Надворешни односи на Македонија

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
На тебе перзонално требе да се обеснувам? На разпит сум? Смали малце ароганциjaта си,ако сакаш да дискутираш.
Нема ароганција, дедо ми е измачуван од блгарска војска 41', па и успешен бегалец од Касарните од Видин и ја треба сеа цвеќе да ти пратам.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.276
Поени од реакции
16.959
Балканот се затвори како воено подрачје веќе 15 години. Поголемиот дел се интегрираше во ЕУ и НАТО, а останатите се на пат да го направат истото. Борбата сега е на маса со зборови а не во поле со оружје.
Постојат одредени структури кои не би се согласиле со твоето тврдење. Многу прашања на Балканот не се решени, и се тоа што не е интрегрирано во ЕУ и НАТО е потенцијално воено жариште со голем коефициент за некое следно активирање, во поблиска или подалечна иднина. Јас не сум приврзаник и заговорник на евро-атлантските интеграции, иако сметам дека нивното следење е единствен гарант за траен мир и стабилност на Балканот. Башка што живееме во време на повторна поларизација на светскиот поредок и тенденција за нова поделба на светот на интересни зони, уште повеќе го зголемува ризикот и опасноста од воено искрснување во Босна, Косово, кај нас, за жал. Би сакал ти да си во право.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Нема ароганција, дедо ми е измачуван од блгарска војска 41', па и успешен бегалец од Касарните од Видин и ја треба сеа цвеќе да ти пратам.
И?
 

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
И тоа е ?
Да ни дадеш пример како сме го украли?
Ај сеа, те носам во Константинопол да увидиш кои се етнички граници на Македонија
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ај сеа, те носам во Константинопол да увидиш кои се етнички граници на Македонија
Глупости не ми се слушат. Ако имаш да кажеш нешто...повели,ако не...чували сме ги митовите и легендите.Препорачувам ти да читаш отоманските архиви за Македониja. Темава ако не се лажам е надворешни односи на Македониja.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.542
Поени од реакции
36.509
Постојат одредени структури кои не би се согласиле со твоето тврдење. Многу прашања на Балканот не се решени, и се тоа што не е интрегрирано во ЕУ и НАТО е потенцијално воено жариште со голем коефициент за некое следно активирање, во поблиска или подалечна иднина. Јас не сум приврзаник и заговорник на евро-атлантските интеграции, иако сметам дека нивното следење е единствен гарант за траен мир и стабилност на Балканот. Башка што живееме во време на повторна поларизација на светскиот поредок и тенденција за нова поделба на светот на интересни зони, уште повеќе го зголемува ризикот и опасноста од воено искрснување во Босна, Косово, кај нас, за жал. Би сакал ти да си во право.
Генерално оцената ми е базирана на тоа дека моментално поголемиот дел од Балканот е интегриран во ЕУ и НАТО додека останатите се со јасни насоки кон истата таа интеграција со исклучок на Србија и Српска кон НАТО.
Останатиот дел од Балканот цврсто се држи зауздан од страна на САД и делумно членки на ЕУ така да што не верувам дека би нешто би се променило со тоа.
Србија брза кон ЕУ и да ја зацврсти позицијата на Балканот. Нивното пријателство со Русија е повеќе куртоазно отколку реално. Свесни се и самите дека до посилна позиција може да дојдат само преку ЕУ, посебно во врска со Косово и идната разврска на тоа прашање.
Единствено можно жариште би рекол дека би било Босна, ама се тоа е повеќе би било спорадично отколку некој голем конфликт како порано.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прво, нит имаме пари нит услови да сместиме и раниме 20 илјади регрути.
Ало, реков чекор по чекор, бебешки. Услови може да се создадат, но треба време. И да се работи малце по малце. Парите не биле проблем никогаш, за далеку понебитни работи, па за ова да биле проблем .. работата е Владата да препознае дека има таква потреба.

Балканот се затвори како воено подрачје веќе 15 години.
Така вели си ти, ако ти помага да спиеш подобро навечер. Реалноста е поинаква.

[/quote]Клучни столбови на секоја држава и таму каде што Македонија треба да вложува се образованието и здравството[/quote]

Без безбедност и орган за заштита од странски непријателски фактори, тури му пепел на било какво образование и здравство, зошто ќе ги снема во еден покосен потег. Плус никој не вика дека не може да се работи напоредно и на тие полиња и на тоа што дискутираме.

Останатиот дел од Балканот цврсто се држи зауздан од страна на САД и делумно членки на ЕУ така да што не верувам дека би нешто би се променило со тоа.
Тие беа и позади не-дај-боже сценариото од 2001ва. А да тврдиш дека имањето узди од САД и ЕУ е нешто позитивно, треба да си навистина ... специјален случај.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.850
Поени од реакции
26.448
Прво, нит имаме пари нит услови да сместиме и раниме 20 илјади регрути. На тие треба на дневна основа да им дадеш 60 илјади оброци и 150 тони вода да пијат и да се истушираат. Треба да се сместат по касарни кои после Југославија се распаднати и продадени, треба по една функционална пушка бар да имаат, треба камиони да се превезуваат. Ние овие трупи што ги имаме кои се околу илјада души активно, секој ден јадат бајат леб и паштета и спијат на кревети од Југославија без греење по караулите, ти ми правиш муабет за масовна регрутација :гик:
Може да се изведе воена обука за поевтини пари, без спиење на регрутите. Дури и со викенд посета на касарните. Базична воена обука, ракување со оружје и обука во склоп на родот на единицата. А само еден дел да се земе за редовна војска. И Швајцарија нема војска ми се чини, ама има обука на населението.


Балканот се затвори како воено подрачје веќе 15 години. Поголемиот дел се интегрираше во ЕУ и НАТО, а останатите се на пат да го направат истото. Борбата сега е на маса со зборови а не во поле со оружје.
Ова ги искажуваш своите желби? Или ги гледаш работите со розеви очила? Војната СЕКОГАШ е реалност, насекаде во светот, но поблиска реалност е во Африка, блиски и среден исток, Балкан, а богами сега и Мала Азија. Што побргу го разберете тоа, тоа подобро за Македонија.


Клучни столбови на секоја држава и таму каде што Македонија треба да вложува се образованието и здравството, а не децата да учат учебници кај што се збори дека високото образование не носи ништо туку се користи од елитата да се одделат децата од пониските слоеви и да си носат греалки и завои од дома кога одат во болница. Тоа е нашата беда, а не што немаме мегаломанска армија.
Нашата беда е повеќекратна, но најголемата беда е што последните 15 години континуирано ни се разнишуваат безбедносните структури, и така со тек на време станавме аморфна маса без кичма, која ја витка и обликува кој како ќе стигне.

Па така почнаа и да ни го девалвираат образованието, како на пример ни е убацена и некаква образовна програма од Кембриџ, наменета за земји од Африка, кои немале никаков образовен систем.

Па така почнаа да отвараат фабрики (концентрациони логори), каде што робовите ги плаќаат онолку колку бедно да се прехранат, а државата го плаќа нивното осигурање и здравство. Значи робовладетелство спонзорирано од наши пари.

Е сега, да сака Македонија да ги затвори овие фабрики и да стави крај на експлоатацијата, една поголема компанија(или здружени неколку) може да изнајми платеници и да ни ја окупира државата, све во име на демократијата и човековите права.

А од друга страна не убедуваат (и кај тебе успеваат во тоа), дека 21 век би требало да значи дека нема војна, дека нема потреба од војски и чуда. Утопија.... Чисто онака да те запрашам, зошто САД не ја укине војската. Со тие пари што ги дава за војската, може сите гладни од светот да ги нарани. Башка должат 19,000 милијарди долари, за 20 тина години може да го исплати цел долг од парите на воениот буџет. Нели сме 21 век?

И на крај, ако е Балканот демилитализиран зошто Бугарија, Србија, Грција, Албанија па и Косово се стремат кон силни армии?
 
W

wicked_1

Гостин
Генерално оцената ми е базирана на тоа дека моментално поголемиот дел од Балканот е интегриран во ЕУ и НАТО додека останатите се со јасни насоки кон истата таа интеграција со исклучок на Србија и Српска кон НАТО.
Останатиот дел од Балканот цврсто се држи зауздан од страна на САД и делумно членки на ЕУ така да што не верувам дека би нешто би се променило со тоа.
Србија брза кон ЕУ и да ја зацврсти позицијата на Балканот. Нивното пријателство со Русија е повеќе куртоазно отколку реално. Свесни се и самите дека до посилна позиција може да дојдат само преку ЕУ, посебно во врска со Косово и идната разврска на тоа прашање.
Единствено можно жариште би рекол дека би било Босна, ама се тоа е повеќе би било спорадично отколку некој голем конфликт како порано.
Последна држава од од балканот што се водеше на форумски демагогии беше Србија, и тие како и 70% овдека мислеа дека мајка Русија е правиот пат и дека истава ќе стои на братска линија позади лудориите на Милошевиќ и неговите идеи за чиста голема држава, за на крај баш тие да аминуваат бомбардирања.

Кон источната страна ќе проба да се ориентира секој лудак кој ќе се дојде до позиција и моќ а кој ќе се измори од почитување на основните начела на "демократската" држава, ништо чудно понатака да има нови вакви ликови.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.542
Поени од реакции
36.509
Ало, реков чекор по чекор, бебешки. Услови може да се создадат, но треба време. И да се работи малце по малце. Парите не биле проблем никогаш, за далеку понебитни работи, па за ова да биле проблем .. работата е Владата да препознае дека има таква потреба.



Така вели си ти, ако ти помага да спиеш подобро навечер. Реалноста е поинаква.
Клучни столбови на секоја држава и таму каде што Македонија треба да вложува се образованието и здравството[/quote]

Без безбедност и орган за заштита од странски непријателски фактори, тури му пепел на било какво образование и здравство, зошто ќе ги снема во еден покосен потег. Плус никој не вика дека не може да се работи напоредно и на тие полиња и на тоа што дискутираме.



Тие беа и позади не-дај-боже сценариото од 2001ва. А да тврдиш дека имањето узди од САД и ЕУ е нешто позитивно, треба да си навистина ... специјален случај.[/quote]

Напротив, треба да си специјален случај да тврдиш дека да не си партнер со ЕУ и САД е позитивно. Може би требало да бидеме стратешки партнери со Русија, Кина и Индија, земји илјадници километри далеку и што не се ни во Европа.[DOUBLEPOST=1458310775][/DOUBLEPOST]
Може да се изведе воена обука за поевтини пари, без спиење на регрутите. Дури и со викенд посета на касарните. Базична воена обука, ракување со оружје и обука во склоп на родот на единицата. А само еден дел да се земе за редовна војска. И Швајцарија нема војска ми се чини, ама има обука на населението.



Ова ги искажуваш своите желби? Или ги гледаш работите со розеви очила? Војната СЕКОГАШ е реалност, насекаде во светот, но поблиска реалност е во Африка, блиски и среден исток, Балкан, а богами сега и Мала Азија. Што побргу го разберете тоа, тоа подобро за Македонија.



Нашата беда е повеќекратна, но најголемата беда е што последните 15 години континуирано ни се разнишуваат безбедносните структури, и така со тек на време станавме аморфна маса без кичма, која ја витка и обликува кој како ќе стигне.

Па така почнаа и да ни го девалвираат образованието, како на пример ни е убацена и некаква образовна програма од Кембриџ, наменета за земји од Африка, кои немале никаков образовен систем.

Па така почнаа да отвараат фабрики (концентрациони логори), каде што робовите ги плаќаат онолку колку бедно да се прехранат, а државата го плаќа нивното осигурање и здравство. Значи робовладетелство спонзорирано од наши пари.

Е сега, да сака Македонија да ги затвори овие фабрики и да стави крај на експлоатацијата, една поголема компанија(или здружени неколку) може да изнајми платеници и да ни ја окупира државата, све во име на демократијата и човековите права.

А од друга страна не убедуваат (и кај тебе успеваат во тоа), дека 21 век би требало да значи дека нема војна, дека нема потреба од војски и чуда. Утопија.... Чисто онака да те запрашам, зошто САД не ја укине војската. Со тие пари што ги дава за војската, може сите гладни од светот да ги нарани. Башка должат 19,000 милијарди долари, за 20 тина години може да го исплати цел долг од парите на воениот буџет. Нели сме 21 век?

И на крај, ако е Балканот демилитализиран зошто Бугарија, Србија, Грција, Албанија па и Косово се стремат кон силни армии?
Ја се сложувам со тебе дека убаво е да се има воена обука, но реалноста е едно а желбите се друго.

Македонија има потреба од неколку полкови на високо обучени професионални војници кои што ќе ја завршат својата работа брзо и ефективно како и добра авијација. Тоа за нас е сосема доволно за одбрана на државата. Тие обучени специјалци вредат многу повеќе отолку илјадници воени регрути со основно воено образование, за кои што чини многу да се образоваат а мал е ефектот. Генерално подобро парите да се вложат во еден полк волци целосно спремни, обучени и опремени отколку да се градат касарни да се носат регрути кои што ќе добијат едвај основно познавање на воената наука. Помина времето на бројчана надмоќност, сега 200 обучени војници чистат илјадници регрути.

Друго на Балканот освен спорадични конфликтни ситуации, војни од типот на таа граѓанска војна во Југославија не се можни зошто веќе стратешки сите сме на истата страна. Борбата ќе се води на маса во Брисел и тој што прв ќе си фати столче таму е во подобра позиција. Класичен пример за тоа ти е Бугарија, Словенија па и Хрватска каде што нивната моќ нема никаква врска со војската туку со нивното членство во тие организации и позицијата да добибаат пари поставуваат услови.
Тоа веќе и Србија го сфати и брза да се приклучи кон ЕУ.

Земји како Америка, Русија и Кина и сличните на нив не треба да се земаат во обзир. Посебно Америка, војската за нив е инструмент за спроведување на меѓународна политика таму каде што дипломатскиот збор не поминува. Тие земји имаат други приоритети и други интереси кои што се разликуваат многу од нашите. Да постоеше денес Југославија сега за други приоритети ќе зборевме.

За крај, не знам од каде информацијата дека сите Балкански држави се стремат за силни армии. За пример Бугарската брои некои 40 илјади редовна војска и никој на Балканот освен Грција нема редовна војска и регрутирање.
И Грција дополнително усвои еден куп одредби за исклучок на редовната војска и замена со цивилна служба. Ниту процентот на регрутација не им е висок поради сите исклучоци.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.009
Поени од реакции
16.085

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Напротив, треба да си специјален случај да тврдиш дека да не си партнер со ЕУ и САД е позитивно. Може би требало да бидеме стратешки партнери со Русија, Кина и Индија, земји илјадници километри далеку и што не се ни во Европа.
Негде реков дека со BRICS треба да садиме тикви? Не ни требаат големи играчи, ако имаме доволно помали играчи како таканаречени стратешки партнери. Направивме беља со Србија и признанието на Косово, дали што под притисок/закани, дали што од гнев кон непризнавањето на Православната Црква, важно ја исековме последната гранка, на која можеби, можеби, ќе можевме малку да се потпреме. Сега само со будни очи насекаде ќе се вртиме. Од околу кои ги имаме? Бугарија со вечната филозофија проткајана низ политика водена од мантрата - "еден народ, две држави", Грција која попрво ќе се самоуништи отколку да се обиде или дури биде присилена да создаде добрососедски односи (да не збориме покомплексни прашања) и Албанија и нејзиниот двоглав тумор израсток на север кој ја контролира како сака и кога сака (делум и нас), и на кој меѓу други и ние му подаривме свое уставно име да има. Хрватска многу јасно има ставено дека многу ја гајле за Македонија. Босна да не ќе ни пружи рака? Може за да и ја бакнеме, за друго не. Може на Ердоган некоја кошница овошје треба да му пратиме? Да беше партија шах ова, ќе изгледаше дека некој намерно жртвува фигури за да го остави кралот сам без заштита.

За голем дел од грешкиве не треба САД и ЕУ да ги кривиме, сами сме криви. Само им ја олеснивме работата. И да, не треба да бидеме партнер на ЕУ и САД. Историјата има широкобјна палета на примери што се случува со партнерите нивни, кога нема веќе да им бидат од корист или станале повеќе пречка отколку партнер. Особено САД. Побогу, само ЕУ глеј што стратегија ни води во сопствена, набожем суверена држава. Да не збориме ако сериозно засука ракави САД што ќе се случи. А кога те сметаат за домашен терен, иде приказната за мажот пијаница и жената домаќинка која изиграва part-time вреќа за боксирање. Уште тоа фали, да се побратимиме со мистер Сем. Не знам кој те плаќа да ги шириш пропагандниве бљувотини на форум, ама не те плаќа доволно дебело изгледа, затоа што аргументиве ти се за нигде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom