Монтираа денес кај мене Amber (3.5), Hansol (3.5) и Hansol (5.5). Планот е да се користат како примарни уреди за греење/ладење.
Првични импресии, тестирано на греење само:
- Говеда, буквално. Греат ко стока! 50С мислам монтерот измери на издув кај Hansol 3.5 на сеуште млака соба. Kaj Amber-от измери 43 (во тој момент накај 16С беше во собата), очекувам и тој над 48С да вади во стабилизирана соба.
- Ми требаа едно 15 минути да го врзам на домашната мрежа, малку нејасна е процедурата затоа што од старт во AP режим се подесени (треба прво да се симне апликацијата, па да се врзе на AP на рутерот па во него да се конфигурира домашната мрежа, па да се реконектираш назад на домашната мрежа). Инаку, после поврзување е одлично, апликацијата е исполирана и кориснички едноставна. Следните модели ќе ги конфигурирам за помалку од минута време.
- Внатрешните единици не се тивки како Мицубиши или Фуџицу, но не е страшно. Надворешните исто.
- Хансол 5.5ката на прво вклучување крена и до 2200W (мерачот од Сет, модел Олимпија). Потоа 1400-1700W па падна на 150W, ќе ми треба неколку дена да го набљудувам како се однесува и на колку ќе се стабилизира. Во секој случај ја стопли собата за многу брзо време. Говедово е 51kg, односно 8kg потешко од (FUJITSU 24000 Btu/h (7.1/8.0 kW), Model: ASYG-24LFC / AOYG-24LFC). Тарасата сега е непријатна за стоење додека работи надворешната единица.
- Хансол 3.5/Амбер 3.5 деновиве ќе ги проанализирам.
Првични импресии, големо браво за Gree. Се надевам се е склопено како што треба и ќе тера без проблеми. Топла препорака за секој што се двоуми, нема утка а и ценовно нема конкуреција за она што го нуди, посебно за Хансол и Амбер во 3.5kw издание и Хансол во 5.5kw.
p.s. не работам за Gree, немам никаква лична корист од постов, да утепав 2 дена читајќи од 300-от пост навака (научив за капилари, eev, редни, нередни и слични изменувачи, греачи на ова или она итн) и логички се одлучив за горенаведените уреди. Вивакс AERI исто го размислував за собата каде што е Amber-от сега, но бидејќи Amber-от има највисок SEER (оноа за ладење коефициентот), дури повисок од Hansol-от, сe одлучив за него наместо за Vivax AERI.