Фан клуб - РК Вардар

Oдличнa игрa сaмo не знaм зoштo Рaул не гo прoбa Кaњељaс вo нaпaд мaлку. Штетa инaче штo нaместo нaвивaчи имa луѓе нa кoи местoтo им е дoмa пред тв пa тaму некa викaaт седи бе дa гледaм. Нa oвoј тим му фaли јaкaтa aтмoсферa oд пoрaнo.
 
Зашто нема Комити?
Иначе Македа и Борозан у напад беа :facepalm: Првиот некако многу спор, вториот некако многу бавен и незаинтересиран. Криво ми е за Чупич што не даде гол, некако изгоре во таа желба. Им фали уште малку воигрување иначе изведоа некои интересни акции.
 
Супер игра вечерва и заслужена победа , башка без Штербик(Милич одлично бранеше),Абутович и публика(Комити)
Кога ке се додаде дека Канелас играше 70 посто во одбрана , а играчот не е баш дојден за тоа може да се каже дека ваква утакмица добра може да изиграме 1 од 5 :)
Марсенич заслужува пофалба ,во одбрана зверски одигра а солиден беше и во напад , нз ссмо дали Веспрем изигра толку слабо или Вардар покажа знаци дека се уште е тим за топ 4 ..
За Комити во Сеха(или се оди на сите или на ниеден јбг) исто како и лани нема да се навива , за во ЛШ би требало да има навивање ..
 
Зашто нема Комити?
Иначе Македа и Борозан у напад беа :facepalm: Првиот некако многу спор, вториот некако многу бавен и незаинтересиран. Криво ми е за Чупич што не даде гол, некако изгоре во таа желба. Им фали уште малку воигрување иначе изведоа некои интересни акции.
На Македа рамото уште не му е заздравено како што треба.
 
Блокадата на Марсениќ коа проба да шутне Илиќ беше јака, фацата на Илиќ после тоа кажуваше колку беа немоќни и колку добро изигра Вардар.

Знам дека е рано, уше е почеток на сезона и не мора да значи дека идеме на ф4 ама се надевам дека сезонава ќе ни се посреќи, мора да завршиме први во група а за тоа ќе мора на гостувањата да играме многу подобро.
 
Пак празна сала. И Господ да дојде во Јане, пак нема да се наполни. Ракометна нација :tapp:
Играта беше лудило. Се изгубија Веспрем. Ваква лоша партија од нив не очекував. Со 123у28731 играчи и пак изгледаа како екипа под нашпе ниво. Од наша страна сите изиграа добро, освен Македа кој се вртати по повредата, и како што кажа Фросе уште ја влече, и Чупиќ кој е само неколку дена со тимот. За Деревен ќе треба уште некој месец да помине, се гледа дека му фалат утакмици, а Борозан игра добро само да не лета многу со паметот. Тимурчо пак избрзуваше со нкои потези, ова може и да е голем проблем во тесни утакмици. За останатото си добива 10-ка како и другите играчи. Столе из бек бичз :icon_mrgr: Маестрално во одбрана и напад. 3/4 имаше ако добро броев, што не е така лошо.
Момент на натпреварот кога еден поча да скандира Никој ништо не ти може Николаааа :pos:
На неколку столчиња од мене беше и Марија Прленда од Вардар СЦЈС. Многу е добра, само не знам како да ја прелажам да ја женам :unsure:
 
Штербик е во најслабата форма којзнае од кога, тешко дека веќе е голман врз кого можеш да се потрпреш цела сезона. Впрочем ни лани не беше али сеа уште потешко. Треба да се проба со Страхиња во ЛШ.
 
Штербик е во најслабата форма којзнае од кога, тешко дека веќе е голман врз кого можеш да се потрпреш цела сезона. Впрочем ни лани не беше али сеа уште потешко. Треба да се проба со Страхиња во ЛШ.

Дефинитивно. Многу тенка работава со Штербик. Да, он ќе неколку супер партии у текот на годината ама тоа не е доволно да се атакува на Ф4.
 
Којзнае шо му се случува, многу е опаднат жими се.

Него коа ќе ми текне дека Алекс си оди ми се плаче, тука се развиваше ко играч, сакав да остане и да освои титула тука ама ај.
 
Го утепаа повредите ваљда, Омејер и Шариќ се постари на пример ама многу повеќе сочувани.

Треба да пробаат да го доведат Пешиќ од Мешков, според мене е најдобриот помлад голман (27 има али за голман тоа е „младост“) моментално од достапните.

Имаше интерес за него од појаките клубови, со оглед на тоа што сеа ги имаат и Мијатовиќ и Чарапенка како замени не е чудо да го шитнат, освен ако стварно не имаат големи амбиции.
 
Требаше Сјостранд/Паличка да соберат. Овој првиот мислам дека брани у некоја дно екипа.
 
Требаше Сјостранд/Паличка да соберат. Овој првиот мислам дека брани у некоја дно екипа.
Не е Мелсунген толку дно екипа:icon_mrgr:,Паличка го собраа РНЛ да му прај друштво на боемот Декица:pijani:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom