НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Na kolku godini mu dadoa dogovor na Hibert ?
Ете пиша сангоку на 1 година, ја истрипав нешо со 3 години дека му е, мај фолт. Ете уште една добра работа, веројатно и он ќе лета, дај го Дурант и еден од младиве јаки центри, Окафор, Ембид курац палац + пикот што ќе го земат и дајте ГСВ да се играмо хехе
 
Ете пиша сангоку на 1 година, ја истрипав нешо со 3 години дека му е, мај фолт. Ете уште една добра работа, веројатно и он ќе лета, дај го Дурант и еден од младиве јаки центри, Окафор, Ембид курац палац + пикот што ќе го земат и дајте ГСВ да се играмо хехе
prvo keljavicata na klupa treba da go nogiraat, pa posle neka mislat koi igrachi da gi donesat..so Skotot na klupa ni plejof nema da vidat..
 
CaaMwchVIAAQoVr.jpg:large

CaaMULaUsAANqcs.jpg


Бош :motorce:
 
За човек кој толку прати НБА пишуваш чудни работи. Да не ме сфатиш погрешно, не сакам да те навредам или нешто слично, ама имаш неколку неточни работи во постов.

1. Зошто Лејкерс да не може да има шампионски тим следната или годината после неа, него за 4-5 години? Мајами како направи со Вејд, Џејмс, Бош и уште пола екипа? Дојде Леброн, а по него и 80% од останатите играчи и одма играа финале. Не е проблем за градење тим, имаат веќе неколку одлични играчи, ете пример ако дојде КД одма ќе почне да се лепат и други подобри кошаркари, а не Сакревци и компанија.

2. Како тоа 25 од 29 тимови може да му понудат исто на Дурант? Шарлот може ли исто да му понуди како и Лејкерс? Минесота? Феникс? Пак тука доаѓа до израз големината на Лос Анџелес како град и како франшиза. Брат верувај не е исто кога ќе те побара Лејкерс и кога ќе те побара Портланд. Исто како Барса и Реал да те побараат во фудбал, а ти да речеш не бе фала ќе си играм за Евертон.

3. Пак погрешно поимуваш некои работи. Си пишал ако сака титули ГСВ, ако сака слава Њу Јорк, бла бла. Па во Лејкерс зошто ќе дојде, јагоди да бере? По се од горенаведеното ќе дојде. Ја сум 100% убеден дека после повредата на Коби намерно танкаа Лејкерси се со цел кога ќе оди во пензија да си имаат насобрано 1-2 добри пикови и да имаат големо место во селари кепот и да можат да донесат некој како КД.

4. Значи јас не викам дека со сигурност КД ќе дојде во ЛА, не сум во управа па да знам што ќе направат, ама мислам дека горенаведените тврдења ти се апла неточни. Како и да ја вртиш Лос Анџелес е буквално сон на 99% од кошаркарите и секој би искинал гз за да игра во Лејкерс. Сега кога Коби ќе отиде во пензија ќе има отворено место за било која ѕвезда од НБА да стане нова легенда на Лејкерси.

Мене ме изнервираа што му дадоа голем договор на Хиберт, да му ебам тоа дрвото недоделкано.

Ајде вака, мислам дека сфаќам во што не се разбираме:

Кое е твоето мислење за летото 2015та на Лејкерс и Њујорк и зошто мислиш дека поминаа онака како што поминаа?

Тука лежи суштината на она што се обидувам да го објаснам. Не е муабетот дали е теоретски возможно Лејкерс да направат јака екипа. Теоретски апсолутно возможно е. Но (барем според мене) не е реално, затоа што во било кој аспект има други екипи кои можат на слободните агенти да им понудат повеќе отколку самите Лејкерс. Не случајно минатото лето минаа онака како што минаа - се убија од филмови правење цела сезона Lebron, Love, Aldridge, Wade и кој се уште не, за на крај кога дојде летото повеќето "ѕвезди" да не сакаат ни на маса да седнат со нив.

Го спомна Мајами кој заради милион причини е исклучок а не правило но и Мајами, можеше да го направи она што го направи затоа што веќе го имаше Вејд. Тоа е суштината на сите овие премини на суперѕвезди од еден во друг тим. Ако веќе нема една суперѕвезда во тимот, не сакаат ни да слушнат за премин во нивната екипа, без разлика каде се наоѓа екипата.

Еве уште едно прашање: Која суперѕвезда во периодот на сериозна глобализација (заради што играњето во голем пазар нема таква финансиска придобивка како порано) - значи пред се последните 10 години преминала во друга екипа без претходно да имало друга суперѕвезда во самата екипа?

Поправете ме ако грешам, вистински таков пример нема. Ниту еден. Единствен полуисклучок е Мело (затоа и го спомнав). Полуисклучок, затоа што Мело беше трејдан а не премина како слободен агент, но потенцијлно најавуваше такви амбиции. А Мело да се разбереме е многу поразличен карактер во однос на Дурант и цела НБА знае дека жена му Лала имаше огромна улога во таа желба да се премине во Њујорк.

П.С. Се ова е пред воопшто да стигнеме до фактот дека финансиски на сите играчи убедливо најмногу им се исплаќа да останат во екипата во која се по последниот колективен договор.
 
Последно уредено:
На Скилс Челинџ Казнс и Таунс, на тројки Бош. Уште Џеј Џеј Бареа на забивањава фали да е комплетна сликата.
Скилс Челинџ ќе биди променет, нешто налик на Х.О.Р.С.Е треба да биди. Нема шанси Казнс и Таунс да се натпреваруваат во полигон.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom