ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.967
- Поени од реакции
- 57.733
Иниеста е Иниеста, ама сепак не гледам обид некого да игра на таа позиција. А може и нема таква добра замена. Ракитич мислам дека падна многу во форма откако дојде во Барса, Андре Гомеш е малку тромав за таква игра, едино Денис што спомна.Едноставно Иниеста е преквалитетен играч и тешко се заменува,и тактичката поставеност на фудбалерите е таква за Меси и Нејмар да имаат целосна слобода па затоа ти делува како да има 6 километри простор..мислам апсурдно е некој од Меси и Нејмар да ги враќаш поназад и да ти организираат акции кога во нападот се многу поопасни..а вака без Иниеста ќе пробаат да го форсираат Денис Суарез колку што можат бидејќи во дечкото гледам има креативност и квалитет само е премногу стегнат и се чуствува притисок во неговите нозе.
Реал на пример кога играше со Крос-Касемиро-Модриќ е многу подосаден за гледање, но таа постава е одлична за со појаки противници и одбраната со неа беше страшно посигурна. Сега со импровизацииве со Ковачиќ и Иско играта е дури и потечна, многу поразлична од таа претходно. На Иско оваа улога на роаминг играч без голема одговорност најмногу му прија оти може да го прави тоа што го знае најдобро, да дрибла и да изнесе топка дур другите се наместат.
Зидан на почетокот форсираше една иста игра и затоа Реал почна еден период да делува слабо. Но еве сеа почиња да ротира, а и ради повредите мораше да менува. Ова што го извади против најголемите ривали во Шпанија му испадна добро.
Предноста на овој Реал сезонава е тоа, што го има можеби најквалитетниот ростер кој го имал на располагање минативе години. Освен на лев бек и ДМ, за сите други места има квалитетни замени. И не онакви шаблонски замени, него играчи со кои можеш да смениш тактика и динамика на игра.
Тоа што еден дијамант како Мариано е дури трета замена во тимот, доволно говори колку е квалитетен остакот

Брат, збориш за Иниеста и Модриќ, играчи кои се едни од најдобрите што некогаш заиграле фудбал. Нема замена за такви играчи. Колку и други класа фудбалери да имаш на располагање, никој од нив не е од нивото на овие двајца.Не мислиш дека класа менаџер ќе пронајде некакво решение што ќа ја замени загубата на Иниеста или Модрич со промена на систем и тежиште на играта, побогу имаат по уште девет класа првотимци и две-три класа замени? .
А иначе Реал баш на дербињава одигра со многу повредени и незалечени играчи. Значи ете Зидан успеа да најде замена за првотимците. И тоа не во некој класа играч ко Хамес, него во Иско, Васкез и Асенсио.
Не го оспорувам, само го споредувам со учинокот на Енрике и Зидан. Во времески интервал колку што се овие двајца на клупата. Така споредено Зизу и Лучо веќе во најмала рака приближно го достигнаа учинокот кој Пеп го имаше за толку време, колку што се овие тренери во клубовите.Мислам дека имаме дебатирано веќе на темава, дали со тебе или некој друг не сум сигурен.
Лудило е да го оспоруваш успехот и знаењето на Пеп, кога човекот достигна перфекција во играта на Барса. Разбирам субјективност дека си од противничкиот табор, ама ми нема логика да се поткопува успехот на човекот.