Не тврдам ништо. За бетмените потенцирав дека можи да се гледаат и подлабински пошто зад маските имаат и друга поента. Настрана одличната глума која можеме да ја забележиме, со акцент пример на џокерот од Леџер. Она што јас го кажувам е тоа што јас го сакам. За мене најдобрите филмови биле оние во кои не се користеле прекумерни ефекти и вештачки креации. Дури и имаше изјава еве кога го спомнавме Херцог (ме мрзи да ја барам) ќе парафразирам-Дека камерата е најдобриот „инструмент" со кој може да се изкаже еден режисер. ДЕка истата е сосема доволна и дека не треба да се губи нејзиниот благодет и да се заменува со дополнително замрсување. Ме разбираш? Јас сум љубител на тоа и сум со таа мисла. Во омилените филмови и немало некои ефекти и замачкувања, колку што суштината била директно пренесена со добри реплики, камера, глума.
Јас не замерувам што користат авторите, нивна работа и интерес. Ако некој решил да му се продава филмот и ако нашол формула со која опфаќа широка таргет група, нека тера и нека снима и нека става ефекти и се со ред. Но мој впечаток е дека во име на развојот на технологијата, се занемари компонентата во филмската уметност за која напишав во пасусот погоре. Во ред е сето тоа да се користи напредокот на технологијата, но да не остане жртва оваа другата страна. Тој е мој впечаток. Еве ќе го земам Интерстелар, имаш во него технологија, ама истиот пробува да продаде некоја идеја, ја запазува и другава страна, пример развива и пласира теорија за функционирање на универзумот, црните дупки, што по 20-30 години може да биде револуционрна, авангардна.
Мој општ впечаток да сумирам е дека, во име на технологијата се запоставува другата страна на филмската уметност и се оди строго на штанцање и продажба на евтини идеи на огромна маса на луѓе. И тука некаде се јавува мојот „револт" макар шо нема ни Р од револт. Искрено ме боли онаквото што гледаат луѓето, од цел океан филмови ќе си најдам нешто по мој вкус нели. Сега појасен сум веројатно?