Се мислам за предлогот што го даваше Грујо за името: Суверена Република Македонија (Горна)
Потоа ги следам настаните во државава.
И заклучувам дека предлогот е глупав, смешен, промашен, значи никако не е реален и добар, нашата држава не е Суверена, пошто неколку држави се мешаат во внатрешните работи, замисли и една Белгија и Италија се спомнува. (Иванов ќе ја повлечел аболицијата, а изборите по втор пат сакаат да ги одложат)
(Горна), сепак ние сме многу долу, ниско, знам дека тоа е географско објаснување, ама такви зборови како Горна, Суверена, Голема, Напредна не ни личат.
Нашите политичари станаа како балканските старлети , им закажуваат состаноци по разни хотели, сега во Виена ќе бидат работани така петочно према сабота.
И Сораја ќе почне да ги љубомори нашите политичари, по побарани се и од нејзе.