Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.445
- Поени од реакции
- 19.082
Брат што зборуваш бре? Среќа имала ИталијаДруже имињата не играат. Чист пример Аргентина. Секое првенство им го читам составот и си викам овие со мижење по 10-0 ќе ги победуваат останатите или ќе се прошетаат до финале, а кутрите осмина или четврт финале и ќе им се истопори некоја гнасна репрезентација и ги отпаѓа.
Се согласувам дека Италија тактички е најспремна од сите репрезентации, но имаат среќа.
Пример е победата со Австралија во 2006. Шо тактика тука. Гросо падна во 90’ и судијата свирна пенал, којшто го реализираше Тоти. После тоа освоија.

Па тоа може да се каже за секој тим или репрезентација што освоила натпреварување што е од елиминационен карактер. Германија немаше среќа со Алжир пред две години или во финалето со зицерите на Аргентина? Шпанија немаше ли среќа 2010 кога се испотепаа по 1-0?
Мислам која ти е оваа логика, муабетот му доаѓа како абе Италија среќа имаше и затоа освои. Ама кога ќе го видиш составот од Буфон, Канаваро, Неста, Замброта, Пирло, Гатузо, Тоти, Дел Пиеро, Тони ќе си кажеш абе мора и нешто квалитет да имала оваа репрезентација. Па и од клупата влегуваа одлични играчи, Џилардино, Јакинта, Инзаги, Перота, Каморанези, Одо и да не ги набројувам. Плус на тоа додади го стратегот на клупата.
Мечот со Австралија кога го издвои заборави дека Италија играше со играч помалку од 50та минута некаде, без веза кога го исклучија Матераци. Исто така заборави да додадеш во 1/2 финалето со Германија дека и пред да ги дадат двата гола на крајот, имаа еден тон шанси меѓу кои две или три стативи погодија.
Може не ги сакаш нешто италјаните, ама ова "после тоа освоија" кога ти го прочитав си мислам некоја бајка да не читам. Мавнале со стапчето и оп светска круна.


вов, Пици и Санчез, млади и барани играчи, кои се бе овие, не ме дупи, 2ца играчи ми наброја и готово, а што праиме со старците кажи ми. 