„Они се луѓе кои гледаат ствари по форма, а не по суштина„- Oтрпилика во оваа реченица не се согласувам ич со цитатот. Би ги сменил местата на формата со суштината, барем за мене, што впрочем лесно може да се види дека на прво место ја ставам пред се останато во коментарите наназад, за впечатокот кој си го добил од другите не се мешам.
(или ако се цитирам наназад
евтини идеи и приказни на режисери реализирани со добра технологија) Тоа евтино по мој вкус и светоглед нели го рангирам (како и ти и секој друг, кој рангира) и малку апсурдно би било да ми речиш брат не го конташ уметничкото во Guardians of Galaxy, не се тоа само нашминкани створења кои тресат зелени и се тепаат, тие се обединети против вориорот кој му мисли зло на универзумот, и сакаат да го спречат, да не успее во намерата

. Мене таа идеја ете ми е тиња како идеја, површна и глупава, и искуството како искуство кое го извлегов после гледање на филмот од аспект на двете категории околку кои кружиме, ми остави впечаток на некаква празнина и недоволност.
Кога спомна Пиксар, грев ќе ми пишат ако кажам дека Wall-e е срање и не пренесува порака, и не му ја бива суштината и покрај тоа што е анимиран. По твојава логика јас треба да речам, срање е оти е анимиран, крај на муабетот
Тие се две работи кои одат една со друга, и убав филм е кога ќе се направи еден фин баланс меѓу двете оставајќи впечаток на една силна комплетност.
И отприлика коментарот ти оди во насока на формата, што секако држи свое место и логика, со која се опфаќа одредена таргет група која си ја опишал и ок е тоа, ќе се согласам. И јас познавам такви, особено помлади лица до 20 години кои учат по модели и се огледуваат на некој повозрасен „идол". Ако имаше намера ме поттикниш да се пронајдам во нештото не се пронајдов од причина погоре што опишав

Обидувајќи се да го прошириш и растегниш поимот за уметност преку туркање на бариери, предрасуди и стереотипи, по малку постави и нови, преку еден вид инверзија.
Можи тука да се направи една паралела околу формата и суштината на уметничко дело, преку романтичарите и рационализмот на просветителството. Кај романтичарите централната порака е дека формата и содржината на уметничкото дело треба да ги одреди фантазијата на поединецот, став кој е спротивен на рационализмот и просветителството. Плус овие првиве го напаѓале научниот рационализам дека ги задушувал емоциите и ја занемарувал креативноста. Така и тука некако. И тука некаде е недвоумицата, дали ќе прифатиме дека уметност има во секој вид експресија која никнува од „внатрешното" на режисерот, или ќе натежнуваме накај едното или накај другото.
И да не ја тупиме во темава да му досадуваме на другите, можиме и во приватни пораки да се префрлиме, оти вот ќе се налути и ќе речи, ми ја спустивте темата со срањеници.