Борба за смрт гледан ми е на СФФ некако ми изгледаше цел филм така визуелно и приказната како Македонски народни приказни и не ми се допадна. Обожение е игран филм и претходно гледан ми е, е доста длабок и тежок филм, ако немаш доволно познавања од теолошки термини нема да ја разбереш тематиката, доста поетичен филм, вреди да се гледа, филмот како целина е одличен, мн добра кинематографија што потсеќа на руска школа на филмови од Тарковски. Чевли го глеав за прв пат, актерот Веселинов многу ми е антипатичен ако можам актер да го наречам поши типот не е ни дипломиран сеуште, а има преку 30 години, али нема везе, филмот тој некако многу холивудски ми изгледаше и монтажа и дејствието, не ми се допадна многу. Исклучиво жолти лалиња не го гледав, утре ќе го даваат во кинотека ќе го гледам. Случајот е некој обид за филм ноар, али мн аматерски ми изгледаше и така комично. Скора е за тој филм нз што да кажам а и авторот изглеа, 2 типки негде талкаат незнаат што бараат, многу нејасен филм, излегов по првите 5 минути неможев да го гледам, инаку Наташа Петровиќ и Јелена Јованова играа, ама не ме привлече да го догледам. Конфликт го гледав во кинотека кога имаше премиера и за тоа сеуште се чудам како добива некој пари за сценаријата да снима кратки филмови, тоа е катастрофа невидена, една случка има само, млади деца војници во војната ги носат во камион и налетуваат на заседа и ги убиваат во престрелка и толку. Типот режисерот што го праел е истиот од Девојчето со кибритчињата што е океј еканизација солидна и супер, али ова Конфликт е нз што да кажам преаматерски, ефтини афтер ефектс што деца од 15 години на јутуб ги прават и објавуваат. Мн ужасно. Роденден филмот е скопска прича, за млади дечки као и се пуштаат на наставничката па ајде роденнден му е на еден од нив и случајно налетуваат на неа и упаѓаат кај неа да ја силуваат. Така брутален филм малку и повеќе од брутален, актерите малку ја претеруваат со скопскиот и скопските фори али ок. Брат за еден ден.. нз што да коментирам ништо посебно, мн плитка приказна, глумата на Тони и Камка слабо некако, а и работата со децата не е на ниво, мн се гледа дека е фејк. Продукциски целосно слабо изгледаше.
пс. Се надевам дел од филмовите ќе бидат на Синедејс ако некој од нив веќе не биле, па ќе се има прилика повторно да се погледнат со поголема концентрација.