За човек кој толку прати НБА пишуваш чудни работи. Да не ме сфатиш погрешно, не сакам да те навредам или нешто слично, ама имаш неколку неточни работи во постов.
1. Зошто Лејкерс да не може да има шампионски тим следната или годината после неа, него за 4-5 години? Мајами како направи со Вејд, Џејмс, Бош и уште пола екипа? Дојде Леброн, а по него и 80% од останатите играчи и одма играа финале. Не е проблем за градење тим, имаат веќе неколку одлични играчи, ете пример ако дојде КД одма ќе почне да се лепат и други подобри кошаркари, а не Сакревци и компанија.
2. Како тоа 25 од 29 тимови може да му понудат исто на Дурант? Шарлот може ли исто да му понуди како и Лејкерс? Минесота? Феникс? Пак тука доаѓа до израз големината на Лос Анџелес како град и како франшиза. Брат верувај не е исто кога ќе те побара Лејкерс и кога ќе те побара Портланд. Исто како Барса и Реал да те побараат во фудбал, а ти да речеш не бе фала ќе си играм за Евертон.
3. Пак погрешно поимуваш некои работи. Си пишал ако сака титули ГСВ, ако сака слава Њу Јорк, бла бла. Па во Лејкерс зошто ќе дојде, јагоди да бере? По се од горенаведеното ќе дојде. Ја сум 100% убеден дека после повредата на Коби намерно танкаа Лејкерси се со цел кога ќе оди во пензија да си имаат насобрано 1-2 добри пикови и да имаат големо место во селари кепот и да можат да донесат некој како КД.
4. Значи јас не викам дека со сигурност КД ќе дојде во ЛА, не сум во управа па да знам што ќе направат, ама мислам дека горенаведените тврдења ти се апла неточни. Како и да ја вртиш Лос Анџелес е буквално сон на 99% од кошаркарите и секој би искинал гз за да игра во Лејкерс. Сега кога Коби ќе отиде во пензија ќе има отворено место за било која ѕвезда од НБА да стане нова легенда на Лејкерси.
Мене ме изнервираа што му дадоа голем договор на Хиберт, да му ебам тоа дрвото недоделкано.