Кајги,
Како си друже ? Абе не ми е добро мене , се осеќам празно
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Еве сестра ми ми правеше друштво од Петокот , па утре ќе ја испратам се враќа назад за Македонија. ( битно и ја исполнив желбата да дојде да прошета низ Берлин и на шопинг )
Не знам како е кај другите форумџии ама јас воопшто не сум блиска ниту со моите дома, ниту со сестра ми , ниту со роднини - значи ладен однос и од време на време ако треба нешто. Тој ладен однос започна уште во 2004/5 кога се запишав на студии во Штул. Оттогаш се оттргнав некако и почнав да заладувам.Единствено што сум блиска се оние блиски пријатели (во друга тема ти имам кажувано за нив ) што ги имам со кои се советувам кога имам проблем. Оние кои ме познаат лично знаат дека сум мека на срце, имам трпение, сакам да се зафркавам , максимално сум дисциплинирана и мојата најголема маана - педантерија.
Друже мојот живот е сведен само на работа и правење пари. За жал тоа е и причината што НЕ СУМ СРЕЌНА ИЧ.
Пред некое време ти се жалев на истата тема дека треба да променам нешто во животот: сменив локација, сменив работа, сменив цимерка , али не се осеќам исполнето.
Кајги, сигурно имаш забележано дека скоро ич не коментирам на темите за љубов, ама ќе бидам искрена и ќе ти признаам нешто друже ; јас никогаш во мојот живот не сум била вљубена во никој. До ден денес ми е чудно кога ќе видам некоја женска плачи зш раскинала со дечко и, па молење, замарање со пораки, па пак врски и се во круг. Мене во тие периоди кога ми е досадно за да си го направам ќејфот може да легнам некоја претходно одбрана личнот (на рака се бројат мувачите)и до душа со тие што се имам смувано сум секогаш на чисто , без да им давам лажна надеж и без да им глумам некаква си заљубеност.
Ок, заеби друже , ептен сум ладна, неам чувства кон никој и знаеш што е најинтересно - викам ај една недела ќе излезам со некој, па нека поминат и 10 дена,(да оставам да помине време) не бе брат , нема шанси, никако да ми текне да се заљубам.
Ај чао
![Моторче :motorce: :motorce:](/styles/default/xenforo/emot/motor.gif)
Знаеш друже, има моменти кога не ми се живее , кога знам дека сум видела и доживеала многу работи и на своја кожа сум осетила како е да се живее со некои националности , кога ми е преку глава од животот, кога имаш можности да си дозволиш се НО НЕ СИ СРЕЌЕН.
Премногу празнина ...... ладни односи........
Еве ти една песна од моменталното мое расположение.