Ама Бруно е проблемот јбг...Човекот гини 3 натпревари по ред. Со Ипсвич со играч помалку се изнатрча, со Фулам 120 минути исто, со Сосиедад исто. Денес на висина на задача и голчиште. Каде ќе бевме ако не го имавме во тимов. Штета што околината околу него не се залага ни 10% како него.
Треба сериозна чистка летово. Линделоф и Еванс нема да добијат продолжување на договор, Далот мислам дека е редно да се продава, Маласиа исто така. Со Шо не знам каква ќе биде одлуката. Ќе мора да купуваме на десен винг бек. Куенда е ете кандидат. Но ќе мора и стопер. Хевн одигра на високо ниво според мене и може да напредува сериозно.
Во средината Ериксен си заминува како слободен. Жал ми е што лошо се менаџира Касемиро зошто мислам дека ако фати ритам и се користи може да дава добри партии како оваа денес. Интересна ќе биде и ситуацијата со Мејно. Објективно е талент и може да напредува многу, но со една полусезона на високо и ниво и оваа сезона де повреден и неконстантен да пребарува 180к неделна плата е несериозно. Има уште 2 години договор плус опција за уште една, но ако забега со побарувањата подобро да ги пакува куферите зошто за дете кое потекнува од Манчестер и копнее да го облечи црвениот дрес не треба да поставува такви услови. Исто треба да се донесе рационална одлука за Маунт. Жално, очекував премногу од него ама го скинаа повредите.
Во форот имав верба во Хојлунд и се радував што го донесоа, но човекот не се развива како што треба и мислам дека летово треба да се продаде и да се носи напаѓач кој ќе одговара на играта на Рубен. Зиркзе би го задржал и ете Обида се промовира во првиот тим. Антони и Рашфорд исто на продажба летово и да се носат играчи на нивните места.