Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Обично Динамо е во ситуација во која што вчера беше Вардар. Типичен пример лани Динамо - Олимпијакос. Динамо напаѓа, шиба пречки, стативи,голманот брани....итн. Грците од една грешка на голманот, без шанса пред тоа даваат гол во 80та минута,а во 93 не е досуден пенал за Динамо.

Е тоа беше истата утакмица денес, само што Динамо беше Олимпијакос,а Вардар беше Динамо.
 
Mnogu se palite, od koga padnashe vtoriot gol i zavrsi natprevarot, dinamo bez motivacija tolku ne im treba pojce, nemase potreba da troshat pojce energija.
 
Хоф и Фелипе маестрални. Асани и Којашевич изгинаа...И изненаден сум од Балотели!
А Обрегон :nesumjas::neetaka::toe:...сакам да купам дрес од човекот!
 
Ај вака... Прва работа, после утакмицава треба да летаат од столиците поголем дел од управата. Зошто? Епа вака, прво полувреме составот што искочи беше целосно составен од играчи кои и лани беа во составот, ниту едно засилување. Што значи ова? Толку сме добри па не ни требаат засилувања? Изгледа лани лоша среќа имавме со истите играчи па за тоа не поминавме, а сега против Динамо ќе распалат утакмица на животот ќе играат.

Втора работа. Според мене на утакмицава се форсираа играчи за да бидат продадени. Воедно за воља на вистината тоа ни беше и најдобриот кадар со кој што располагаме. Грешката беше Мијушковиќ. Дечкото е добар стварно, комплет различен од Грне али му фалеа уткамици на дечкото. Лани цела втора полусезона ја пропушти и требаше постепено да се внесува во први 11. Во моментов Новак беше подобра опција од него. Мислам дека кај него и Асани се обидуваа да направат приказна за да ги продадат, кај Асани тоа помина кај Мијушковиќ не.
Jas mislam Novak ke igra mesto Mijuskovic protiv Dinamo...
Еве го постот да не испадне после војна генерал дека се правам.

Попов не чинеше, другите беа океј.
Попов беше мизерија жива денес, правеше екскурзии напред и се забораваше, па немаше кој да покрие. На негова душа идат и двата гола.
Двата гола идат на душа на Мијушковиќ. Првиот сите ја видовме веќе избиеана топката, а вториот отиде да брани прва статива а тоа е голманска работа.

Трета работа, колку публика доаѓа не треба да не интересира. И така побитни се оние 100 души против царев двор отколку овие 10 000 експерти на јужна денеска. Едино жално е за групата гледаш фаци што иделе со Комити на југ/север а ради дебилни македонски работи нема повеќе никогаш да стапнат на запад..

Четврта работа, има играчи што треба да си ја пробаат кариерата на повисоко ниво. Ако после авантурава во европа не бидат продадени повторно некој од управа треба да одговара. Јас тоа не го гледам како ослабување на Вардар туку како фаќање приклучок кон модерниот фудбал.
 
Последно уредено:
Ајде бе Вардарци не се секирајте, у реваншот имате руски судии ќе ја мести Самс :-)
 
Какви малери сме... Штета, колку тешко ми падна вчера, жив ќе се изедев. Можно ли е ова да ни се дешава? А ко да знаев, кај немаш среќа у ждрепка, увек ти паѓа најјакиот, да изгубиш онака, со такви наивни голови, без игра.. Криво ми е и за Мијушковиќ, а после тоа мислам дека солидно си изигра до крај. Секоја чест за Грне, играчиште, стопериште, капитениште. Хоф и Фелипе само си потврдуваат дека се класа над сите, Којашевиќ почна се подобро да игра, Спировски солиден. Попов криминално лоша утакмица. Вториот гол иде на негова сметка, он испадна, Мијушковиќ мораше да покрива место него на страна, а после тоа на повратната во средина беше блиску до топката и можеше да ја пресече, ја остави надевајки се дека Хоф ќе го изблокира..

И сега, после една ваква утакмица, како да не си помислиш што би било, кога на местото на Глигоров, Асани и Петковски би играле засилувањата кои уште од зимата трубиме овде дека се потребни, везњак, крило и шпиц.. Асани и Петковски се уште млади, двајцата имаат прелазна оценка од мене, Асани борбен до безкрај, дрско игра, без страв, Петковски доста проблеми правеше, добро се уфрлува позади одбрана, ама му фалеше завршница.. Ама, и двајцата се млади, и за екипа како Динамо, потребно ти е нешто повеќе. Глигоров, дечкото е прав професионалец, еден од ретките такви во Македонија, ама едноставно е во години, нема ни сила веќе, а немал ни којзнае какви фудбалски квалитети.. За Даре што да се каже, на 16 години го држеше цел среден ред на Работнички, пола Европа го пратеше, и се доведе до ниво да не може ни во Вардар да игра... Огромен потенцијал, ќе остане неискористен по се изгледа ако си продужи со ова темпо и начин на живот.

Од засилувањава, Балотели покажа дека ипак има некое знаење, има и брзина, за Обрегон не знам дали да се трошат зборови, кога дечкото не успева да те импресионира но со клип од youtube јасно е колку е саат..
 
Ако испаднат одат ли во квалификации за Лига Европа или?
 
Мене хајлајт на натпреварот ми беше девојката пред мене што на стадион си играше Pokemon Go. Да, мрзам муабети за публика, ама човече колку улетани дебили имаше вечерва...

Штета што не влезе бар една од стативите. Хрватите подобри, ама ништо подобри од нашиве. Менталитетот пак не уби, особено во прво полувреме.

Пс: Мојата реакција на крај на прво најдобро говори за утакмицата :sneaky::eek:

Фала @Комита Ултрас :angel:
Прегледај го приврзокот 152207
Перо Блажевски за сиромашни. :D
 
Eј кој не го утепаше...Го напна со тоа динамо 2-0 ајде сеа 3... Боље шкендија да играше..Вмроооо ако ви е. Напаст жива. Среќа на крај на прво братучед ми му свика да седне за да може да гледа па се смири малку почна нешто смирен муабет да прави и го снема второ. Какво олеснување беше. А и изгледа и со тебе он напраи муабет еден период ако не грешам само ја ептен бев внесен во натпреварот. Ептен криво ми беше колку среќа немавме и колку глупи голови примивме.
Не праел муабет со мене. 4-ти ред бев ја, паралелно со него.
 
Gledajte gi sansite (onie polukontri) uste ednas. Ne mislam deka e sebicnost vo prasanje, toa e poveke nemanje kondicija odnosno sila... Tuka ne jadat, nie imame OK igraci ama treba da se 10% pojaki/pobrzi za da dobies vakvi utakmici. Ne mozes ti so Petkovski da izvedes podobra kontra od toa, deckovo tolku moze, mu ja skinaa od noga na sekund pred da raspali. Toa e toa, realno ne odigravme los natprevar, individualno sepak zaostanuvame zad dinamo.
Петковски нема сила ни во домашно првенство, губи дуели лесно и од играчи на Царев Двор. Не сакам муабети од типот шта би било кад би било, али да се искористеше контрата негова при резултат 0-0, кој знае каков тек би добил натпреарот. Не е он крив, крив е коњот од тренер и аматерската управа. Кој кур ги донесоа ќумбињата ако Петкосвски ти игра прва постава, сто мајки неписмени да им изебам. Овој тим има потенцијал, али тоа незналиците од управа незнаат да го искоистат. Добија златни играчи како што неможат да најдат у Хоф и Филипе, али затао пак најбитната карика у фудбалот средината останаа со мртвиот Глигоров и вечниот "талент" Велковски. Барем Артак да го оставеа кога не се способни да донесат засилувања.

ПС. Ако си идат Хоф и Филипе, нарочито другиот нема ни титула да се освои.
 
Значи сума сумарум, кобна одлука беше што Гоце стартуваше со Попов место со Љамчевски. Љамче ќе беше решението за овој натпревар.

Али шала на страна, колку и да изигра лошо Горан, мислам дека на реваншот Гоце пак со него ќе игра :rolleyes:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom