Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Изглеа Феникс потврдил дека пронашол мраз на Марс.Прееска слушнав на РТС само не успеав убаво да разберам.Исто слушнав дека можно било под кората на Марс да има цел замрзнат океан.
Дополнителни информации дан има некој?
 

Darth Malak

Blue is the Colour
Член од
16 октомври 2007
Мислења
153
Поени од реакции
5
Вселенското летало на американската вселенска агенција НАСА “Феникс“ потврди постоење на вода на планетата Марс.

“Ова е прв пат навистина да се увериме во постоење на вода на Марс“, изјави научникот Вилијам Бојнтон од Универзитетот во Аризона.

Лабораториските тестови на леталото, според соопштението на НАСА, укажале на постоење на вода така што инструментот идентификувал испарувања кои се создале со загревање на примерок од земјата.

НАСА наведува дека операцијата “Феникс“ ќе продолжи од планираните три месеци, за уште 60 дена односно до 30 септември оваа година, поради “поволните услови на една од најинтересните локации на Марс“.

“Феникс“, по патувањето долго 680 милиони километри што траеше 296 денови, во мај 2008 година слета на северниот пол на Марс.


Превземено од makfax.com

BTW videte ja slikava
 

Attachments

S

SSS-Stolica

Гостин
Плутон сепак е планета?

Водечките астрономи велат дека на Плутон треба да му се врати статусот на планета. Вселенските научници, вклучувајќи ги и оние од НАСА, дебатираа на оваа тема на Меѓународната Унија на Астрономите, одговорна за номенклатурата на вселенските објекти.
Познато беше дека ова е најоддалечената планета од сончевиот систем, но 70 години по нејзиното откривање и се смени статусот на планета, поради малата големина и променливата позиција во сончевиот систем. Поради тоа Плутон, беше преименувана во нов вид на вселенски тела познати како плутонити.

Сепак научниците се жалат на оваа одлука на Унијата, поради тоа што сите ново откриени планети надвор од нашиот соларен систем, нема да бидат третирани како такви. Според тоа, сите нови мали и кружни тела, кои се движат зад орбитата на осмата планета Нептун, се сметаат за плутонити.
"Астрономите користат различни придавки како гигантска или џуџеста за да опишат објекти како планети, ѕвезди и галаксии, па зошто тогаш Плутон не може да се смета за џуџеста, а Јупитер за гигантска планета. Околу 90% од планетите кои се познати и се наоѓаат надвор од сончевиот систем, не можат да се класифицираат како планети според дефиницијата дадена од Меѓународната Унија на Астрономите", вели др. Дејвид Морисон директор на Планетарниот Научен Институт на НАСА, Калифорнија.
Според најавите, на дебатата, научниците требаа да дискутираат за критериумите според кои едно вселенско тело ќе се смета за планета. За сега не се познати исходите од разговорите на кои требаше да се разговара дали треба да се сметаат за планети само заоблените вселенски тела или пак треба да има и други форми кои можат да го добијат статусот, планета.

Ова ги плаши традиционалистите од Меѓународната Унија на Астрономите, кои стравуваат дека на овој начин со пронаоѓањето на нови и помали вселенски објекти, ќе се зголеми бројот на планетите во сончевиот систем.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Плутон сепак е планета?

Водечките астрономи велат дека на Плутон треба да му се врати статусот на планета. Вселенските научници, вклучувајќи ги и оние од НАСА, дебатираа на оваа тема на Меѓународната Унија на Астрономите, одговорна за номенклатурата на вселенските објекти.
Познато беше дека ова е најоддалечената планета од сончевиот систем, но 70 години по нејзиното откривање и се смени статусот на планета, поради малата големина и променливата позиција во сончевиот систем. Поради тоа Плутон, беше преименувана во нов вид на вселенски тела познати како плутонити.
Едноставно....

 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ова ги плаши традиционалистите од Меѓународната Унија на Астрономите, кои стравуваат дека на овој начин со пронаоѓањето на нови и помали вселенски објекти, ќе се зголеми бројот на планетите во сончевиот систем.
Традиционалисти и наука.... посебно астрономија некако не оди, каде е таму прогресот?
 
Член од
27 август 2008
Мислења
15
Поени од реакции
0
мала помош ако може ?

ЕЕ вака да ве прашам дали може некој да ми помогне?

Имам дигитален апарат Kodak EasyShare М873
и имам еден рефлектор-телескоп--- за аматери е одличен
со следниве карактеристики
Optical Design -Newtonian
Diameter -76mm
Focal Length -700mm
Scondary Mirror Diameter- 20mm
F/ratio -F/9.2
Highest Practical Power- 152x
Faintest Steller Magnitude- 12
Resoving Power -1.5
Finderscope- 6x24*
Focuser diameter -1.25”
Diagonal
Eyepiece(s) 1.25” Super 25 and 10*
Како да направам добра фотографија на месечината( ноќна фотографија) и преку ден фотографија на
пр. на далечните делови на градот ?
Ве молам за помош
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
НАСА денес е лидер во вселенските испитувања благодарение на програмата „Соѕвездие”, што почна во 2004 година. Според програмата, покрај Месечината предвидени се и мисии на Марс.

Американската агенција за испитување на вселената е формирана на 1 октомври 1958 година и е директно поврзана со лансирањето на првиот вештачки сателит на Земјата „Спутник-1” од тогашниот Советски Сојуз на 4 октомври 1957 година. Таквите настани го отпочнаа натпреварот во сферата на технологијата.

- Натпреварот поврзан со испраќањето на човекот на Месечината беше повеќе од вселенско истражување или чин на национална гордост. Натпреварот беше сметан за вистинско испитување на нашата демократија и за самиот концепт на слободата. Освен тоа СССР покажа дека успесите во вселената можат да обезбедат власт и влијание во светот, изјави директорот на НАСА, Мајкл Грифин.

НАСА во јули 1969 година испрати човек на Месечината, а потоа следат неколку неуспеси, меѓу кои и загуба на два вселенски брода.

НАСА денес е лидер во вселенските испитувања благодарение на програмата „Соѕвездие”, што почна во 2004 година. Според програмата, покрај Месечината предвидени се и мисии во Марс.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Индија ја испраќа првата мисија на Месечината






Индија ќе ја лансира денеска првата ракета на Месечината без човечки екипаж, со што ќе го покаже својот научен напредок во глобалното освојување на вселената.

Чандрајаан -1, леталото што го изгради Индиската организација за истражување на вселената (ИСРО), треба да биде лансирана денеска, и по 16 часа лет да влезе во месечевата орбита.

Индија го следи примерот на Кина и Јапонија. Кинеските астронаути, минатиот месец беа дочекани како херои по враќањето на Земјата, откако ја извршија првата прошетка низ вселената.

ИСРО инсистира дека целта на индиската мисија не е само зајакнувањето на националната гордост, туку и да се соберат вредни научни податоци.

Главна задача на индиската мисија е истражување на Хелиум-3, изотоп кој што е многу редок на Земјата, но е идеален за нуклеарна фузија и би можел да биде вреден извор на енергија во иднина. Се верува дека овој изотоп го има на Месечината во изобилство.

Мисијата, истовремено би требало да изврши истражување за драгоцени метали и води на Месечината.

Целиот проект чини 79 милиони долари, што е значително помалку од трошоците на кинеската експедиција, односно јапонската во 2007 година.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Можам да го замислам денот македонија кога ќе го стори тоа. Онака пола свет веќе на Марс преселен а ние го праќаме првиот човек во вселената. Би било еуфорично, а да и најлошото е што ја ќе скапувам тогаш под земја.

Туку ај он топик за она со индија. Ако добра работа е мислам тоа пак нека направат некои трки како што бвеа меѓу Русиве и Американците за месечината. побргу ќе се развиваат технологии и слично.
 

Zivko_MVP

Играј Со Најдобрите!!
Член од
6 април 2008
Мислења
72
Поени од реакции
0
Може ли да ми ја дадете сликата што машината која ја пуштиле да втре низ нашата планета(којк е ја даде + реп)!:kesa:
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Венецуела го лансираше својот прв сателит од Кина.

Со голема помош од Кина, и Венецуела успешно го лансираше својот прв сателит во орбитата. Сателитот Venesat-1 успешно беше лансиран од Кинескиот Центар Ксичанг со помош на Кинеската ракета од типот Long March 3II.
Официјалните лица на двете земји очекуваат оперативноста на сателитот да биде минимум 15 години, а проектот чини 406 милиони долари. Успешното лансирање беше поздравено од Пртседателот Хуго Чавез, кој изјави, “Овој сателит е сателит за слободата.”
Иако сателитот може да се користи за прислушкување на телефонски разговори, владата на Венецуела вели дека тој ќе се користи стриктно само за радио и TV трансмисии. Тој на илјадници луѓе во Венецуела, на различни и пред се одсечени локации, ќе им овозможи TV, радио и интернет пристап. Уште поважно, сателитот во ваквите области ќе овозможи теле-едукациски и медицински способности веднаш штом тој започне со својата работа.
Но сателитот најпрво мора да помине 3 месеци во рутински тестови и проверки, и неговото пуштање во функција ќе биде во 2009 година.
Опсегот на услужување на сателитот ќе биде од Мексико до Аргентина, и официјалните лица велат дека нациите во тој опсег ќе имаат можност за најразлични телекомуникациски услуги.

Со оваа мисија, Венецуела се приклучи на Бразил, Мексико и Аргентина како единствените Латино Американски земји кои имаат свои сателити во орбитата. Венецуела планира да ги продолжи истражувањата во идни сателитски проекти, но не специфицираше конкретно за каков вид на проекти има интерес.
Сателитот ќе биде набљудуван од новата Вселенска Институција во Венецуела, во која исто така ќе се приклучат и Кинески техничари.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Може ли да ми ја дадете сликата што машината која ја пуштиле да втре низ нашата планета(којк е ја даде + реп)!:kesa:








Ова ќе да е тоа што го збориш и тоа уствари “лабораторија“ за истражување на елементарните честички Cern Lhc .. блабла
Оф топик ...
ако ви текнува тие глупостите што збореа црна дупка ауу ќе испоцркаме .. ? :pos2:
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Сондата Касини сними два региони кои неодамна доживеале промена во бистрината. Со тоа всушност се потврдува присуство на вулкани на Титан, велат научниците. Меѓутоа наместо да исфрлаат стопени карпи - лава, од овие криовулкани протекува каша од воден мраз, амонијак и метан. Некои податоци укажуваат на тоа дека овие потоци од криолава можат да бидат и со дебелина до 200 метри.
„Криовулканизмот е процес кој многу луѓе го имаат емпириски докажано. Покажале и дека е можен во надворешниот дел на Сончевиот систем на објакти со големина на Титан“, вели Боб Нелсон (Bob Nelson) од JPL лабораторијата на НАСА. При раните надлетувања над Титан се забележани одредени форми на површината кои наведуваат на присуство на криовуклани, меѓутоа дебелата атмосфера што го опкружува овој малку поознат далечен свет ја отежнувала верификацијата на таквите форми.
Меѓутоа сега научниците кои работат на проектот Касини можат да посочат на промена на бистрината и рефлексноста на две различни локации во Титановиот екваторијален регион. Тие промени беа забележани во видливиот, но и во инфрацрвениот спектар со помош на Инфрацрвениот спектрометар на Касини (CIRS), при надлетувањата од јули 2004 до март 2006 година. Во еден од двата региони бистрината на површината се зголемила и останала повисока отколку очекуваното, додека во другите региони бистрината се зголемила меѓутоа по некое време се вратила на нормалното.
Радарот на Касини, кои може да пробие низ атмосферата за да ја мапира површината со мала резолуција, забележал чудни форми на две локации, кои на одредени места имаат дебелина од околу 200 метри. Инволвираните научници велат дека имаат докази за потоци од амонијак кои понекогаш се присутни на тие две локации и тоа само во периоди кога регионите биле активни. „Амонијакот е материјата која се содржи во Титановата внатрешност, меѓутоа присутен е и на површината“, објаснува д-р Нелсон. „Пронаоѓање на остатоци од амонијак на површината на привремени периоди јасно насочува на тоа дека материја од внатрешноста е транспортирана и расфрлана на површината.“
Научниците ја сакаат теоријата за криовулканите затоа што на тој начин се објаснува големото присуство на метан во атмосферата на Титан. Меѓутоа не сите научници се убедени во исправноста на оваа теорија. Планетарен геолог на НАСА, Џефри Мур (Jeffrey Moore), е помеѓу скептиците во тимот на мисијата Касини. „Облиците на потоци што можеме да ги видиме на површината може да се само замрзнати остатоци кои се разводенет од дожд од метан и транспортирани по удолнини и кривулестите патеки.“

 

Kajgana Shop

На врв Bottom