Зашто вака еднаш не ги прегазат Металург не ми е јасно..
Играат мотивирано против нас, а и не треба да оставиме слика пред Европа дека е толкава разликата меѓу нас
Ете што значи кога имаш по 2-3 квалитетни бекови на секоја позиција и колку е важна ротацијата на овие позиции. Џабе ни беа и крила и пикери во изминативе години, кога бевме ептен лимитирани на најважните позиции. Сега може да се каже дека сме спремни за во Европа
Може некои нема да се согласат ама би сакал да ја пофалам посетеноста на мечевите од СЕХА лига во оваа сезона. Бев на сите натпревари и постојано имаше над 1500-2000 луѓе во сала. ПАСС сезонската е полн погодок, смешно е што на слепците им требаа три сезони за да воведат нешто такво.
Денеска сите играчи што беа пријавени за мечот (освен голманите) постигнаа барем по еден гол. Столе го даде последниот за овации во салата. Бутинот погоди од пенал, а Мартин Поповски даде два гола од игра.
Бековите се одлични, Циндриќ е мотор на екипата, а засега и Душебаев игра за чиста десетка. Одбраната ја подигнавме на високо ниво, останува уште Милиќ да биде расположен како денес. Мислам дека полека му го зема стартното место на Штербик.
Бутинот ни се повреди денес. Само што прими топка и тргна да прави вртимушка и го зденаа кај зглобот...
Прво полувреме не се мрдна од аголот. Ќе си истрча во напад и ќе си седи во ќошето
На контри беше последен, дури и Абутовиќ побрзо трчаше. Ама затоа во одбрана си гази