ЕП 2016 - елиминациона фаза (1/8, 1/4, 1/2 и финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е поголем експерт?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Cl4BT9AWYAArR1r.jpg


Мислам дека беа доста изненадување за викендов со Португалциве вчера :)
 
Пак со Канте, Матуиди и Погба на средина. Нема да ме чуди да има продолженија.
 
Факт е дека со новиов формат има раздвижување на подобро или на полошо зависи како гледаме.
Мое мислење е дека не е лошо, затоа што и помали репрезентации имаат какви такви шанси за успех кој што во претходниот формат им беа доста мали.
Е сега убаво е што е неизвесно до последно коло во групите, ама пак од друга страна тоа што немаше доста голови (иако и тоа е дискутабилно дали имаше доволно голови) е резултат на тактизирањето на екипите и претпазливоста во играта подобро да не изгубиме па макар и не сме победиле.
Oва некои што пишувате да би биле 32екипи и јас мислам дека ќе е поинтересно, како и да е и за нас малите (реп. на Македонија) така ќе се поголеми шансите за пласман на завршницата, ама пак се плашам да не бидат квалификациите не интересни оти факт е пола група би се пласирала понатаму што значи ако се оди на 32екипи ќе мора да има промена и во квалификациската рунда.
 
Ова за Италија ретко изостанува во некој пост, како меморирано ви е на повеќето :icon_mrgr:

Да другар вкрстуваат позициите, не тимовите, ама јас велам дека потценети се групите, а не индивидуално репрезентациите. Не може првото место од групата Б на пример да наидува на третопласирана репрезентација, а победникот на Ф на второпласирана репрезентација. По кој критериум е ова доделено, каде е овде праведноста во системот?

Сега може да кажеш дека не се знаело унапред, можеби трето место Германија и Шпанија ќе завршеле, ама жими таквото дека не се знае оти трето место ќе се неквалитетни земји. Секоја споредба со ЛШ или било кое натпреварување кое има 16 или 32 учесници паѓа во вода, бидејќи таму јасно се знае, понатаму одат прво и второ место и нема никакви компликации. Секој со ксметот :)

На ова првенство УЕФА си зела за право да утврди од која група првото место ќе добие евентуално послаб противник, а која подобар противник. Фали уште да утврдиле од кои две групи третите места нема да се пласираат за комплетна да беше сликата.

Да бе, знаевме дека Велс и Унгарија ќе завршат први а Португалија трета.

Со време си е одреден само форматот, псоле дознаваме која репрезентација нема да има ксмет и ќе се падне во последните 2 ггрупи па и ако заврши првопласирана ќе игра против второпласиран. Форматот нема врска со квалитетот на турнирот. Ако имаше групи од по 5 или 6 екипи, тек тогаш можеше да зборуваме за тоа.

За Италија ќе се расправаме до утре, не ви реплицирам за тоа. :D
 
Пак со Канте, Матуиди и Погба на средина. Нема да ме чуди да има продолженија.
И јас дојдов истово да го пишам. Ако веќе и на оваа утакмица не му профункционира тројкава, никогаш нема. Се гледа дека Дешамп е изгубен у свемирот и веќе нема ни идеи што да проба за потечна игра. На мускули ќе проба да турне еден гол и денес и доста е.
 
Колку ми е криво за Хрватска еј...катастрофа!

А сега од 3 се надевам дека кармата уште еднаш ќе покаже дека е кучка и дека Французиве ќе си остана со курот у рука.
 
Oва некои што пишувате да би биле 32екипи и јас мислам дека ќе е поинтересно, како и да е и за нас малите (реп. на Македонија) така ќе се поголеми шансите за пласман на завршницата, ама пак се плашам да не бидат квалификациите не интересни оти факт е пола група би се пласирала понатаму што значи ако се оди на 32екипи ќе мора да има промена и во квалификациската рунда.

Во Европа има отприлика 50 држави. 46 да обезбедуваат пласман на првенство, Македонија пак нема да се пласира, затоа што во моментов е во последните 4, заедно со Сан Марино, Андора и Малта. Луксембург и Фарските Острови се во моментов подобри од нас.
 
Јас очекувам интересен дуел со голови помеѓу Франција и Ирска без разлика што Дешамп игра со Матуиди, Погба и Канте во средина. Зезната репрезентација се Ирциве кога можеа и на двата натпревари во квалификациите да им шибнат по еден гол на Германија и Полска не гледам зошто не би можеле и против Франција да погодат и да ја направат поинтересна утакмицава

Плус Кош и Рами имаат жолти картони од предходнава со Швајцарија, ќе мора да играат “помеко“ инаку нема да играат во 1/4 финале
 
Ова за Италија ретко изостанува во некој пост, како меморирано ви е на повеќето :icon_mrgr:

Да другар вкрстуваат позициите, не тимовите, ама јас велам дека потценети се групите, а не индивидуално репрезентациите. Не може првото место од групата Б на пример да наидува на третопласирана репрезентација, а победникот на Ф на второпласирана репрезентација. По кој критериум е ова доделено, каде е овде праведноста во системот?

Сега може да кажеш дека не се знаело унапред, можеби трето место Германија и Шпанија ќе завршеле, ама жими таквото дека не се знае оти трето место ќе се неквалитетни земји. Секоја споредба со ЛШ или било кое натпреварување кое има 16 или 32 учесници паѓа во вода, бидејќи таму јасно се знае, понатаму одат прво и второ место и нема никакви компликации. Секој со ксметот :)

На ова првенство УЕФА си зела за право да утврди од која група првото место ќе добие евентуално послаб противник, а која подобар противник. Фали уште да утврдиле од кои две групи третите места нема да се пласираат за комплетна да беше сликата.
Уствари за што се буниш ти? Некакви права се нарушени или хипстер изиграваш? :D

Значи колку што знам, која група со кој вкрстува беше однапред познато. Што јас го подржувам тоа затоа што од старт ми е тргнат сомнежот дека нешто е наместено. Сигурно се сеќаваш на дискусиите што ги имаме за ЛШ како тоа не паднале во четврт-финале гигантиве ниту еднаш и слични срања. Е ова е лек за тие дискусии, крај.

И друже, од погрешен аспект гледаш на "проблемов". Тебе ти смета зошто првопласираниот од некоја група да добие третопласирана екипа а некој второпласирана. Ама погоди што, тоа не треба на никого да го интересира зошто не е целта да им се "угоди" на најдобрите. Едноставно е, има формула кој каде оди и целта е да им се даде шанса на најдобрите третопласирани кој не се снашле доволно во групата да покажат што знаат а патем да ги пополнат местата да се состават осмина-финални двојки. Па ако се способни нека тепаат и првопласирана екипа и нека продолжат понатаму. Чист пример од вчера ти е Португалија. Тоа го прави турниров понеизвесен и поразновиден.

И последниот параграф, ќе повторам уште еднаш. УЕФА не може да утврди кој ќе земи послаб противник зошто однапред се направени шаблони. А како што знаеме до последниот ден во игра беа Албанија и Турција што доколку обезбедеа место, двојкиве ќе изгледаа тотално поразлично.

Еве ти се сите можни комбинации што натпреварувањево го прави најтранспарентно до сега од неговото постоење. Останатото е најдобриот и најснаодливиот нека победи.

TABLE2.jpg
 
Брејдииииии
 
Ама мрзам вакви "пенали"...
 
Ама мрзам вакви "пенали"...
Карма, раката од Анри..

Рицоли еј, 'еден од најдобрите судии во светот' според кој? Калински или Драган 'Х. Потер' Николовски? :busi:

Овој Дешамп е најлошиот тренер/селектор што постои, да му ебам зажарената фаца!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom