Прво, нит имаме пари нит услови да сместиме и раниме 20 илјади регрути. На тие треба на дневна основа да им дадеш 60 илјади оброци и 150 тони вода да пијат и да се истушираат. Треба да се сместат по касарни кои после Југославија се распаднати и продадени, треба по една функционална пушка бар да имаат, треба камиони да се превезуваат. Ние овие трупи што ги имаме кои се околу илјада души активно, секој ден јадат бајат леб и паштета и спијат на кревети од Југославија без греење по караулите, ти ми правиш муабет за масовна регрутација
Може да се изведе воена обука за поевтини пари, без спиење на регрутите. Дури и со викенд посета на касарните. Базична воена обука, ракување со оружје и обука во склоп на родот на единицата. А само еден дел да се земе за редовна војска. И Швајцарија нема војска ми се чини, ама има обука на населението.
Балканот се затвори како воено подрачје веќе 15 години. Поголемиот дел се интегрираше во ЕУ и НАТО, а останатите се на пат да го направат истото. Борбата сега е на маса со зборови а не во поле со оружје.
Ова ги искажуваш своите желби? Или ги гледаш работите со розеви очила? Војната СЕКОГАШ е реалност, насекаде во светот, но поблиска реалност е во Африка, блиски и среден исток, Балкан, а богами сега и Мала Азија. Што побргу го разберете тоа, тоа подобро за Македонија.
Клучни столбови на секоја држава и таму каде што Македонија треба да вложува се образованието и здравството, а не децата да учат учебници кај што се збори дека високото образование не носи ништо туку се користи од елитата да се одделат децата од пониските слоеви и да си носат греалки и завои од дома кога одат во болница. Тоа е нашата беда, а не што немаме мегаломанска армија.
Нашата беда е повеќекратна, но најголемата беда е што последните 15 години континуирано ни се разнишуваат безбедносните структури, и така со тек на време станавме аморфна маса без кичма, која ја витка и обликува кој како ќе стигне.
Па така почнаа и да ни го девалвираат образованието, како на пример ни е убацена и некаква образовна програма од Кембриџ, наменета за земји од Африка, кои немале никаков образовен систем.
Па така почнаа да отвараат фабрики (концентрациони логори), каде што робовите ги плаќаат онолку колку бедно да се прехранат, а државата го плаќа нивното осигурање и здравство. Значи робовладетелство спонзорирано од наши пари.
Е сега, да сака Македонија да ги затвори овие фабрики и да стави крај на експлоатацијата, една поголема компанија(или здружени неколку) може да изнајми платеници и да ни ја окупира државата, све во име на демократијата и човековите права.
А од друга страна не убедуваат (и кај тебе успеваат во тоа), дека 21 век би требало да значи дека нема војна, дека нема потреба од војски и чуда. Утопија.... Чисто онака да те запрашам, зошто САД не ја укине војската. Со тие пари што ги дава за војската, може сите гладни од светот да ги нарани. Башка должат 19,000 милијарди долари, за 20 тина години може да го исплати цел долг од парите на воениот буџет. Нели сме 21 век?
И на крај, ако е Балканот демилитализиран зошто Бугарија, Србија, Грција, Албанија па и Косово се стремат кон силни армии?