Какви малери сме... Штета, колку тешко ми падна вчера, жив ќе се изедев. Можно ли е ова да ни се дешава? А ко да знаев, кај немаш среќа у ждрепка, увек ти паѓа најјакиот, да изгубиш онака, со такви наивни голови, без игра.. Криво ми е и за Мијушковиќ, а после тоа мислам дека солидно си изигра до крај. Секоја чест за Грне, играчиште, стопериште, капитениште. Хоф и Фелипе само си потврдуваат дека се класа над сите, Којашевиќ почна се подобро да игра, Спировски солиден. Попов криминално лоша утакмица. Вториот гол иде на негова сметка, он испадна, Мијушковиќ мораше да покрива место него на страна, а после тоа на повратната во средина беше блиску до топката и можеше да ја пресече, ја остави надевајки се дека Хоф ќе го изблокира..
И сега, после една ваква утакмица, како да не си помислиш што би било, кога на местото на Глигоров, Асани и Петковски би играле засилувањата кои уште од зимата трубиме овде дека се потребни, везњак, крило и шпиц.. Асани и Петковски се уште млади, двајцата имаат прелазна оценка од мене, Асани борбен до безкрај, дрско игра, без страв, Петковски доста проблеми правеше, добро се уфрлува позади одбрана, ама му фалеше завршница.. Ама, и двајцата се млади, и за екипа како Динамо, потребно ти е нешто повеќе. Глигоров, дечкото е прав професионалец, еден од ретките такви во Македонија, ама едноставно е во години, нема ни сила веќе, а немал ни којзнае какви фудбалски квалитети.. За Даре што да се каже, на 16 години го држеше цел среден ред на Работнички, пола Европа го пратеше, и се доведе до ниво да не може ни во Вардар да игра... Огромен потенцијал, ќе остане неискористен по се изгледа ако си продужи со ова темпо и начин на живот.
Од засилувањава, Балотели покажа дека ипак има некое знаење, има и брзина, за Обрегон не знам дали да се трошат зборови, кога дечкото не успева да те импресионира но со клип од youtube јасно е колку е саат..