Не заборавајте како Португалија со Фиго, Деко, Роналдо, Карваљо итн... на ЕП 2004 дома 2 пати губеше од факинг Грција по 0-1. Можда сега е дојдено времето да им се врати нешто, ако не титула барем играње финале. Колку и да сакам да ги мразам и ги мразам поради тоа што ми ја елиминираа Хрватска, со ова ќе имаат голем залет и ништо чудно да стигнат до финале. Тоа се тие мали изненадувања што се случуваат од сенка, по некаков чуден расплет на шеми, резултати, гол-разлики, формат на натпреварување итн...Можда не е случајно што ете сите големи екипи се паднаа од десната страна на шемата, за на некој начин Португалија има полесен пат до финале. А ако стигнат до финале таму им посакувам едно убаво плескање од Шпанија на пример или Германија со 3-4 разлика.
Што се однесува до форматот на натпреварување, според мене ок е да има 24 екипи, ете нека биде помасовно, повеќе народи да се радуваат на пласманот таму, ама полн погодок е ако во групите понатаму одат само првопласираните и ДВЕТЕ најдобри втори. Е тогаш да видиш како сите ќе трчаат ко улави во сите 3 кола, ќе бараат бод повеќе и гол-разлики. Вака со третопласирани има голем простор за тактизирање и нефер распределба после за нокаут-шемата. Ако се оди директно на 1/4 финале тогаш е лесно за распределба. Најдобрите 2 екипи од првата фаза играат со двете најдобри второпласирани. Другите се спаруваат меѓу себе според освоените бодови и гол разлики, нормално ограничување е да не може тие што играле прво во иста група, да играат пак и во 1/4 финале.