Енрике кога беше тренер на Рома 2011/2012 цели 38 кола апсолутно ништо не промени. Дали игра против Јувентус, Фиорентина или Лече, Сиена нему исто му се фаќаше. Пробај да ја држиш топката, да ја пимплаш, а притоа не од најдалеку не се обидувај шанси да создаваш. Не е битно местото каде заврши на крајот, се додека се обидеше тогаш да ги доведе во ред работите. Барем да пробаше да промени нешто секако ќе имаше доста повеќе респект во Италија како тренер. Така едноставно дојде, проба да игра фудбал како што се виде после 5-6 кола дека не може да се игра, ништо не промени, а притоа на пресовите изиграваше со иронии и сарказам на велико. Имаше апсурдни ситуации, каде што Рома губеше со по 3,4 примени гола, а со 60-70% посед на топка,
Знам дека одамна беше тоа, можеби да променил нешто, ама сепак во Барса тешко дека ќе добиеме одговор каде што работите се такви какви што се и тој што доаѓа на клупата треба само да се обиде да извади од страшно квалитетните играчи да го покажат она што го знаат.