Имаме некој чуден фетиш да ги прифаќаме само лошите работи од странство. Дури и овие најблиските, Србите, прават обратно од нас. На прв поглед ќе речеш слично е оти гледаш српска забава, доаѓа „Јовано Јованке“ или друга македонска традиционална песна и овие „паѓаат у несвест“.
Ама проблемот е што не е исто. Зошто? Затоа што они од нас го земаат најквалитетното. Они се палат на македонската традиционална музика, не на модерниот турбо шунд како што овде ние се палиме на нивниот.
Од најаматерски до најкомерцијални артисти, они од овде го бираат најдоброто за слушање. Не беше за џабе Тоше почитуван во регионов повеќе отколку дома, не за џабе тоа моментално се случува со Каролина, Калиопи... порано со Леб и Сол, Анастасија, Синтезис, Архангел, Фолтин... Може се и тие најпознати по турбофолкот, ама имаат умешност да ги приберат поквалитетните работи од страна, а не што годе било.
Но секако, покрај тоа си го бранат своето и почитуваат. Ние сме обратното. Не го почитуваме и тоа малку што вреди од кај нас и тоа не врз судење на квалитетот во професијата која ја имаат, него ради триста глупи споредни работи.
Па затоа за нас Карлоина и Калиопи не чинеле оти пееле на партиски митинзи. Абе во ред, ама како тоа ги прави лоши пејачки, како? Елтон Џон и Кејти Пери во моментов пеат во изборната кампања во САД, али никој ради тоа не им ги замерил вокалните способности.
Деновиве беше актуелно во врска со Дуке Бојаџиев, па некој рандом wannabe авангарден музичар чие најголемо достигнување ќе биде свирка пред 35 наркомани, се осмелува да кења за музичар кој успеал да се пробие во факинг Њујорк и во факинг Менхетен успеал да го наполни факинг Карнеги Хол. Абе ооооо, кој си ти? Наместо да се восхитувате и да сакате да го постигнете и вие тоа, вие да му уре козата на комшијата.
Или па Лешоски коа хејташе. Којјј си бе ти, ооо? Па она што он го нарекува „поетска песна“, јас можам да го напишам за 5 минути, значи јас, кој било значи. И такви сеа ќе судат некои кои оставаат права уметничка вредност. И најлошото, народот ќе мисли дека се у право.
Како дојдовме до тоа дереџе да имаме лажни идоли, да се дивиме на рандом ликови кои измислуваат дека се десило нешто во некој ресторан за да привлечат внимание.
Лично многу ми е мило вака кога некој од вукојебинава ко Дуке Бојаџиев (eве ме потсетија и Џамбо Агушев и Исмаил Лумановски), постанал знаен ради талентот кој го има и го добива заслуженото. Ама за жал нашава раја се повеќе се затупува и гледа да се восхитува на безначајни работи а да си го искења тоа што вреди од кај нас. Никад нема да не биде штом така се понашаме.