преголем build up за да се спушти на тоа ниво од вториот дел од филмот, каде сѐ ми беше премлако. Очекував многу повеќе инспиративност и помпа таму, особено на крајот, каде со последната сцена успеа да се извлече малку. Но сепак остана впечатокот дека место да се движи во нагорна линија, како одминуваше времето, така се повеќе спласнуваше доживувањето.

Сепак, мислам дека не го заслужува хејтот кој го добива, особено на Letterboxd. Ѕирнете го, ќе видите, а не верувам дека ќе зажалите. ;)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Утре на сител цел ден жикина династија:cool:
Јеииии најмртвиот хумор во историјата на хуморот.
Не сериозно, само мене не ми е смешно чудоно или што?
 
G

grande-juve

Гостин
тракермк ви отвора?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
25 јули 2015
Мислења
243
Поени од реакции
95
Јеииии најмртвиот хумор во историјата на хуморот.
Не сериозно, само мене не ми е смешно чудоно или што?
wtf ??
од мал ги гледам и пресмешни ми се, сега дури повеќе пошо повеќе ги разбирам, класика хумор не на сетх роген марихуана хуморот
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.005
Поени од реакции
42.725
Јебига немаме сите истенчена смисла за хумор, ние простите ќе гледаме Жикина Династија а вие другите не мора, може телма да си пуштите и френц да ги глеате по 100ти пат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom