Долан и во Juste la fin du monde нѝ покажува дека е еден од најискусните ако не и најдобрите млади режисери на денешницава. Прекрасно режиран филм, одлично одбрана музика, плус 2-3 популарни песни иако во Mommy мислам позастапени беа. Хаотично и дисфункционално семејство, разиграно низ емоциите по 12 годишното враќање на нивниот син, хомосексуалец. Винсент Касел, актериште!!!!! Мислам дека и критиките беа сосема во право, има некои дупки во сценариото, но се минимални, сепак послаб од Mommy, нормално. Никој не ни очекуваше да го надмине..