Нека го врати де, ама после нека не се чуди ако заостануваме многу према првиот. И да имаат и Мата и Ерера лоши партии, уверена сум дека не можат да изиграат полошо од него последните натпревари. Мата како што кажав може не е многу брз ама мозокот му е 200 на саат, уште пред да ја прими топката знае кај ќе ја пушти. Исто глејте за вториот гол, ја подава на Погба и одма се ослободува од човекот и прави простор околу него.
Руни сега треба како што кажа Гигс, да се врати на тренинг и да почне да вежба од најосновните работи - прием на топка, додавање, шутирање. Ако навистина се покаже, не е проблем да се врати, како што кажав не го хејтаме ние тука ама во ваква форма, на десетка радо би го гледала и Блинд отколку него.
Уверена сум дека Мурињо ќе го земе Гризман на лето, почна веќе и сам да се нуди типот и тимов ќе е скрос комплетен за контри без ниту еден кочничар.