Здраво дечки, пак јас со еден, ако може да се нарече, ситен проблем. PC-во откако го инсталирав anniversary update-от (да напоменам дека направив clean install), некако доста поспоро се бутира. Додека се појави screen-от на биосот му требаат негде околу 12-13 секунди. Порано целосното бутирање до десктоп на Windows не беше повеќе од 10-15 секунди, сега е 29, скоро 30 секунди. Има SSD. Како за споредба, постарото РС кое има windows 7, што има само SATA II порти и исто така SSD, се бутира за 17-18 секунди. Инсталирани се сите најнови драјвери за матичната и графичката. До што би можело да биде проблемот?