Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
ДК, прв пост у темава и незнам зашо уопште пишувам, ама едноставно ништо не иде, нит факултет, нит љубов, ни кладилница, буквално ништо.. Деновиве мислам дека ми се руши светот врз глава, ама јебига ќе трпиш коа си глуп. Едноставно се, ама баш се заебав, уствари не сум ја крив до негде...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Да ти ибам вештерката ми го зеде срамот скроз Kezia Noble ме промени начисто. Куров ме боли ама стварно куров ме боли, и не ми е незгодно да одбијам да бидам девер, оти го нема цела година сега девер јас трет или четврт кандидат сум изгледа :icon_lol:. Не е проблем ќе бидам девер ама за луѓе шо би го поделиле лебот со мене, болката и маките мои, а за не го не.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Деца, еве го Таксират по 18 пат... малку фолтин, малку џајковски, повеќе Санаториум... Архангел...

имаме и ние музика деца мили, имаме, не мора да е странското тоа што е добро.
одите на концерт, баталете политики, негативност, секојдневие на балкански менталитет и чист идиотизам...
ни фалат како народ вакви концерти, вакви групи, вакво сплотување на енергија и позитивни мисли.... малку, само малку радост.


https://www.youtube.com/watch?v=-6W_AQnCUkA

https://www.youtube.com/watch?v=PoMFaAbWexE

Инаку, Драгице Драгано да знаеш дека е многу интересно кога некој ќе ти се намести на палец и онака добро ќе бида да го запуцаш само да не знае каде му е глава каде му е газ.
Чуден е животот дефинитивно, баш вчера таква прилика ми се прижи и не вратив, оставив... не знам зошто. Не сум ни подобар човек, ниту сум пораснал нешто забележително во духовна смисла ама ете... баш животот кога си на некоја раскрсница дополнително ти праќа вакви искушенија.... да вратиш или да продолжиш понатаму....

п.с. did I mention that life is strange?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Е*ати животот кога ти е ваков
:sleep::semolam:(n):(o_O:):свиркам::neetaka::nesumjas::pos::cautious::cool:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.523
Поени од реакции
18.392
Во моментов посакувам денес да не бев ваков паразит од човек, каков што сум, и да не ме мрзеше да одам до продавница и да си купам од омилената бела ракија и сега наместо да чмаам како вол пред компјутер и да не знам што со себе во оваа хебено урнебесно досадна сабота, да си мезам маслинки, сирење и ајвар и да сркам од ракијата, и евентуално да размислувам дали после и една труба да задувам на тераса на минус 5 и да го изгледам безвезниов корејски хорор што ми стои со недели на хард ( стрејт не ни помислувам да го глеам ).

Ај уште некој саат ќе ми се приспие, па ќе помине и ова.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Што е, Сорос не го исплатил хонорарот за минатиот пат?

Реакцијата останува иста...
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Кога ќе си го поминеш саатот за спиење, тогаш можеш да останеш буден подолго отколку што очекуваш. И си викаш ако останам уште малце (пуштам уште еден филм), утре ќе станам доста покасно од обично. Може дека е недела ќе ми затвори и продавницата, ќе нема леб за утре. И иде глупо чувство дека си малце неодговорен. Хм, барем немам 28 години и не знам да си спржам стек. Или да му вртам на татко ми после 17 часот кога ќе заврши со работа да купи леб иако јас цел ден не правам апсолутно ништо. Да, познавам далеку многу попаразитски настроени особи од мене, па не е фер да сум дотолку самокритична.
Али фино е дома да ти прават секој ден јадење. И пред полагање да те потапшаат. Или кога си настинат чајче да ти сварат. Па и јбг, да ти исчистат пајажина. Но уште поголемо јбг, сите треба да пораснат некогаш. Треба, не дека се случува тоа.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
.д..... ти само за жабарот си слушнала а и име не му знаеш
имаше Скопје и други познати фаци со прекар.
Нa aвтoбускaтa стaницa дo сaмaтa oгрaдa на Вардар, вo бaрaкa, имaше и бурекџилницa. Шефoт имaше прекaр Мушмулa, кoј зa свoјoт прекaр мнoгу се лутеше. Скoпските шегaџии кoи живееa вo Пaјкo мaaлo и oкoлинaтa, нa некoј дoјденец во Скопје, ќе му речее декa тукa се прoдaвa многу убав бурек сo мушмули. Кoгa тoј ќе влезеше и пoбaрaше, е тoгaш нaстaнувaше гoлемa меѓусебна рaспрaвијa.
(и бркање по автобуска море и банање во Вардар)
А си чула за Тито... и Скопје си имаше свој Тито а беше само келнер,
најпознат келнер во градов море и во цела Македонија.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.436
Поени од реакции
39.047
Јебало те фенг шуи и останати фенси ствари као демек.
Се осеќа некоја традиционална топлина во домовите каде што намештајот на пример е од Титово време , и нема ништо сменето со декади. Голема витрина во неа набутан телевизор , врз него миле , а околу по 5-6 слики од секој внук/а , а ги има доста. Стара печка на дрва , а до неа рачно плетена корпа и залихите дрва внатре во неа , па и кога е тишина колку убава атмосфера ствара пукањето на огнот во печката. :love: Нормално , нема ниту едно непрекриено парче паркет без тепих , од ѕид до ѕид се покриено.
Старата мала маса во дневната шо дедо ми ја купил некаде крајот на 70тите , а јас лепев слики од Ривалдо на неа. Фотелјата шо и беше скината поставата одпозади , па влегував во неа да си играм и сите играчки таму си ги чував.:ROFLMAO:
Вчера најдов една стара касета од кога сум бил мал па ја преснимував на цд , и сега носталгија ме мава какво ни било дома пред 15-16 години. Освен паркетот ништо др нема останато од тие стари ствари. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom