И наградата за најчуден филм на годината оди кај Under the Silver Lake. Побизарно нешто немам гледано одамна. Ова е баш на средина на тенката линија меѓу генијалното и глупоста. Уште не можам да сфатам дали е експериментален филм во кој режисерот (некое детиште, режисерот на It Follows) бил баш со намера да ги опфати сите можни жанрови, или пак е филм кој не може да се одлучи што сака да биде. @wot , многу сакам да прочитам твое мислење за филмов, please гледај го што поскоро.
Инаку, иако имаше премиера на еден од големите фестивали, во Кан, мислам, ако не сум грешка, и еве, дури и излезе WEB-DL снимка, сепак, кино премиера во САД ќе има дури на 19 април 2019, со што нема право да се натпреварува на ниту едни награди таму - ни за Оскар, ни за Глобус, ни за ништо. Тоа е па уште почудно и побизарно од самиот филм.
Ова ќе е најголемиот hate it or love it на 2018, се кладам!