Нов и надополнет Правопис на македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
А демек го заболе некого за нормата...Таман си е тиражот, цената е превисока...
Како може тиражот да е тамаМ, кога севкупно соберени преведувачи, толкувачи и лектори има преку 20.000.

За цената немам коментар, 1500 денари за книжулево да дадам, срце ќе ме стрефи. Додека не се намали цената на пристојни 200 денари, јас, а верувам и многу други ќе се водат по стариот правопис.

И сериозно, која будала ги смисли Кинезинка, Иркинка и Данкинка? Не беше доволно јасно со Кинеска, Ирка и Данка? :boksix:
 
И сериозно, која будала ги смисли Кинезинка, Иркинка и Данкинка? Не беше доволно јасно со Кинеска, Ирка и Данка? :boksix:
А зошто кинеска би била правилно, викаме француска или французинка? За другиве можеби за да се избегне Њ што некои ја користат, иркиња данкиња.
 
А зошто кинеска би била правилно, викаме француска или французинка? За другиве можеби за да се избегне Њ што некои ја користат, иркиња данкиња.
Логиката за вадење на „њ“ - двокотачно меѓуножно дупетрескало кај хрватите.

Мислам нема што повеќе да не` разликува нас од србите со тоа што нашата граматика содржи членување додека кај србите има падеж. Башка сосема доволно е сменет вокабуларот во последниве 20 години од нашава независност, така што секое ново измислено правило за „демек“ одделување од српскиот јазик е сосема беспотребно.
 
Како може тиражот да е тамаМ, кога севкупно соберени преведувачи, толкувачи и лектори има преку 20.000.
Објаснив на кој коментар се надоврзувам. Фати контекст малку пред да се затрчаш.
 
Кинеска ептен неправилно ми звучеше, повеќе како придавка делува (кинеска роба, кинески ресторан и сл.) ама па Кинезинка? xDDD
 
Не мора да биде бесплатен, ама барем да има некоја посимболична цена. 1500 денари е премногу. Плус 500 примероци? Сериозно? Се надевам дека овој тираж е само за промотивни цели и дека ќе испечатат повеќе.

И потоа ќе се чудиме зошто новите генерации пишуваат така како што пишуваат. И ќе се чудиме како уште постојат луѓе кои пишуваат „сВаќа“.
 
Кинеска ептен неправилно ми звучеше, повеќе како придавка делува (кинеска роба, кинески ресторан и сл.) ама па Кинезинка? xDDD
„Делува“ не е прифатен од нормата. „Изгледа“ ти треба.
 
А зошто кинеска би била правилно, викаме француска или французинка? За другиве можеби за да се избегне Њ што некои ја користат, иркиња данкиња.
А зошто да се оди по Французинка? Демек сега треба да викаме и Бугаринка и Македонинка и Словенинка? Премногу се комплицираат работи кои се и онака прифатени и лесни, а не се менуваат работи кои прават забуни. И потоа не сме си го познавале јазикот? :tapp:

А за другиве Њ ништо не им смета туку суфиксот -иња кој не постои во нашиот јазик како суфикс за жителка на држава, туку за множина на именки од среден род - мачИЊА. Мада пак не гледам причина да се комплицира од едноставното Ирка и Данка во Иркинка и Данкинка. А во разговорен пак ќе го слушаш ко Иркињка и Данкињка. :icon_mrgr:
Објаснив на кој коментар се надоврзувам. Фати контекст малку пред да се затрчаш.
Извини рибо, на што се надоврзуваше? Зашто во твојов пост ништо паметно не прочитав. Го заболело некого нормата? Да, на тие 20.000 што заработуваат од тоа. :ban:
 
Извини рибо, на што се надоврзуваше? Зашто во твојов пост ништо паметно не прочитав. Го заболело некого нормата? Да, на тие 20.000 што заработуваат од тоа. :ban:
Нема што да ми се извинуваш, прашај и ќе ти одговорам. Не зборував за луѓето чијшто работен ангажман е врзан со тоа, туку за луѓето кои сакаат да пишуваат правилно и да ги знаат стандардните јазични норми чисто од почит кон сопствениот јазик.[DOUBLEPOST=1456331942][/DOUBLEPOST]
А зошто да се оди по Французинка? Демек сега треба да викаме и Бугаринка и Македонинка и Словенинка?
Ахх...:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Последно уредено:
А како е правилно Иран или Ирак? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom