Дечки ми треба помош од вас.
Живеам во куќа стара околу 40 год без изолација и со стара столарија (не е пвц).
Користиме еден спрат кој се состои од36 м2 дневна и две спални од по 12 м2 кои ги грееме со парно на дрва. Во дневната соба ни стои каминот кој незнам која марка е , купен е одамна,кој шири минимално топлина и имаме плус 3 радијатора, 1 радиатор е долг 1,40 м, и 2 радијатора по 1,20 м. Во спалните има по 1 радијатор од 1,20 м.
Цевките се алупласт и ако надмине температура на вода над 65 -70 степени омекнуваат.
Сега сакаме да го замениме со шпорет за парно Алфа Плам 90 HLBE, дали овој шпорет би можел да ги загрее повеке просториите, шпоретот има јачина 12.5 kw, од кои 5 kw зрачи самиот шпорет (дали овој шпорет заедно со 4 метри радијатори би загреал 36 квадрати?)
Со мометалниот камин спаллните воопшто не ги топлиме бидејки неможе да постигне да крене температура и воедно троши многу дрва.
Ве молам за совет и ваше мислење.
Воедно ме интересира дали некој има искуство со Копер шпоретите за парно, доста се поевтини од Алфа Плам, како за споредба овој Алфа плам 90 кој планираме да го купиме нов е 44000 ден а со дупло повеке kw од Копер се по 20000 ден мах 30000 ден, во што е штосот?
Моите имаа предходно обичен Алфа плам кој го користевме на долниот спрат од куќата без парно и се прилично задоволни па затоа инсистираат да купиме ист таков за парно, јас сум прилично скептична и сметам дека сигурно Копер не се толку лоши штом ги извезуваат и штом имаат толку опсежни спецификации.
Ги читав вашите мислења, и гледам дека има доста добри соговорници кои се разбираат на темава затоа и ве молам да ме оправите и мене.
Благодарам однапред!