Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Еве нешто интересно од наша продукција, бар според сликите. Краткометражен игран филм - Еклер. Времетраење 27 мин.
Ќе игра во Милениум од 5 мај, претпоставувам пред Лазар, како што правеа со Долу од рајот и Revenant.
 
Многу интересно ми изгледа ова, некој да направи на letterboxd профил? Треба да почниме за краткометражните да направиме профили, а воедно сакам да прашам има ли некој од последните 2-3 години краткометражен достапен да се изгледа целосно некаде?
 
Четврток на Милчо Манчевски, ако не си го гледал.
 
Епизодист

Еден од подобрите кратки македонски филмови на Изи филмот, незнам чоекот шо му е станато сеа, се после ова негово ми е срање. Инаку со филмот има во Локрано земано златен леопард и номиниран во Берлин за златна мечка бил.
 
Четврток на Милчо Манчевски, ако не си го гледал.
Гледан ми е, ама последниве 2-3 години испаднаа многу кратки филмови кои се даваа бесплатно на нашиве фестивали а ниеднаш немав време да ги изгледам.
 
Еден од подобрите кратки македонски филмови на Изи филмот, незнам чоекот шо му е станато сеа, се после ова негово ми е срање. Инаку со филмот има во Локрано земано златен леопард и номиниран во Берлин за златна мечка бил.
Одличен е краткиов Бубачки за наши услови. Тмурни и темни сцени, добри кадри и интересна мрачна приказна. Дефинитивно вреди потрошеното време за филмов.
 
Гледан ми е, ама последниве 2-3 години испаднаа многу кратки филмови кои се даваа бесплатно на нашиве фестивали а ниеднаш немав време да ги изгледам.
Многу тешко од последниве 2-3 години. Еве Епизодист од 2010/2011 дури сега февруари месец мислам постираа линк со пасворд, претходно само ако имаш познаници во екипата па да ти дадат да го гледаш. Според зборовите на еден режисер на вакви филмчиња, имаат договори со дистрибутерските куќи во кои стои дека филмот не смее да биде на интернет 5 години од премиерата. Е сега зависи од дистрибутерот и режисерот дали ќе се согласи на таков чекор.[DOUBLEPOST=1462432913][/DOUBLEPOST]Од завчера достапен е и документарецов за студентскиот Гоце.[DOUBLEPOST=1462436060][/DOUBLEPOST]П.П.С. @MyloXyloto
ЏГАН УШТЕ САМО ОВАА НЕДЕЛА НА РЕПЕРТОАРОТ НА КИНО МИЛЕНИУМ СКОПЈЕ ОД 18:00ч.
За сите кои сеуште не сте го погледнале ЏГАН, имате само уште неколку дена.....одете во кино!!!!
Да не речеш после не сме ти кажале.
 
Последно уредено:
Го глеав Џган пред 2-3 дена, приказната почнува супер, интересна тематика, али некако Вардан прохоливудски настроен со некои режисерски постапки што ги прави, исто и во монтажата се случува тоа. Драматургијата, права линеарна линија. Али едно не ми е јасно од која мака имаш 300 илјади евра, снимаш на ред камера или директорот на фотографија Самоиловски нема работено на Ари па не сакаме да експериментираме, глупости. Ете супер за 25 дена завршено снимање све супер, имаш еден куп натурчици, за кои немам збор сите се одлични, немаш многу професионални актери (Денис и Сара воопшто не ми се допаднаа), муабетот ми е немаш толку голем трошок за хонорари за актери, земи мајкаму стара едно Ари, гледаш дека пола филм ти е ноќе и снимај како човек извади добра слика. Вака со редот, пола мрак пола нојс, пола се гледа пола аут оф фокус.. Филмчето и тематиката супер, музиката нешто не ми се допадна. Идејата и пораката универзална и јасна, за што и како се работи и како се третираат маргирализираните луѓе во опшеството, какви се табуа постојат за нив и нормално дека најголемите криминалци секогаш ќе бидат на слобода, а луѓето што ќе украдат корка леб за да преживеат, цел живот ќе бидат бележани и отфрлени од опшеството. Муабетот на режисерот " не ДАЛИ насилството раѓа насилство, туку ДАЛИ ТРЕБА насилството да роди насилство".
Ликот на главниот протагонист во приказната Филип, многу ме потсеќаше со погледот и фацијаната експресија на "Gomer Pale" од Full Metal Jacket на Кјубрик.

Full_Metal_Jacket_Vincent_Donofrio.jpg
 
Што е Ари?
И со тој збор натурчик одете...
Го слушнав на едно интервју што го даваа личностите поврзани со филмот и го кажуваат како да е секојдневен збор.
Првпат го слушам, немаме таков збор во македонскиот речник, гугл не дава македонски резултати (веројатно скоро никаде не бил спомнат) и ми требаа десетина секунди да сфатам што значи зборот.
 
затоа што е натурШЧик, а не натурЧик. Мада и јас првпат го сретнав пред година/две. :D
 
Фала.
Македонски инфо вика
Лице што му позира на уметникот како модел; што позира без движење
Ова не ми е баш најсоодветно со моето сфаќање за користење на зборот натуршчик во случајов.
Јас натуршчик во случајов го разбирам како актер во филмот чија професија всушност не е глума, така?
 
Ќе ги гледам во понеделник сите три, и Џган, и Лазар и Еклер :D да го скинам Шуклев во понеделник и раат сум :LOL:
 
Кај ќе го најдеш Џган? Јас го испуштив, мака ми е.

EDIT: Ааа, во Милениум го имало уште! Nevermind.
 
Ок е бе џган, ништо woow али ок филмче, онака просече. Добро е што конечно после долго време гледав филм шо нема историска жичка :D. Добивам впечаток дека се поактивно македонскиве режисери се обидуваат и осмелуваат да снимаат посоцијални тематики, Соба со пијано, три дена во септември и сл. Сценариото ми беше како некој сиромашен микс од неколку филма/сцени/идеи меѓу кои Die Welle како прв (маестрален филм кој не гледал да гледа), нешто American History X, нешто од србиве шо имаа слично и така. Ми фалеше малку повеќе разработка на ликови (барем главниот) и некако посилен израз на тие психички срањеници после дешавката. Некако тој момент не допре до мене. Мигот со мачето беше сосема ок и такви фалеа повеќе (на тоа некако ставам фокус и замерка). Интересен одраз на трулоста во тие струења каде се сечат контурите на редот и хаосот.

6-6.5 oд мене.
 
Фала.
Македонски инфо вика
Лице што му позира на уметникот како модел; што позира без движење
Ова не ми е баш најсоодветно со моето сфаќање за користење на зборот натуршчик во случајов.
Јас натуршчик во случајов го разбирам како актер во филмот чија професија всушност не е глума, така?
невермајнд што дефиницијава не соодветствува со значењето аматерски глумец што е потребно во сите 170 статии и за Џган и за најновиот на Теона - „Кога денот немаше име“, важно е новинарите да се прават попаметни. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom