Хоуп
ümid edirəm
Види па јас тука обратно мислам. Дали бил сончев, врнежлив, напнат или депресивен ден и независно од расположение, вкусот е тој, филмовите се тие, ти се допаѓаат или не, без разлика со кој си, каде си и како се осеќаш... Нема категории на филмови што си ги гледаш кога си болен, кога си сам, кога си кај баба ти или на работа, има филмови што ти се допаднале или не.Пф, не бе. Има филмоЈ и филмоЈ, ко шо има музика и музика. Пример ако сакам за одмор, пуштам некоја акустика фолк, ако сакам да се заситам салам од музика пуштам Radiohead се разбира. Така и во филмојте, зависи за шо намена ТИ (ова е клучно за личноста) се и моментот. Ако сакам да отепам време и да одморам можам да глем ете Бетмен пример (не дека е лош, можи да се гледа и подлабински, и да се поврзи со сета човечка хипокризија пример). АКо сакам да „бидам друг чоек" а по то подразбирам, макар и најминимално преиспитување на одреден став и гледиште, поттикнат од филмот, че си глем нешто друго. Обично така некако ја замислувам филмската уметност, да ти разбранува нешто, да ти набија негативна или позитивна енергија, да те замисли за нешЧо, да ти прошири видик, да не бидиш истиот од претходно, ко си го немал искуството шо ти го пружил филмот! А со Бетмени, Спајдрмени и останата багра вештачко креирани творења со помош на програми за анимации, дизајни и слични курци, то барање нема да го постигнам. Ова важи за мене, шо не мора да важи и за вас ко шо реков и претходно
Така да, ок се за тепање време. За фасцинирање, зараза и воздигнување, јок, не се.
И не велам за тебе, ама имам заприметено дека луѓето почнаа да се губат себеси со сите тие јавни рецензии и оцени за филмовите, па толку изгубиле осет за саморасудување и затоа се тие абе го гледам онака некогаш да се опуштам, лесно филмче е.. Не, го сакаш, ама страв ти е да не те исплукаат зошто пример има оцена 5 на имдб или некој самопрогласен филмски критичар рекол дека филмот е срање, нема у од уметност, не пренесува никаква порака и слично.
Јас лично, почитувам секакво мислење, ама само откако ќе му се даде шанса на филмот, онака лагано да се изгледа без предрасуди и најбитно се до последната минута. До крај.
После вади си заклучоци колку сакаш, имаш право...



