Game of Thrones

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
u prva sezona baram ja siluvaa.od togas navamu ne siluva ona so glumata
Се вообрази госпоѓата многу дека веќе нема цицки да покажува, дури и на сценава од денешнава епизода, се намачија луѓето да не покажат нешто вишка, а ваму Џон Сноу ги почасти жените (и мажите со поинаква определба) со своето голо воскреснато тело.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Полека почнува да се развива нешто сезонава.
Старк од почеток ми се најјака фамилија, заедно со Тирион омилени. Флешовите со Бран ми се супер, знаев дека ќе прекинат на најинтересното, али ајде. Арија стана никој, конечно после цел ќотек. Рикон конечно се појави и се изнервирав за волкот у пм. Џон којзнае каде замина, и којзнае дали ќе има некои последици од воскреснувањето кои епизодава не ги видовме.
Деловите со нив ми се интересни, се друго ми беше многу досадно. Дени пак да не прајме муабет, се надевам ќе си вари чај со тие вдовиците и ќе ја заборават дека постои.
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
599
Поени од реакции
407
Мали Џон ми остави најголем впечаток епизодава. Без никаков респект му влезе клизачи на Ремзи. Целава ситуација со Рикон ми е сомнителна. Umber од секогаш биле тешки Stark лојалисти. А ако стварно се удружат северњациве против Jon Snow и дивјаците тогаш целиот тој хајп околу The North remembers паѓа во вода.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Прејака епизода луѓе не се ни сомневав дека нема да биде така... Tower of joy секако најдобра сцена се на се.. Едноставно уживам во флешбековите на Бран, знаев дека ќе прекинат на главното и тоа е она што не интригира уште повеќе.. Очекувам сезоната да ја завршат со фул сцена Tower of joy инаку не знам што би кренало повеќе хајп за до наредната, како и да е рано е да кажеме искрено се надевам дека ќе ја откријат вистината за Џон оваа сезона јер на никој не му се чека уште една година..

Воскреснатиот Џон - солзи пролеав на сцените со него.. Јасно е дека иде за Винтерфел.
Ме бендсаја претпоставките за Рикон и Оша и Умбер за таен заговор да го скинат Ремзи, и онака излезе спојлер уште порано дека оваа сезона Ремзи умира.. Се надевам нема да го искасапи Рикон и го ретвори во Рик (ама си одговараат името и прекарот почнувам да се плашам :LOL:)
Главата од волкот милион посто сум сигурна дека не е шегидог, Ремзи и онака никогаш не го видел direwolf-от на Рикон па од каде би знаел дали е тој или е некој рандом волк, кога не го позна Рикон тогаш како би го познал него o_O

Кингс Лендинг се буричка многу, врапциве ќе го чапнат Томен пуси Баратеон.. Серси ги доби птичките, малиот совет е против кралицата.. Ќе има добра битка тука, Олена ја обожавам како лик, итра, лукава, достоинствена..

Тирион некако го направија офф спотлајт, му ја украдоа славата.. Сакам пожестоки сцени со него, да успее да воведе ред во Мирин, да смисли лукав план како да ги сотрие и овие господарите.
Не ми ја плукајте Денерис, сигурна сум дека ќе има јак пресврт тука и на крајот сите ќе останете вакви :eek: Водечки лик во Гот е сепак..

Настаните имаат одличен тек, минутажата на секој лик е со причина.. Едвај чекам Old town i the citadel.. засега најинтригантна приказна што ни следи, и сигурно ќе ги крие клучните моменти.
:cuc:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733


Едина мала замерка би била и во претходниот флешбек, нема потреба толку преку дијалог и со зборови да се објаснуваат некои работи, како на пример кој е Нед, кој е Халанд Рид, па претходно дека девојката што дојава во дворот е Лијана, дека малите во дворот се Нед и браќата, на секој малце подетално што ја прати серијата јасни му се тие работи и без објаснување.
Но ги разбирам продуцентите зошто го прават тоа, за гледачите кои не ги читале книгите или не читаат статии или гледаат дополнителни видеа за GOT и АSOIAF универзумот да знаат што се случува.

Што би рекол @Darko_ufo, тоа го прават за нормалните гледачи на серијалот а не за нас "ненормално" љубопитните кои читаме книги, форуми, reddit и се што е поврзано. Пошто нели, најглолем грев е да бараш информации во време на интернетот. SHAME SHAME SHAME for us, треба да бидеме просечен глорихантер гледач кој ја глеа серијата само за цицки и не се потресува на приказната.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Што би рекол @Darko_ufo, тоа го прават за нормалните гледачи на серијалот а не за нас "ненормално" љубопитните кои читаме книги, форуми, reddit и се што е поврзано. Пошто нели, најглолем грев е да бараш информации во време на интернетот. SHAME SHAME SHAME for us, треба да бидеме просечен глорихантер гледач кој ја глеа серијата само за цицки и не се потресува на приказната.
И за тие кои знаат да проценат кои дијалози се тапа и да изрежираат подобро некоја сцена како и да оценат кој сценарист не си ја знае добро работата и каде ја утнал, за оние со добро истренирани очи кои можат да ги забележат и најситните грешки од 3Д па се до изговарањето на зборовите, за екстра талентираните генијалци кои можат да ја предвидат секоја ситуација истражувајќи по форумите и Редит заедницата, за оние кои сакаат да се фалат со туѓите теории и на себе да си ги препишуваат забелешките (во стил уште додека ја гледав епизодата тоа прво во очи ми падна), за оние кои прочитале кој дел треба да го просерат а кој дел да биде добар... итн.итн.итн...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Што би рекол @Darko_ufo, тоа го прават за нормалните гледачи на серијалот а не за нас "ненормално" љубопитните кои читаме книги, форуми, reddit и се што е поврзано. Пошто нели, најглолем грев е да бараш информации во време на интернетот. SHAME SHAME SHAME for us, треба да бидеме просечен глорихантер гледач кој ја глеа серијата само за цицки и не се потресува на приказната.
Да не се лажеме, 90% од гледачите на серијата се такви, ретко кој дури ги има изгледано и официјалните анимирани видеа што ги пушта HBO секоја сезона. Затоа стално викам, кога критикуваме дека некои приказни се споени или некои ликови отфрлени, треба да имаме предвид дека голем дел од гледачите и овие ликови не можат да ги запамтат и пратат. Ја лично би сакал уште побогата приказна и повеќе ликови, и повеќе епизоди и повеќе сезони... Но ете задоволен сум и со ова што го имаме.

А @Darko_ufo е во право, има па луѓе кои останаа да ја следат серијата само заради мрчење и ситничарање.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Да не се лажеме, 90% од гледачите на серијата се такви, ретко кој дури ги има изгледано и официјалните анимирани видеа што ги пушта HBO секоја сезона. Затоа стално викам, кога критикуваме дека некои приказни се споени или некои ликови отфрлени, треба да имаме предвид дека голем дел од гледачите и овие ликови не можат да ги запамтат и пратат. Ја лично би сакал уште побогата приказна и повеќе ликови, и повеќе епизоди и повеќе сезони... Но ете задоволен сум и со ова што го имаме.

А @Darko_ufo е во право, има па луѓе кои останаа да ја следат серијата само заради мрчење и ситничарање.
Не па види според мене тие ликови се големи фанови на серијата а тоа сакаат да го докажат со тоа што ќе просерат нешто у стил ''Абе не е тоа тоа, многу им опадна квалитетот со дијалозите'' демек од што толку многу се разбира... Тоа ми смета мене, а не дека јас не читам форуми, Редит не дека не сум ги гледал сите видеа...

У стил кој е поголем фан на серијава и кој повеќе се разбира. Јас разбирам и критика и се ама да биде содржајна еве сега можам да почнам тука да кукам како што кукаат на Твитер у стил '' Како бе го убија SHAGGYDOG.'' и да го следам овој тренд за да бидам КУЛ. BuzzFeed
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
@Darko_ufo @Bateman

За замерките, збориме за очигледни глупости ко сценариото во Dorne. За да увидиш дека тоа е срање не треба да си професионален режисер. Или па за лошиот избор за arc-от на некои карактери да се движи различно од оригиналната.

Не мора да си професионален филмаџија за да увидиш колку е опаднат квалитетот од претходните сезони.

Глупи замерки мразам и јас. Мразам константно хејтање на серијата. Но мразам и константно бранење на серијата, а има такви моментално. Нешто што се дешаваше и со Breaking Bad. Иако очигледно беше дека имаше срање епизоди, истите од неуморливите fanboys беа преисхајпани.

Всушност најголемо зло беа тие кои претходните сезони влагаа на Википедија, читаа кој ќе загине и после спојлерисуваа со мисла дека ќе испаднат фраери.

Додека да прочиташ интересна теорија и таа да ја споделиш на соодветната публика, не гледам ништо лошо во тоа. Ашколсун да ни текнуваше токму нас на форумов на најзаебаните тероии, ама има забегани луѓе кои обрнуваат внимание на секој детал. Но ако некој пише некоја теорија/претпоставка овде, не значи дека ја прочитал на нет, можеби е негова.

Најдоброто нешто што и се случи на серијава: Што стана најпопуларна серија ever.
Најлошото нешто што и се случи на серијава: Што стана најпопуларна серија еver.

па почна да ја гледа секој и HBO мора да им удоволи на просечните. Затоа имаме објаснувања кој бил и и што бил, пошто 90% знаат само 5 лика од серијата.

btw, еве ја сум на различно мнение од мнозинството од фан-базата (не зборам за глорихантерите овде) дека Umbers имаат main master plan со Rickon. Кај Мартин можеби, овде со оглед на убивањето на Руз од страна на Ремзи, сосема е сулудо да му дадеш кого било во близина со надеж дека нема да го скине ако не му удри психата на лево. Мислам дека ќе го кокне и Рикон иако би сакал да биде обратно.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Уфо што се напна толку, немаше да ставам 9,5 оцена ако не беше добра епизодата. А секако имам право да кажам кога нешто не ми се допаѓа, немора да бидам филмски критичар ни сценарист.

@Шкорпион Тројца треба да се, Gerold Hightower, Arthur Dayne и Oswell Whent. Ама во серијата само два имаше од кој едниот умре уште на непочната битка па затоа реков сам против седумина.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Многу се сложувам со @Darko_ufo, човече колку ја тупите со тоа „дијалозите не се тоа што беа“, „слаба е глумата“, „сем и инцестоидната се досадни“, „Џон јачи него икада“. Проѕирни, досадни и дури би рекол вообразени. Ко да се чека секоја епизода да заврши за кој „постручен“ и „подлабок“ коментар ќе даде, кој каква „грешка“ ќе најде. Гледајте и уживајте во мастерписот, не отекувајте со тие вана би режисерско/писателски замерки.[DOUBLEPOST=1462837677][/DOUBLEPOST]И секако, Оли копиле пошто го збрца Сноу а Сноу не е копиле (добро, копиле е...) што катаљарда години војна и обврска и даден збор, заклетва, за борба против вајлдлингс ги пушти у вода.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Па секако дивјаците не треба да се на таа страна од ѕидот. Тоа што Алисер мислеше дека тие се непријатели беше глупо.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не може Арја да го убие Џон, приказната не може да продолжи без него, без Арја може.

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.165
Поени од реакции
6.046
И секако, Оли копиле пошто го збрца Сноу а Сноу не е копиле (добро, копиле е...) што катаљарда години војна и обврска и даден збор, заклетва, за борба против вајлдлингс ги пушти у вода.
Во заклетвата на Night's Watch никаде не се спомнува борба против дивјаците.

I am the shield that guards the realms of men.

Задача на Night's Watch е да ги штитат луѓето од White Walkers. Тоа е и намената на ѕидот, да ги спречи White Walkers да отидат на југ. Тоа што живеат луѓе на север од ѕидот не значи дека тие се непријатели. И тие се луѓе. И сега кога доаѓаат White Walkers, и тие луѓе треба да бидат заштитени. А како да бидат заштитени на друг начин освен ако не бидат пуштени да го поминат ѕидот?

Така да јас сметам дека Џон Сноу не ја прекрши заклетвата и не ги предаде Night's Watch со тоа што ги пушти дивјаците. Тоа што претходните команданти го чувале ѕидот од дивјаци и се бореле против нив е резултат на тоа што White Walkers ги немало можда 1000 години или повеќе, па морале да си најдат нов непријател против кој ќе се борат. Не викам дека не биле во право, само си ја извршувале должноста и си ја сфаќале заклетвата на свој начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom