Vartolu
The Infamous Mobb
Секој натпревар не може да се победи, почеток на сезона е, Јуве е полн со репрезентативци, сеуште не е темпирана формата, така да не е којзнае колкава трагедија што ремизираа со Севиља.
Алегри - Не знам од која причина го остави Пјанич на клупа (дали од тоа што викендов е дерби натпреварот против Интер), но дефинитивно недостигаше. Позитивно е тоа што во второто полувреме, Алегри увиде каде беше слабоста на Јуве (Асамоа и Евра), така да ќе си има предвид за следните натпревари.
Буфон - Немаше многу интервенции, можеби 1-2, секогаш на ниво.
Барзаљи - Најдобриот дефанзивец на натпреварот дефинитивно. Секогаш точен, и имаше некои моменти од натпреварот каде одеше и напред.
Бонучи - Имаше неколку класични негови ситни грешки, но воглавно одигра добро.
Киелини - Немаше многу солиден натпревар, но не може да не се сака овој играч кога ќе се види дека дава максимум и не се предава. Со Рами дуелите му беа повеќе џудо отколку фудбал.
Евра - Еден од послабите натпревари за него. Старт на сезона е, доволно е искусен, сигурно ќе се поправи.
Дани Алвес - Слаб старт на натпреварот, после 30 минута се поправи и имаше доста пробиви и успешни нафрлања во противничкиот 16тик, така да не е лошо, со оглед дека сеуште се прилагодува на новиот тим, и новиот начин на игра кој што го негува Јувентус.
Асамоа - Доста слабо. Делуваше отсечено цело време, не ги следеше акциите,поточно ги кочеше, и се надевам дека што е можно побргу ќе ја пронајде формата која ја имаше пред да му се случат хроничните повреди.
Кедира - Одличен, само штета немаше со кого да си проигрува. Асамоа и Лемина воопшто не му помагаа особено во првото полувреме. После 60 минута спласна физички, што е и нормално кога треба да трча за тројца на средината.
Лемина - Првото полувреме беше послаб од Асамоа, но во второто после влегувањето на Пјанич и Сандро, се поправи малку и почна да игра фудбал. Впрочем како и целиот тим.
Дибала - До влегувањето на Пјанич имаше задача да ја организира играта, нешто што се одрази негативно во она што е најдобар, а тоа е нападот. Дибала треба да кружи околу 16-ик, да се уфрла, да асистира. Не му е нему местото да се враќа на центар да ја зема топката бидејќи нема кој.
Игуаин - Доста истрча, очигледна беше желбата да постигне гол, имаше и една пречка, но со оглед како играше средината не е ни чудно што не даде гол.
-----------
Пјанич - Со неговото влегување се смена и играта на Јуве, на позитивно. Се гледа дека се работи за одличен фудбалер со визија, и мислам дека Јуве во него добива одлично засилување. Дали натпреварот со Интер беше причината што влезе од клупа, но имам доверба во Алегри бидејќи досега покажа дека знае потполно како да ги вклопи новите играчи во тимот.
Алекс Сандро - Според мене играч на натпреварот. Брзина, експлозивност и изигра доста е опасно.
Пјаца - Доби 6-7 минути за игра, и имаше неколку продори. Се гледа дека има техника, ќе го дотера Алегри, во тоа сум убеден. Впрочем тој е и негова желба, така да сигурен сум.
Натпревар кој да имаше малку повеќе среќа можеше да заврши и 2-0, така да нема простор за паника. Групата не е тешка, и сметам дека ќе се средат работите.