Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Na kraj ke se spuket zivive so mrtvive, zivite ke pobedat, Deni ke sednit na tronot I site ke si ziveat srekjno do krajot na zivotot.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Ако, кога живите победат викаме „ќе си живеат среќно до крајот на животот“, како би звучела реченицава ако тепаат мртвиве/ шетачиве?
 
Јас одамна за нив навивам, цел свет не ги сака и овие се мрзнат на север заради магии на луѓе, а толку се добри што оживуваат мртваци, значи им даваат нова шанса да направат нешто подобро во својот живот, а исто така и се грижат за сирачиња отфрлени од својот татко - инцестоиден педофил. За мене посреќен крај од тоа да победат Другиве не може да има. :toe:
 
Најголем мајндфак од све би било доколку Нед Старк хипотетички умрел многу помлад, а неговото место било превземено од Jaqen H'gar. И уствари Арја е дете на faceless man. Иначе стварно не гледам поента у целава прича со Арја и faceless man, и зошто човек ко него толку би се замарал со некое си девојче. А и вака ако гледаме Арја воопшто не си личи со браќата и сестра и, додека во серијалов премногу се обраќа пажња на ваквите детали.
Без навреди за теоријата али ако испаднит така ќе бидам поќе разочаран од шпанска серија. Поентата незнам која е, али ето старк децава(преживеаниве) имаат некоја дарба и боговите ги сакаат, вклучувајки ја и Санса која имат дарба за преживување со оглед на то со кој се живееше последните години.
 
Ако, кога живите победат викаме „ќе си живеат среќно до крајот на животот“, како би звучела реченицава ако тепаат мртвиве/ шетачиве?
5cd10fed14e5ebda939956284a48e94a.jpg

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Ме интересира дали Мартин има некоја изјава во врска со новата сезона (затоа што нема книга како основа за неа). Дали се согласува со развојот на настаните? Дали во новата книга настаните поинаку ќе ги развива он?
 
Шо има да не се согласува,којзнае колкава пара има лапнато:X3:..
Серијата руши рекорди..
И порано(пред ГОТ серијата) можеби беа популарни книгите(не знам,зошто првата книга Game of Thrones е издадена уште во 1995 година),но сега целото негово дело доби ненормална популарност..
И сигурно него му одговара што повеќе да одолговлекува со издавањето на 6тата и 7мата книга,сето ова му оди во прилог...
Кога ќе заврши серијата целото внимание и хистерија ќе се насочи кон книгите,сите ќе се прашуваат "А КАКО Е СЕТО ТОА РАСКАЖАНО ВО КНИГИТЕ?"

Целото ова БРЗАЊЕ од ХБО,и тактизирање од Мартин е од чиста бизнис гледна точка
ХБО користат вакум помеѓу 5тата и 6,7ма книга и си прават своја екранизација на настаните(нормално со согласност на Мартин),Мартин си лапа од авторски права:masa:
Само ми е страв да не не издржи Мартин да ги финишира книгите,20и кусур години,цела вечност за 5 книги:tapp:а во години е другарот...:icon_mrgr:
 
Него останаа уште две сезони до крајот, според изјавата на Мартин тој планира завршеток како на ЛОТР, ја немам гледано трилогијата и не знам како завршува ајде линчувајте ме :oops:
Мислам дека на крај ќе биде епската битка помеѓу ВВ и живите, тука ќе паднат многу жртви, премногу.. Сите ликови главни споредни ќе бидат убиени, ќе остане жив или Џон или Денерис кој ќе седне на тронот но ќе нема повеќе свхра бидејќи се ќе биде уништено, Вестерос ќе почне да изумира како континент и ќе настанат други проклетствија па на крај ќе биде како изгубената Атлантида.. - МОЈА ТЕОРИЈА пример не ме напаѓајте одма.

..

Веќе има една Атлантида во светот на Game of Thrones, Валирија, нема да се повтори тоа...
 
Веќе има една Атлантида во светот на Game of Thrones, Валирија, нема да се повтори тоа...
Во серијата и летечи тањир да слета (како у Фарго), нема да ме чуди. Све е могуче у серијата.

btw
aK3Bp43_700b.jpg
 
Последно уредено:
Е ај кажи да се насмееме и ние
Џорџ Мартин потпиша договор со ѓаволот уште многу одамна, во времето кога неговите дела беа познати само во светот на епска фантастика. Потоа, само после две-три сезони, зажали ама касно беше. Колку што знам неговата поблиска соработка со D&D заврши некаде по убиството на Тајвин. Каснењето на книгата не е во никаков договор ниту корелација со D&D. Неговите несогласувања со D&D се околу некои нивни одлуки, а имаат и врска со каснењето на книгата (кое е само негова вина).
Он може само да негодува. Можеби да знаеше колку ќе стане сето ова популарно немаше во договорот да им дава толкава слобода.
 
Значи све ова што го гледаме е замисла на Д&Д. Малце е глупо од негова страна што им дал толкава слобода и тоа баш за крајот на приказната да ја завршат по нивна желба (знаеш како викаат, крајот го краси делото, имало многу серии што биле уништени со катастрофални финалиња).
Ја сум се 100% сигурен дека книгите ќе имаат сосема друг тек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom