Конечно го изгледав Elle, конечно со добар превод. И го сфаќам @wot и со тоа дека си имаше своја тежина филмот, па и дека заслужено го предложиле Французите (иако јас сепак мислам дека Les Innocents беше подобар). Исто и ликовите - не се сложувам дека биле лошо напишани... Само некако приказната ме остави запрепастен - животот на средовечна, разведена теткица со чуден фетиш. А за насоките кон кои се управуваше самата себеси, не би коментирал, ќе се изнервирам. Не знам, сигурно има нешто подлабоко во приказната што мојот ограничен ум не го разбра, штом добива толку високи оценки од сите страни. Од мене 7/10, зашто сепак е далеку од лош филм. Ама пак ќе речам - чуден е...








