Евровизија 2016 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Џастин Тимберлејк беше најдобар и да имаше настап уште 2-3 песни мислам дека се другото ќе го фрлеше во сенка.

Искрено мое мислење е дека треба да се направи и верзија за цел свет а не само да има за европа. Така мислам дека ќе се стави ред и нема да има мешање во Евровизија на земји кој не се дел од европа.

Ако може да има еднаш годишно европоско и еднаш годишно светско во спорт (читај фудбал, кошарка и ред други спортови) може и во музика вака да се направи.

Се сложвам. Баш истото го коментирав вчера. Евровизија е доволно популарна како бренд па мислам дека Австралија е тест пред евентуална следна фаза која би вклучила повеќе земји надвор од Еу и евентуална експанзија низ цел свет.
 
И од кога викам, единствениот начин за ние да влеземе во финале и да добиеме добар пласман во финале е да испратиме тежок турбофолк. Европјаните се ладен народ, им треба нешто да ги дрмне, да ги раздвижи:D

Баш за турбо фолк не знам, ама кога веќе сме на темава, ме чуди како никогаш немавме храброст (да не употребам сега еден друг збор од четири букви што започнува на м) да експериментираме. Се некако се трудиме да пратиме озбилни песни, па сериозно да сме ја претставеле државата, па се внимава на детали, па на сценски настапи што имале некакво значење, бла бла бла...

А некои земји направија успех со тоа што пратија нешто поинакво од другите. Па дури и преку зафрканција. Се сеќавам кога Литванија се пласираше одлично со We Are The Winners, песна што ја тролаше Евровизија. Или најдобриот успех на Молдавија го имаат Здоб си Здуб со бабата што тупа на тапани. Еве и Црна Гора постојано ризикува, некој веќе пишуваше за тоа на форумов. Е сега не им се исплатеше со Рамбо Амадеус ама барем останаа запаметени по нешто поинакво...

Нека пробаат барем еднаш на Евровизија да се прати некој друг стил, да се избере некој таков изведувач и да му се даде целосна креативна слобода. Најблиску до тоа бевме кога Сленг за малку не отидоа во 2009 со Генгста оро. Сигурен сум дека ќе беа добро прифатени на Евросонг.
 
Секоја година се помалце и помалце испишани страни :cool:

Мислам дека ова е повеќе проблем на Кајгана отколку на Евровизија.
Евровизија си има некој интересен лав ми хејт ми моментум секоја година.
Искрено јас мислам дека Кајгана има мини егзодус. Незнам какви им се бројките ама голем број староседелци веќе ги нема на форумов.
Другите медиуми како Фејс, Твитер и сл си го земаат лебот и во Македонија. Ама ајде не е тема на муабет ова.[DOUBLEPOST=1463322961][/DOUBLEPOST]
Баш за турбо фолк не знам, ама кога веќе сме на темава, ме чуди како никогаш немавме храброст (да не употребам сега еден друг збор од четири букви што започнува на м) да експериментираме. Се некако се трудиме да пратиме озбилни песни, па сериозно да сме ја претставеле државата, па се внимава на детали, па на сценски настапи што имале некакво значење, бла бла бла...

А некои земји направија успех со тоа што пратија нешто поинакво од другите. Па дури и преку зафрканција. Се сеќавам кога Литванија се пласираше одлично со We Are The Winners, песна што ја тролаше Евровизија. Или најдобриот успех на Молдавија го имаат Здоб си Здуб со бабата што тупа на тапани. Еве и Црна Гора постојано ризикува, некој веќе пишуваше за тоа на форумов. Е сега не им се исплатеше со Рамбо Амадеус ама барем останаа запаметени по нешто поинакво...

Нека пробаат барем еднаш на Евровизија да се прати некој друг стил, да се избере некој таков изведувач и да му се даде целосна креативна слобода. Најблиску до тоа бевме кога Сленг за малку не отидоа во 2009 со Генгста оро. Сигурен сум дека ќе беа добро прифатени на Евросонг.
Можеби и му треба на Македонија некој таков настап. Во најмала рака за да добиеме малку на внимание. Лудаците се секогаш интересни.
 
Лелелелелелел и ЦИА ја замеша во Евровизија :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:. Русија имала подобра песна :pos::pos::pos::pos:. Темплејт песна од втора декада на 21ви век, иста како ланската победничка и милион други како неа.

Се слушате ли што зборувате бе? Имате малку слух за музика настрана од Антена 5 хитчиња и кафанска музика?

Кога немало политички песни на Евровизија? Украина 2005, Ерменија лани, Каролина наша во 2002, Ај лав Беларус пред некоја година....да не чепкам по Википедија да се присетувам ќе најдам уште 10 минимум.

Илјада посто, пеесе посто заслужена победа. :cuc:

Извинете гoспoдине, би биле ли љубезни дa ни кaжете кaде вие гo стекнaвте вaшетo ценетo музичкo oбрaзoвaние ?


Не, нaјјaки сте ми вие oпaсните музички критичaри. Сте ислушaле пo некoј aлбум и си мислите декa сте јa изнислиле музикaтa.
Абе држ ме мaјкo се испoсрaв е рaбoтaвa.
Истиoв муaбет кo мене вчерa шo ми гo "oбјaснувaa". Кao ти пoјмa немaш јa сум бoг зa музикa. Сaмo шo ирoнијaтa у мoите муaбети беше шo ми викaaт јa не сум пoчитувaл туѓo мислење, a у истo време oни мoетo мсилење гo мнoжaт сo 0 зoштo нели oни се тие еминентните музички критичaри. Акo oни не дaдaт прoлaзнa oценa зa некoј, тури му пепел...

Мoже кaкo шoк ќе ви дoјде oвa, aмa никoј не ве ебе ни 2 пoстo зa вaшaвa "музичкa експертизa". Шo пoбрзo сфaтите тoa пoдoбрo, oкеј ?
Ај бркaјте си рaбoтa сеa.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Малта требаше да победи.
Најака беше реакцијата во арената кога се прочита дека Чешка не освоила ништо од телевотингот, но затоа од жирито собра солидни поени :aplauz:
И најголемо изненадување ми е пласманот на Австрија, Литванија :facepalm: и Грузија. За другите сосема очекувано.
 
На што јазик пеела Украинкава бе?

Како тепала боже сачувај....

А баш од репризава нешто што фатив..солидни песни има бе..машала, не знам зашто ја хејтаат Евровизијава далеку подобра од ланската....

Од мене тамбс даун за победников имаше бољи песни.

Здравје боже догодина можда ќе пратиме некоја весела песна што стварно е ок, пошто во последно време песниве што ги праќаме ни се поприлично тапа....немогуче да неаме ниеден човек со енергија у државава? Па да му еам матер Раде Рогожаров ако треба да го пратиме бољи настап ќе има од Калиопи годинава...90% од настапиве наши се состојат од стоење у место..
 
Баш за турбо фолк не знам, ама кога веќе сме на темава, ме чуди како никогаш немавме храброст (да не употребам сега еден друг збор од четири букви што започнува на м) да експериментираме. Се некако се трудиме да пратиме озбилни песни, па сериозно да сме ја претставеле државата, па се внимава на детали, па на сценски настапи што имале некакво значење, бла бла бла...

А некои земји направија успех со тоа што пратија нешто поинакво од другите. Па дури и преку зафрканција. Се сеќавам кога Литванија се пласираше одлично со We Are The Winners, песна што ја тролаше Евровизија. Или најдобриот успех на Молдавија го имаат Здоб си Здуб со бабата што тупа на тапани. Еве и Црна Гора постојано ризикува, некој веќе пишуваше за тоа на форумов. Е сега не им се исплатеше со Рамбо Амадеус ама барем останаа запаметени по нешто поинакво...

Нека пробаат барем еднаш на Евровизија да се прати некој друг стил, да се избере некој таков изведувач и да му се даде целосна креативна слобода. Најблиску до тоа бевме кога Сленг за малку не отидоа во 2009 со Генгста оро. Сигурен сум дека ќе беа добро прифатени на Евросонг.
Како пример за успешна евровизиска песна и хит кој се до ден денес се слуша е Dancing Lasha Tumbai на Верка Сердучка од Украина во 2007та година. Маж маскиран во жена, изглед циркус и никакви гласовни способности, мислиш гледаш Твоето Лице Звучи Познато, но затоа музиката, сцената и кореографијата им беа откачени и освоија второ место. Можеби не победија тогаш, но таа песна е многу поголем хит од некоја друга која победила.

И ние сме имале шанса да пратиме нешто весело, лудо, разиграно.............., кое можеби ќе ни обезбедело добар пласман, но ние сме такви што ако е нешто такво го плукаме, праќаме нешто што е наводно прифатено, па тоа ако не освои добро место и тоа го плукаме. Еве да ги испратевме Боки 13, Биг Мама и Ферус, сигурно ќе имавме доста добар пласман.



И друго.............., ние сме таков народ што кај не го цениме своето, па и плукаме по него. Порано Калиопи пола ја сакаа, пола не, но отиде на Евровизија, влезе во финале и од тогаш до оваа година ја сметаа за дива и ѕвезда. Годинава не влезе во финале и одма приказни од типот Калиопи е ваква, Калиопи е таква. Уствари и Калиопи си се зезна што отиде пак на Евровизија.
 
Баш за турбо фолк не знам, ама кога веќе сме на темава, ме чуди како никогаш немавме храброст (да не употребам сега еден друг збор од четири букви што започнува на м) да експериментираме. Се некако се трудиме да пратиме озбилни песни, па сериозно да сме ја претставеле државата, па се внимава на детали, па на сценски настапи што имале некакво значење, бла бла бла...

А некои земји направија успех со тоа што пратија нешто поинакво од другите. Па дури и преку зафрканција. Се сеќавам кога Литванија се пласираше одлично со We Are The Winners, песна што ја тролаше Евровизија. Или најдобриот успех на Молдавија го имаат Здоб си Здуб со бабата што тупа на тапани. Еве и Црна Гора постојано ризикува, некој веќе пишуваше за тоа на форумов. Е сега не им се исплатеше со Рамбо Амадеус ама барем останаа запаметени по нешто поинакво...

Нека пробаат барем еднаш на Евровизија да се прати некој друг стил, да се избере некој таков изведувач и да му се даде целосна креативна слобода. Најблиску до тоа бевме кога Сленг за малку не отидоа во 2009 со Генгста оро. Сигурен сум дека ќе беа добро прифатени на Евросонг.
Имавме такво нешто сличен стил креативен на еден од Скопскиот фестивал кога беше избор на песна и претставни за на Евровизија но не успеа да победи. Таа песна беше на Рок Агресори Динг Донг се викаше и целиот текст беше Динг донг динг донг диридири донг Динг донг....

Мислам дека могумина тогаш се сложуваа вака на интернет дека е песна за на Евровизија

https://www.youtube.com/watch?v=eIdVDVvuBng

После пак истиот шашав лик се појави на Скопскиот фестивал со песна Кукурику
https://www.youtube.com/watch?v=RPuFC7JurTc


Сепак мислам дека не треба до толку да се оди со текстот шашав да биде. Нека биде креативен и изведувачот да има слобода на изразување но нека си има некоја граница а не да се пее се и сешто.
 
А ти малку да си го прошириш вкусот за музика?
Како ме роустна сега, ко тоа шо си ислушал некоја бош песна со под 10000 гледаност да ти пораснал пет сантима :LOL: вкусот за музика. :ROFLMAO:

Ќе праиме муабет по некоја година кога песнава ќе исчезне од сеќавањето. Само времето е вистински тест на музиката. А на јакава песна веќе и се при крај минутите.

Ако вака памтите рефрен од некоја песна што победила после Лорен-Еуфорија, кажете си.
Евровизија е издишан настан што веќе никој не го сфаќа сериозно. А после политичкиов кикс, може да се преименува во Еуротрешвижн.
 
Последно уредено:
ххааха украинската била добра песна и луѓево што се палат на неа откако победи се правите musique connaisseurs, другите трева пасиме. :tapp:
 
Дванаесетките, од жири и телефонско гласање. Тоа се тие шеми. :D

8MbPgyD.jpg

3UEhJan.jpg
 
Животот е премногу краток, за да си го трошиш на сериозно коментирање за евровизиски песни :D

#ОткриЕднаГрупаНаучнициОдВелс
 
Јас лично си помислив на тоа дека Украина има шанси за победа уште кога видов колку прегледи има настапот на Јутуб од полуфиналната вечер, но сепак воглавно мислев дека ќе победи некоја друга држава.

И ова со делењево на преголеми поени ми личи на голема местенка. До лани беше, секоја држава си дели поени и го имаме победникот, па така оваа година победник и требаше да биде Австралија. Башка нашите гласови беа пресмешни и налик наместени............, 12 поени на Украина и дадовме, а 6 и 7 на Хрватска и Србија:ROFLMAO:

И од кога викам, единствениот начин за ние да влеземе во финале и да добиеме добар пласман во финале е да испратиме тежок турбофолк. Европјаните се ладен народ, им треба нешто да ги дрмне, да ги раздвижи:D
Толку не разбираш дека натпреварувањево е политика? И да се соблече некоја скроз гола на сцена и така да пее, пак нема да победиме, и турбофолк да пратиме пак нема да победиме, и педери и лезбејЌи да пратиме пак нема да победиме, бидејќи се е политика. Што пишиш глупости само, демек некој го сфаќа натпреварувањево за нормално и ненаместено.
 
А шо бараше Австралија на Евровизија ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom